fbpx
Таг: возови

таг: возови

Машиновозачите бараат колективен отказ ако бидат суспендирани или отпуштени нивни колеги

Раководството на Железници на РСМ-Транспорт подготвило список со 12 вработени во компанијата кои ќе бидат суспендирани од работното место поради актуелниот бојкот кој резултира веќе шести ден во прекин да е патничкиот и товарниот железнички превоз во земјава, информира Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт и претседател на Синдикатот на машиновозачи. Тој во изјава за Мета.мк...

Машиновозачите демантираат: Основната плата ни е 23.000, а не 60.000 денари

Прекинот на патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија продолжува, а машиновозачите го демантираат вчерашното соопштение на раководството на Железници на РСМ-Транспорт дека платата на машиновозачите изнесувала 60.000 денари. Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот персонал, Тони Димовски во изјава за Мета.мк вели дека основната плата на машиновозачите е 23.000 денари, и но дека не е точно...

Железничкиот превоз петти ден во прекин, раководството бара машиновозачите да возат

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија веќе петти ден е во прекин како последица на бојкотот на машиновозачите да ги управуваат возовите поради неисплатената плата за јули. Машиновозачите од Железници на РСМ-Транспорт појаснуваат дека до 15-ти во месецот платата треба во целост да биде исплатена, а досега тие добиле само половина од платата за јули. Машиновозачите се заканија дека...

Постигнат договор, возовите ќе почнат да сообраќаат од 20 часот

Патничките и товарните возови ќе продолжат да сообраќаат од вечерва во 20 часот по седумчасовниот бојкот на работењето на вработените од Железници на РСМ-Транспорт. Вработените со менаџментот на државната компанија постигнале договор најдоцна до петок да се исплати вториот дел од платата за јуни, но и да започнат преговори за измени во актот на систематизација за да се покачи...

Машиновозачите повторно со прекин на сообраќајот бараат исплата на плата

Поради бојкот на работата од страна на машиновозачите, од денеска во 13 часот во прекин е патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава. Железничарите бараат од раководството на Железници на РСМ-Транспорт исплата на вториот дел од платата за јуни, но и покачување на коефициентите. Бојкотот на машиновозачите резултира со прекин на сообраќањето на патничките и товарните возови во земјава, а...

Пругата Скопје-Велес ќе биде затворена за сообраќај од 8 до 14 часот до 10 јули

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура информира дека пругата Скопје-Велес ќе биде затворена за сообраќај од 26 јуни до 10 јули во периодот од 10 до 14 часот поради изведба на санациони работи. Патничките возови Скопје-Велес и Велес-Скопје, кои поаѓаат од 9:15 часот од Скопје, односно од 12:10 часот од Велес нема да сообраќаат овој временски период, освен во недела...

Товарен воз вчера удри во возило кај Прилеп, три лица се повредени

Три лица се повредени во вчерашната железничка незгода што се случила кај прилепското село Гостиражни, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни“, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп и патничко возило „фолксваген поло“...

Железничкиот превоз повторно во функција откако се исплати априлската плата

Патничкиот и товарниот железнички превоз се повторно во функција по петчасовниот штрајк на железничарите поради неисплатената плата за април. Возовите сообраќаат по редовниот возен ред по 13 часот, откако утрово вработените од влеча на возови во депото „Лисиче“ престанаа со работа. https://meta.mk/vozovite-ne-soobrakjaat-zheleznicharite-baraat-plata-za-april/ Платата за април на сите вработени во Железници на РСМ-Транспорт им е исплатена во текот на денов, поради што...

Возовите не сообраќаат, железничарите бараат плата за април

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава од утрово е во прекин поради неисплатената априлска плата на вработените во Железници на РСМ-Транспорт. Вработените од подружницата влеча на возови во депото Лисиче престанаа со извршување на работните обврски, пa утрово од 8 часот прекинат e железничкиот сообраќај. Железничарите бараат да им се исплаќа платата во согласно со договорениот период, и тоа...

Бројката на жртви во железничката несреќа во Индија се искачи на најмалку 288

Оние што ќе бидат прогласени за виновни за железничката несреќа во источна Индија ќе бидат „казнети строго“, порача индискиот премиер Нарендра Моди, кој го посети местото на несреќата во источната индиска држава Одиша, јави Би-би-си. Трагичниот биланс, пак, се искачи на најмалку 288 загинати и над 1.000 повредени. Попладнево по македонско време, односно навечер по индиско, завршена е и акцијата...

