fbpx
Таг: возови

таг: возови

Железница набавува делови за да проработат возовите кон Битола

За да профункционираат патничките возови кон Битола, прво треба да се поправат кинеските моторни возови кои беа набавени пред неколку години. Железници на РСМ-Транспорт објави тендер за набавка на резервни делови за дизел возовите од серијата 711, при што во постапката е планирана набавка на хидраулични амортизери, сензори за дизел мотори и други резервни делови кои се неопходни за...

Воспоставен сообраќајот на пругата Велес-Гевгелија

Од денеска во 14 часот повторно е воспоставен железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија. Испитувањата и техничкиот прием на санираниот мост на Црна Река кај Стоби се завршени, по што е ставен во функција товарниот и патничкиот железнички превоз, информираат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Почнувајќи од 14 ноември, железничкиот превоз на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин поради...

Српски приватни компании заинтересирани да возат по македонските пруги

Државното акционерско друштво Железници на РСМ-Транспорт од почетокот на годинава добива конкуренција. Неколку приватни оператори за товарен железнички сообраќај од Србија веќе пројавиле интерес и подготвеност за влегување на нашиот пазар на почетокот од 2024 година, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Интерес кај српските компании има за превоз на стоки на пругата Табановце-Гевгелија...

Мостот кај Стоби саниран, во јануари ќе тргнат возовите кон Гевгелија

За период од неколку недели е реализирана санацијата на железничкиот мост на Црна Река на пругата Велес-Гевгелија. Во периодот од 3 до 5 јануари 2024 година ќе се направи пробно испитување на носивоста на мостот, ќе се заврши техничкиот прием и повторно ќе се воспостави железничкиот сообраќај на Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура...

Само осум воза предвидени со возниот ред за 2024, железницата во колапс [инфографик]

Патнички возови догодина ќе нема од Скопје кон Кичево, Кочани и Табановци, а ќе нема ниту меѓународен железнички сообраќај од македонскиот главен град. Објавен е возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, а во него е впишано дека од скопската железничка станица ќе поаѓаат само по осум воза дневно кон Битола, Гевгелија и Велес. Кон останатите релации нема да сообраќаат...

Локомотивата поправена, единствениот воз за Битола тргна по 10 дена

Железници на РСМ-Транспорт 10 дена ја поправаше локомотивата која го влече единствениот воз на релацијата Скопје-Битола-Скопје. По 10 дена пауза, возот вчера во 14:30 часот тргна од Скопје за Битола и треба да сообраќа редовно во наредниот период, и во правецот од Битола за Скопје со поаѓање во 3:13 часот. Возовите не сообраќаа 10 дена, бидејќи единствената исправна локомотива...

Бочварски смета дека железницата е бунар без дно, кон Битола нема ниеден воз

Министерот Благоја Бочварски и македонската влада, исто како и граѓаните, се незадоволни од функционирањето на Македонски железници - Транспорт. Тој денеска коментираше дека државното железничко претпријатие постојано добива субвенции од владата, а финансиската поддршка годинава достигнала до 25 милиони евра. На овој начин, тој денеска ја коментираше лошата состојба во ова претпријатие, кое изминатиов период откажа повеќе патнички возови...

Мостот на Црна Река ќе се поправа 60 дена, за да тргнат возовите кон Гевгелија

Темелот на еден од столбовите на железничкиот мост на Црна Река кај Стоби е во многу лоша и очајна состојба. За ова денеска информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој најави дека ќе биде потребна поголема и потемелна санација на железничкиот мост пред да тргнат возовите на Коридорот 10. Бочварски вели дека нуркачкиот тим што бил обезбеден од...

Повредени 52 лица во судир меѓу патнички и товарен воз во Србија

Во судир меѓу патнички и товарен воз во северниот дел од Србија се повредени 52 лица, јавува Радио-телевизија Србија. Железничката несреќа се случила вчера вечер, која патничкиот воз налетал на товарен воз на отворена пруга меѓу Оџаци и Ратково. Меѓу повредените, три лица се задржани во болница, а најтешко повреден е машиновозачот на патничкиот воз. Железничка комисија за истрага на...

