fbpx
Таг: возило

таг: возило

Запленети злато и платина на граничниот премин Богородица

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, вчера заплениле околу еден килограм златна жица во парчиња и 57 грама платина, соопшти денеска Царинската управа. Како што информираат оттаму, вредноста на запленетото злато и платина е проценета на околу 38.000 евра. Златото и платината биле сокриени во пластичен сад наполнет со ориз, што цариниците го нашле во возило што го...

Шеќеринска имала сообраќајка, патниците се во добра состојба, информираат од СДСМ

Заменик претседателката на СДСМ, Радила Шеќеринска денеска имала сообраќајка, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија). Таа во возилото била заедно со нејзините родители, а како што информираат од партијата, тие се во добра здравствена состојба. „Возило, кое претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во кое се превезувала и заменик претседателката...

Пронајдено и телото на Дејан Стоилков, нема траги на насилство

Нуркачите попладнево, околу 18 часот, во водите на акумулацијата Калиманци го пронајдоа телото на 41-годишниот Дејан Стоилков од селото Дулица кај Македонска Каменица. Од полицијата информираат дека телото го нашле во возилото „форд фокус“, во кое последен пат вчера биле видени сопружниците Тања и Дејан Стоилкови. Стоилкова, чие тело беше пронајдено вчера во Калиманци, според обдукцискиот наод, починала од давање во...

Пронајдено возилото во кое последен пат биле видени сопружниците Стоилкови

На дното на вештачката акумулација Калиманци е пронајдено возилото „форд фиеста“, во кое последен пат се видени сопружниците Тања и Дејан Стоилкови од Македонска Каменица. Стоилкова, чие тело беше пронајдено вчера во Калиманци, според обдукцискиот наод, починала од давање во вода, а биле констатирани повреди на главата, на десната надлактица и на долниот дел од грбот. На местото каде е лоцирано...

Во возило пронајдени 12 мигранти од Сирија, од нив осум деца

Вчераутро, околу 9 часот, полициска екипа на локалниот пат Кавадарци - Конопиште, во возило, марка „рено еспејс“, со скопски регистарски ознаки, пронашле 12 илегални мигранти со потекло од Сирија, информираат од МВР. Според полициските информации, од мигрантите четворица биле возрасни лица, додека другите осум биле деца. Мигрантите биле приведени, а според МВР, шестмина од нив ќе бидат задржани во Прифатниот центар за...

96 мигранти пронајдени во возило на автопатот Гевгелија – Скопје

На автопатот Гевгелија - Скопје, во близина на клучката Прдејци, вчера полицијата открила 96 мигранти во товарно возило „мерцедес“. МВР денеска соопшти дека во товарниот простор на возилото, кое било со скопски регистарски таблички, биле затекнати 96 лица, бегалци од Пакистан, Авганистан, Ирак и од Сирија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на настанот.

Полицијата трага по илегални мигранти во околината на битолското село Брод

Два полициски патролни тима вчера почнале со пребарување на теренот во реонот на селото Брод, Битолско, во потрага по група илегални мигранти, информираат од МВР. Вчера, околу 9 часот, по дојава за шверц на мигранти, кај селото Рибарци, во Општина Новаци, полициски службеници запреле возило марка „бмв“, со грчки регистарски ознаки, во кое се превезувале двајца бугарски државјани. Во возилото биле...

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп

Триесет и петгодишна жителка на селото Боротино го загубила животот во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила во Прилеп, на мостот на градската река, во близина на магацините на „Центропромет“, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, возилото, марка „опел астра“, што го управувал сопругот на починатата, удрило и ја пробило металната ограда од десната страна на...

Во „лада нива“ откриени 12 мигранти, возачот побегнал

Полициска патрола синоќа, околу 23.50 часот, на регионалниот пат Гевгелија - Смрдлива вода во возило, марка „лада нива“ пронашла 12 мигранти кои илегално влегле на територијата на државата. Според МВР, при контролата на возилото, кое било без регистарски ознаки, полицајците откриле 11 мигранти од Сирија и еден од Ирак, додека возачот успеал да побегне. При прегледот на возилото, биле откриени гевгелиски...

Скопјанец шверцувал мигранти во багажник од автомобил

Синоќа, околу 22.45 часот, при контрола на автомобил на автопатот Гевгелија - Скопје во близина на Демир Капија, полициска екипа во багажникот на возилото открила двајца илегални мигранти од Пакистан, информира МВР. Станува збор за возило, марка „бмв“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал 23-годишниот Н.Н. од Скопје. Како што информираат од МВР, возачот бил приведен и задржан во...