Најмалку 238 загинати и 650 повредени во страотна железничка несреќа во Индија

Најмалку 238 луѓе ги загубиле животите, а 650 се повредени во страотна железничка несреќа во Индија, во која биле вклучени три воза, јави Би-би-си. Несреќата се случила вчеравечер во 19 часот, во Баласоре во источната држава Одиша. Претходно од Противпожарната управа на Одиша беше соопштена многу повисока бројка загинати - 288 лица, но подоцна билансот беше ревидиран. Еден патнички воз излетал...

Од 8 до 20 мај ќе има затворање на пругата Велес-Гевгелија

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради реконструкција на пругата ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Во овој период, патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути,...

Ќе чекаме европски пари за да градиме пруга до скопскиот аеродром

Ќе се чека на одлука од Европската Унија за обезбедување средства за изградба на ветената пруга до скопскиот аеродром и за воспоставување на железничка линија од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје. Од Министерството за транспорт и врски за Мета.мк објаснуваат дека Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ ќе треба да аплицира за овој проект, бидејќи истиот е...

По 12 дена штрајк, од утре нормализација на железничкиот сообраќај

Машиновозачите по 12 дена штрајк денеска се одлучија да го прекинат штрајкот, откако им бил исплатен вториот дел од платата за февруари и патните трошоци за март. Од попладнево ќе се нормализира товарниот железнички сообраќај, додека од утре во 6 часот ќе почнат да сообраќаат и патничките возови. Машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт стапи во штрајк на 31 март...

Кражби ја прекинуваат работата на телекомандата по пругата на Коридор 10 и на патните премини

Опасни инциденти со кражби на железничката инфраструктура се случуваат во Македонија, кои предизвикуваат прекини на функционирањето на патните премини преку пругите, а во одредени случаи и ја прекинуваат работата на телекомандата, преку која се раководи сообраќајот по пругата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија. По тешката железничка несреќа во Грција, во која животот го загубија 57 лица во судирот...

Продолжуваат протестите во Грција по железничката несреќа во која загинаа 57 лица

Илјадници студенти излегоа на улиците во повеќе грчки градови, а некои демонстранти во Атина се судрија со полицијата. Протестите во Грција се интензивираа неколку дена по најсмртоносната железничка катастрофа во земјата, јавува грчкиот весник „Катимерини“. Најголемиот протест вчера се случи во централниот грчки град Лариса, недалеку од местото на несреќата, каде мирно маршираа неколку илјади луѓе. Во Атина, полицијата за борба...

Истрагата за железничката несреќа во Грција завршува, досега 57 загинати

Потврдената бројка на загинати лица во тешката железничка несреќа што во вторникот пред полноќ се случи во долината Темби во Грција е 57, според пожарникарите и полицијата, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Од загинатите, досега се идентификувани 36 луѓе, а полициската портпаролка Константина Димоглиду изјави дека оние што првично биле категоризирани како исчезнати се вклучени во бројката на загинати. Моментално, 38 од...

Бројката на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 57 луѓе

Иако последната официјална бројка на загинати што ја соопштуваат пожарникарите е 46, како што беше објавено пред неколку часа, трагичниот биланс од судирот на двата воза во долината Темби во Грција што се случи завчера пред полноќ е многу поголем, и изнесува 57 загинати луѓе, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Имено, малку по 16 часот по грчко време, директорката на Судска...

Бројката на загинати во судирот на возовите во Грција се искачи на 43

До утрово, бројката на жртви во тешката железничка несреќа во Грција, која се случи завчера пред полноќ, кога во долината Темби директно се судрија патнички и товарен воз што по грешка биле насочени на ист колосек, се искачи на 43, од кои 11 се идентификувани, јави грчкиот весник „Катимерини“. И утрово продолжи расчистувањето на огромното количество крш и потрагата по...

По железничката несреќа, оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт

По трагичниот судир на два воза во долината Темби во Грција, на подрачјето меѓу градот Лариса и познатото туристичко место Неи Пори, во која загинаа најмалку 36 лица, а 85 се повредени, попладнево оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт, Константинос Караманлис, јави грчкиот весник „Катимерини“. Одговорноста за несреќата врз себе ја презел шефот на железничката станица „Лариса“,...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...