„Тргнува“ пругата за брзи возови, утре ќе се потпишува договор со Србија

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ, јави Радио телевизија на Војводина. „Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на тоа“, нагласи Весиќ. Тој изјави дека...

Железницата во голгота, напукнат мост ги сопре возовите на Коридор 10

Нов прекин на патничкиот и товарниот железнички сообраќај на пругата Велес-Гевгелија поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, меѓу селата Кукуричани и Градско. Од вчера во целосен прекин е сообраќајот од 15:25 часот, а за патниците се организира автобуски превоз, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Согласно информирањето од Македонски железници дека поради напукнат бетонски столб...

Мета факт: Не е исполнето ветувањето за изработка на проект за пруга до скопскиот аеродром

Владата во својата програма за работа за периодот до 2024 година вети дека ќе изработи проектна документација за изградба на нова пруга од Миладиновци до Меѓународниот аеродром Скопје. Ова ветување до ден денеска е неисполнето, а наредната година како краен рок за завршување на обврската нема да се испочитува, бидејќи допрвo ќе се бараат средства од ЕУ за техничката...

Попладнево нормализиран железничкиот сообраќај во земјава

Патничките и товарните возови од денеска повторно сообраќаат, откако раководството на Железници на РСМ-Транспорт на вработените им ги исплати патните трошоци за октомври. Патничкиот железнички превоз започна да функционира со возот од Скопје за Битола, со поаѓање од 14:30 часот. Од петокот попладне до денес претпладне во прекин беше железничкиот превоз, поради бојкотот што го почна машинскиот и извршниот персонал...

Возовите од попладнево не сообраќаат, машиновозачите бараат патни трошоци

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 16 часот е во прекин, откако машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт стапија во бојкот поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец. Патничките и товарните возови не сообраќаат, почнувајќи од возот на релацијата Скопје-Гевгелија кој поаѓа од главниот град во 16:55 часот. Засега нема информации до кога ќе трае бојкотот на работењето од...

Трет пат за два месеца запалена пругата Велес-Битола, сообраќајот во прекин

За помалку од два месеца, по трет пат се запалени дрвени прагови од пругата Велес-Битола во северниот дел од Пелагонискиот регион. Поради ова, во прекин е железничкиот сообраќај на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Симптоматично е што палењето на пругата и онеспособувањето на сообраќајот се случува речиси на идентичната локација во Општина Долнени. Од Центарот за управување со кризи информираат дека била запалена...

Укинатите патнички возови кон Битола ќе се вратат во функција, ама не се знае кога

Стружните служби во Железници на РСМ-Транспорт интензивно работат на редовно одржување на возните средства, за што побрзо да се вратат во функција укинатите возови од Скопје кон Битола, Кичево, Табановце и Кочани. Ова е одговорот што Мета.мк го доби од раководството на државната компанија откако на 25 октомври беа укинати по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје. И додека негативните...

Од 25 октомври се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, ќе сообраќаат само еднаш дневно

Нови укинувања на патнички возови најавува Железници на РСМ-Транспорт. Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно. Патниците од среда нема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 часот, како и од...

Во пожар изгореа 1.000 прагови од пругата Велес-Битола, возовите не сообраќаат

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола е во прекин поради пожарите во Пелагонискиот регион, кои уништиле околу 1.000 прагови од пругата на повеќе локации, информираат денеска од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура. „Стручните служби на ЖРСМ Инфраструктура работат интензивно на терен за отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. Поради овие причини сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде...

Има шест активни пожари, во Пелагонија палењето ниви ја оштети пругата Велес-Битола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 36 поголеми пожари во земјава, од кои шест и понатаму се активни. Притоа, три од активните пожари се во битолскиот регион, а три во прилепскиот регион. Поради изгорени прагови од пругата меѓу Богомила и Прилеп, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Скопје и Битола, информираа...

По две недели прекин, железничкиот сообраќај се нормализира во земјава

Товарниот железнички сообраќај започна да функционира од синоќа во земјава, а од вторник ќе стартуваат со сообраќај и патничките возови. Ова е договорот што го постигнаа вработените со раководството на Железници на РСМ-Транспорт. Постигнат е договор за прекин на бојкотот на машиновозачите, но и за редовност во исплаќањето на платите. Договорено е и раководството да ги повлече суспензиите за колегите...

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...