Дрвокрадци претепале шумар и со моторна пила нападнале шумски полицаец

Охриѓаните И.Б. (26) и Р.Ф.(23), откако биле фатени како крадат дрва, со моторна пила нападнале шумски полицаец, а пред тоа физички се пресметале и со шумар, вработен во охридската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Поради основан сомнеж дека извршиле напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста, СВР од Охрид и на двајцата им поднесе кривична пријава. Настанот се случил кај...

На Богородица запленети повеќе од 8 килограми марихуана

Екипи на одделот за организиран криминал на МВР и на Царинската управа завчера во заедничка акција на граничниот премин Богородица заплениле повеќе од 8 килограми марихуана, сокриена во возило што го управувал 19-годишен скопјанец, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, против возачот М.С. (19) е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори,...

Во товарно возило пронајдени 44 мигранти

Утрово полициска екипа фатила 44 мигранти од Авганистан, Пакистан и од Сирија во возило „фиат дукато“ со српски регистарски ознаки. Полициската екипа го забележала возилото со издишана гума, паркирано на автопатот Куманово - Табановце и се упатила кон него. При контрола во просторот за товар, пронајдени се вкупно 44 мигранти кои се приведени во СВР - Куманово за понатамошна постапка. Возачот на возилото е во...

Албански државјанин со украдено возило се обидел да прегази македонски полицајци

Албанскиот држајанин А.П. (24) од местото Прењас, илегално ја преминал границата со Македонија и од струшкото село Велешта, од автосервисот „Пети“, одзел патничко моторно возело „фиат мареја“, со кое се вратил кон граничниот премин Ќафасан каде го оставил возилото и преминал на албанска страна. Потоа, уште еднаш, заедно со уште три други лица, албански државјани, илегално ја преминал границата и со...

Кичевската полиција запленила повеќе од 50 лажни банкноти, три лица се приведени

Екипа на кичевската полиција вчера попладне извршила претрес на возило, сопственост на фирма од Скопје, и привела три лица кај кои биле пронајдени повеќе од 50 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари, информира МВР. Претресот на возилото и на трите лица во него бил извршен по наредба на Основниот суд Кичево поради постоење основан сомнеж дека се превезуваат фалсификувани пари. Како...

Двајца приведени кај Удово поради шверц на илегален мигрант

Двајца жители на скопските села Арачиново и Брест вчера попладне биле приведени од полициска екипа на автопатот Гевгелија - Скопје, откако во нивното возило бил пронајден илегален мигрант од Авганистан, информира МВР. Според полицијата, вчера, околу 17 часот, во близина на селото Удово, полициски службеници запреле автомобил, марка „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал 29-годишниот А.Б. од Арачиново,...

Полицајци спречиле шверц на осуммина мигранти кај Василево, Струмичко

Синоќа, околу 20.30 часот полициски службеници спречиле обид за криумчарење на мигранти кај селото Василево. Како што информираат од МВР, полицајците во возило, марка „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, пронашле осум мигранти, од кои шестмина биле со потекло од Пакистан и двајца од Ирак, односно од Либија. Возачот успеал да побегне и полицијата презема мерки за негово пронаоѓање и расчистување...

Возач од Лерин повредил полициски службеник кај Охрид

Попладнево, на магистралниот Охрид - Кичево, на делот од селото Подмоље кон Охрид, возач од Лерин, Грција, повредил полициски службеник од Охрид. Полициските службеници издале наредба за запирање на патничко моторно возило „сеат ибица“ со грчки регистарски ознаки. Возачот сопрел по втората издадена наредба за запирање на возилото. Кога полициските службеници се доближиле до автомобилот, возачот го стартувал наназад, по што...

Приведени 14 илегални мигранти

Вчера, околу 6.45 часот, полициски службеници од полициската станица Сопот, од правец на село Речица и село Ваксинце забележале како од автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички излегуваат 14 мигранти, кои веднаш почнале да бегаат. Полициските службеници ги привеле мигрантите, кои по извршениот разговор изјавиле дека за паричен надоместок биле превезени со возилото. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и...

Пронајдена дрога кај скопјанец што управувал возило на агенцијата СГС

Екипа на полициската единица „Алфа“, пред десетина дена, при претрес на 22-годишен скопјанец, кој управувал возило, сопственост на агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервис“ (СГС), пронашла и запленила околу 3 грама амфетамин и помало количество марихуана, информираат од МВР. Секторот за внатрешни работи Скопје деновиве поднел кривична пријава против 22-годишниот Е.Ш., според која тој се товари за неовластено производство и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...