fbpx
Таг: возило

таг: возило

Жител на Радишани нападнат од две непознати лица

Жител на скопската населба Радишани синоќа во Единицата за известување и командување пријавил дека околу 17.30 часот физички бил нападнат од две непознати лица, соопшти МВР. Триесет и деветгодишниот В.Р. се движел по улицата Радишанска, со своето патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле неговата сопруга и неговата ќерка, а во еден момент патничко возило „пасат“...

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски не е способен да организира миење на службено возило на МВР

„Оливер Спасовски го надмина и својот шеф Зоран Заев и пред цела јавност покажа дека не е способен да организира миење на службено возило на МВР, со кое се возат највисоки странски делегации. Затоа наместо настапи на кои ќе промовира некоја реформа или успешна акција, Спасовски излегува со манипулации“, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава...

Запленети 7 килограми хероин на граничниот премин Богородица

Царинските инспектори од одделението за оперативни работи за време на велигденските празници на граничниот премин Богородица заплениле 7 килограми хероин, соопштија денеска од Царинската управа. Како што информираат оттаму, дрогата е запленета во саботата, а била сокриена во возило што го управувал државјанин на Србија, кој бил пријавен за влез во земјава. „При контрола на возилото во два акумулатори, од кои...

Седум повредени откако возило влета во продавница во Скопје

Еден пешак и уште шест лица вработени во продавница се повредени вчера откако возило влетало во продавницата, на булеварот Македонско-косовска бригада во Скопје. Како што информира МВР во дневниот билтен, настанот се случил вчера изутрина, во 7.40 часот, кога Ќ.О. (42) од Скопје управувајќи возило „опел астра“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото и удрил во пешакот Х.Р. (29)...

Надлежната комисија не нашла пропусти во случајот со починатите во брзата помош

Комисијата за стручен надзор на Министерството за здравство тврди дека немало лекариски пропусти во лекувањето и при транспортот на двајцата пациенти од Крива Паланка, кои, кон средината на овој месец, починаа во возило на брза помош на кое му откажаа сопирачките, пренесува „Телма“. Комисијата беше формирана од Министерството за здравство за да го испита случајот. Комисијата, повикувајќи се на документацијата...

Откриени 20 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Царинските инспектори во соработка со Министерството за внатрешни работи вчера на граничниот премин Блаце, пронашле и заплениле 20 килограми марихуана, сокриена во возило што го управувал македонски државјанин. Како што соопшти денеска Царинската управа, возилото вчера околу 10.30 часот се пријавило за влез во земјава. „При прегледот на возилото, во задните врати на комбито помеѓу лимот и тапацирот, поточно...

Демолиран автомобилот на судијка од Основниот суд во Охрид

Непознати сторители синоќа оштетиле возило во сопственост на судијката Билјана Белеска-Пројкоска, вработена во охридскиот Основен суд, која работи на предмети од областа на кривичното право. Настанот, кој се случил на улицата АСНОМ во Охрид, во близина на домот на судијката, бил пријавен во СВР Охрид. – Искршени се стаклата од возилото. Се работи на откривање на сторителите и на расчистување на...

Полицијата пронашла 15 мигранти кои нелегално биле превезувани

Полициски службеници, на автопатот Гевгелија - Скопје, во близина на местото Авлак, забележале возило „крајслер“ со повеќе лица, кое со голема брзина се упатило кон Скопје. Од страна на полициските службеници во близина на Удово возилото било сопрено, а возачот избегал. При преглед на возилото, утврдено е дека регистарските ознаки се од друго возило, кои на 31 јануари биле пријавени за украдени. Во возилото биле...

Откриени шест мигранти по сообраќајка во Струмица, обвинителството отвори истрага

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција истражува случај на шверц на мигранти, што бил откриен вчера, по сообраќајна несреќа што се случила во Струмица. Како што информираат од обвинителството, македонски државјанин, управувајќи патничко возило, изгубил контрола и удрил во столб од уличното осветлување во Струмица. При вршење на увидот од страна на надлежните, во возилото биле затекнати...

Претепан полицаец на должност во полициската станица во Струга

Стружанецот И.М.(27), доцна синоќа, во кругот на полициската станица во Струга, физички нападнал полициски службеник кој бил на работното место обезбедување на полициската станица. – Во 21.55 часот, во кругот на полициската станица влегло возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на лицето Ж.П. од Струга. Во тој момент полицискиот службеник се упатил кон возилото за да праша со...

