fbpx
Таг: возраст

таг: возраст

Со нов закон, Јужнокорејците станаа помлади за една или две години

Граѓаните на Јужна Кореја станаа помлади за една или две години откако нов закон во земјата ги усогласи со меѓународните стандарди двата традиционални методи според кои досега се сметаше возраста, пренесува Би-би-си. Новиот закон го укинува традиционалниот систем според кој Јужнокорејците имаат една година уште кога ќе се родат, притоа сметајќи го времето што го поминале во утробата. Според другиот метод,...

Дискриминација при вработување: Ме одбија за работа поради физичкиот изглед

„Мета“ ја пренесува статијата на „Вистиномер“ за дискриминацијата при вработување во земјава: Дискриминацијата при вработување по основа на род, возраст, етничка припадност, раса, личниот статус, боја на кожата или јазик сè уште опстојува во земјава, нешто што за „Вистиномер“ го тврдат и невладини организации, но и лица кои се соочиле со овој проблем – да не бидат примени на работно...

Брисел бара единство, европските влади поделени околу ограничувањата на употребата на Астра Зенека

По вчерашната проценка на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината Астра Зенека во многу ретки случаи може да предизвика згрутчувања на крвта кај лицата што ја примиле, министрите за здравство на ЕУ одржаа вонредна виртуелна средба на која не се договорија да изготвуват заеднички упатства за употреба на оваа вакцина. Во меѓувреме, Шпанија го ограничи користењето на вакцината...

Петта година по ред се намалува бројот на родени деца, мајките раѓаат сè подоцна во животот

Во Македонија лани се родиле најмал број на живородени деца за периодот од 1994 до 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со 19.845 живородени деца, во 2019 година било забележано намалување за 7 отсто кај бројот на живородени деца во однос на претходната година. Ваквите загрижувачки бројки за наталитетот во земјава се повторуваат веќе петта година...

За половина намален бројот на заболени од грип

Во текот на третата недела од јануари, пријавени се 2.417 новозаболени лица од грип, што претставува намалување од 55,8 проценти во споредба со втората недела (од 9 до 15 јануари), кога беа пријавени 5.472 случаи, информира Институтот за јавно здравје за состојбата со грипот до 22 јануари. Во истиот период, бројот на регистрирани случаи кај децата до 14 години е намален...

Почина пејачката Есма Реџепова

Пејачката на ромски песни Есма Реџепова-Теодосиевска почина утринава на 73-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Есма, која уште ја нарекуваат и кралица на ромската музика, во 2013 гoдина ја доби и титулата Национален уметник на Република Македонија. Освен по пеењето, Есма беше позната и по нејзината хуманост, има одржано голем број на хуманитарни акции, а во својот живот има одгледано 47 деца.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...