Амбасадата на САД без телефонски линии – пријавено возило позитивно на експлозив

Американската амбасада во Македонија синоќа преку социјалните мрежи соопшти дека телефонските линии ѝ се надвор од употреба и во итни случаи, граѓаните на САД во Македонија да го контактираат американскиот Стејт департмент. „Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го оперативниот центар на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512“,...

Спречен шверц на 8 килограми марихуана на граничниот премин Табановце

Царинските екипи на граничниот премин Табановце вчера спречиле обид за шверц на осум килограми марихуана, која била сокрина во автомобил што го управувал 56-годишен државјанин на Република Албанија. „На 3 декември 2016 година, околу 15 часот, на излез од Република Македонија, на граничниот премин Табановце, се пријавило патничко моторно возило марка „смарт“ со албански регистарски ознаки, а управувано од осомничениот Б.О. (56)...

Возач загина во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Струга

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што синоќа околу 21.15 часот се случи на магистралниот пат Охрид - Струга, во близина на бензиската пумпа „Бесјани“. Станува збор за Благоја Р. (37) од струшкото село Мороишта, кој веднаш по несреќата со возило на итна помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сообраќајната незгода...

Запленети 30 килограми марихуана на граничниот премин Долно Блаце

Екипи на Царинската управа синоќа на граничниот премин Долно Блаце откриле и заплениле 30 килограми марихуана, која била сокриена во возило што го управувал 53-годишен државјанин на Кралството Шведска, информираше МВР. Дрогата била сокриена во посебно направен бункер во подот на возилото. „На 2 декември 2016 година, во 21.30 часот, на граничниот премин Долно Блаце, при контрола на Т.Б.Л.А. (53) од Кралството...

Еден загинат и еден тешко повреден во две сообраќајни несреќи кај Охрид и Струга

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што синоќа во 20.30 часот се случи на магистралниот пат Струга - Ќафасан во близина на селото Радолишта. Од здобиените повреди, на самото место почина Елван А.(69) од струшкото село Радолишта. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга. Поради неприлагодена брзина кон условите и состојбите...

Полициски службеник измамил турски државјанин

Единица за имотни деликти на СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје гo предаде М.И.(44) од Скопје, поради основи на сомнение дека во својство на униформиран полициски службеник, вработен во полициска станица Бит Пазар, заедно со Н.А.(25) од Скопје, извршиле измама, а првопријавениот сторил и злоупотреба на службената положба и овластување за противправно да стекне имотна корист од 500...

Царината заплени 29 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Царинските екипи на граничниот премин Блаце вчера во возило во кое се превезувале четворица албански државјани, пронашле и заплениле 29 килограми марихуана, соопшти денеска Царинската управа. Како што информираат оттаму, возачот на автомобилот 26-годишниот Б.Г., и тројцата негови сопатници, синоќа, околу 22.30 часот, се пријавиле за влез во земјава. Цариниците го селектирале возилото за детален перглед и под подот откриле...

АВРМ: Возилото што го возел Спасов e отстапено на Министерството за труд

Агенцијата за вработување (АВРМ) во врска со сообраќајката што пред два дена ја направи дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, соопшти дека во 2015 година АВРМ го отстапила возилото на Министерството за труд и социјална политика. „Во октомври 2015 година меѓу Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен договор со кој Агенцијата...

Ременски: Спасов за свои потреби си користел четири возила

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, побара Диме Спасов да се повлече од позицијата дополнителен заменик-министер поради нарушување на угледот на оваа институција. Таа напомена дека Спасов противзаконски располагал и управувал со возило на Агенцијата за вработување, а повремено користел и уште три службени возила. Според неа, тој ги користел четирите возила, кои со претходна одлука на Владата...

Си ја прегазил сопругата со семејното возило

Жител од струшкото село Враништа, си ја прегазил 62-годишната сопругата М.Ш. со семејното возило. Несреќата се случила во струшкото село Радожда, каде сопружниците биле на посета кај свој пријател. На враќање, сопругот најнапред не можел да го стартува автомобилот марка „фиат“. Сопругата и пријателот почнале да го туркаат возилото по угорнина, но во еден момент на возилото му откажале сопирачките, почнало да...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...