fbpx
Таг: возен ред

таг: возен ред

Автобусите во Скопје од утре до понеделник по неделен зимски возен ред

За време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот автобуски превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопшти ЈСП. Од вторник (9 јануари), автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимски возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст. На 7 јануари (недела) нема да работи ниту...

На 31 декември и 1 јануари автобусите во Скопје по неделен возен ред

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека за Новогодишното празнување, в недела и понеделник - 31 декември 2023 - 1 јануари 2024 - автобусите ќе возат по неделен возен ред. Од таму додаваат дека на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. „Од вторник (2 јануари 2024 г.) јавниот превоз ќе продолжи...

Само осум воза предвидени со возниот ред за 2024, железницата во колапс [инфографик]

Патнички возови догодина ќе нема од Скопје кон Кичево, Кочани и Табановци, а ќе нема ниту меѓународен железнички сообраќај од македонскиот главен град. Објавен е возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, а во него е впишано дека од скопската железничка станица ќе поаѓаат само по осум воза дневно кон Битола, Гевгелија и Велес. Кон останатите релации нема да сообраќаат...

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Поради државниот празник Св. Климент Охридски, јавниот превоз во Скопје утре, петок, 8 декември, ќе сообраќа по неделен возен ред, информираше денеска Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје). Дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, која утре ќе работи во периодот од 6 до 13 часот. Жичарницата, пак, утре ќе работи од 10 до 17 часот.  

Автобусите во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено

Во текот на утрешниот ден, кога во земјава се одбележува државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Ќе има две дежурни билетарници, кои ќе работат од 8 до 14 часот: таа на Транспортен Центар (на излез) и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичаицата ќе работи вообичаено од 10...

Работно време на јавниот превоз и паркинзите за државниот празник 8 Септември

Од ЈП Градски паркинг известуваат дека утре, на државниот празник 8 Септември, по повод Денот на независноста, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8 Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона...

ЈСП за Илинден со неделен возен ред, Жичарницата ќе работи до 20 часот

Поради државниот празник 2 Август – Илинден, јавниот превоз во главниот град утре, среда, ќе сообраќа по неделен возен ред, информира Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП Скопје). Оттаму велат дека сите продажни места на ЈСП утре ќе бидат затворени. Жичарницата, пак, ќе работи вообичаено – од 10 до 20 часот, при што во периодот од 19 до 19:30 е предвидено последно...

Пругата Скопје-Велес ќе биде затворена за сообраќај од 8 до 14 часот до 10 јули

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура информира дека пругата Скопје-Велес ќе биде затворена за сообраќај од 26 јуни до 10 јули во периодот од 10 до 14 часот поради изведба на санациони работи. Патничките возови Скопје-Велес и Велес-Скопје, кои поаѓаат од 9:15 часот од Скопје, односно од 12:10 часот од Велес нема да сообраќаат овој временски период, освен во недела...

Преку селективен брифинг, Арсовска се скри од дел од медиумите

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска имала брифинг со новинари во ресторанот „Воденица“, на кој било соопштено дека автобусите на приватните превозници за една недела ќе може да се вклучат во скопскиот јавен превоз. Мета.мк не доби покана за присуство на денешниот брифинг со градоначалничката Данела Арсовска, а веќе во неколку наврати од Градот Скопје нашата редакција не добива одговори...

Од 8 до 20 мај ќе има затворање на пругата Велес-Гевгелија

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради реконструкција на пругата ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Во овој период, патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути,...

Возен ред без поаѓања на возови, бројот на превезени патници лани само 400.000 [инфографик]

Патнички возови кои се внесени во актуелниот возен ред, но не сообраќаат. Нервозни граѓани кои се упатиле до железничките станици, но не успеале да се информираат дека поаѓањето на возот е откажано. Веќе подолг период не сообраќаат патничките возови кон Кичево, Кочани и Приштина, иако се впишани во актуелниот возен ред на Железници на РСМ-Транспорт. Од почетокот на јануари...

Возовите кон Куманово и Табановце повторно не сообраќаат, нема доволно машиновозачи

Патничките возови на релација Скопје-Куманово-Табановце-Скопје не сообраќаат од 4 јануари годинава, а граѓаните од кумановските села реагираат дека им е укинат најевтиниот превоз кон Куманово и Скопје. Според возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, дневно меѓу Скопје и Табановце сообраќаат по четири пара возови, со поаѓања од главниот град во 4:01, 6:45, 16:25 и 20 часот и поаѓања од...

ЈСП го објави возниот ред на автобусите за новогодишните празници

Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје (ЈСП) соопшти дека в сабота, 31 декември, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред, а в недела, првиот ден на новата година, ќе возат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. В понеделник ќе се вози по неделен...

На ниски температури, со загаден воздух и меѓу вируси, скопјани се соочуваат со метеж во јавниот превоз

Хаосот со јавниот превоз продолжува да владее во Скопје, откако веќе неколку месеци не се наоѓа решение за стабилизирање на состојбата, додека граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на институциите, кои се законски обврзани да обезбедат редовен и ефикасен јавен превоз во Скопје, пишува Порталб.мк.  Автобуските постојки низ Скопје се преполни со граѓани кои на ниски температури се принудени да...

Во „Шорткат“ разговараме за еколошки одржлива мода со дизајнерката Мирјана Јосифоска

Македонска дизајнерка која креира шапки и користи рециклирани материјали при нивната разработка е главна тема на најновата епизода на емисијата „Шорткат“ што ќе ја емитуваме денеска. Разговаравме со модната дизајнерка Мирјана Јосифоска и повеќе детали за нејзината работа ќе може да погледнете во најновото издание на емисијата за млади. Покрај ова, во „Шорткат“ информираме и за тоа како помина одбележувањето...

Воз за Белград ќе нема и догодина, за Солун и Истанбул се чека согласност од Грчките железници

Железници на РСМ-Транспорт го подготви новиот возен ред за 2023 година, кој стапува на сила на 11 декември годинава. Експресниот воз за Белград нема да сообраќа и наредната година, додека за пуштање во сообраќај на најавениот воз од Скопје за Солун и Истанбул се чека на согласноста на Грчките железници. „Со новиот возен ред не е предвиден сообраќај на меѓународниот...

Се чека локомотива од Турција за да тргне возот од Скопје за Кичево

Државната компанија Железници на РСМ-Транспорт ќе чека Турција да нѝ помогне со локомотиви за да може да ја пушти во сообраќај укинатата железничка линија Скопје-Кичево-Скопје. Воз за Тетово, Гостивар и Кичево од Скопје не сообраќа уште од мај 2021 година, кога тогашното раководство на Железници ги укина патничките возови кон Кичево и Кочани. Во актуелниот возен ред за 2022 година...

Порталб: Автобуските постојки во Тетово останаа недовршени

Автобуските постојки во Тетово сè уште не се опремени со столчиња. Од претпријатието „Тетово Транспорт“ минатиот месец ветија дека првата работа што ќе ја направат по преземањето на сопственоста над постојките ќе биде нивното опремување со столчиња. Денес постојките се во сопственост на претпријатието, но и понатаму нема места каде патниците може да седнат. За да не чекаат стоејќи,...

Автобуските постојки во Тетово немаат столчиња, граѓаните импровизираат поставувајќи мебел од дома (ВИДЕО)

Тетовските автобуси по многу пречки и одложувања сега сообраќаат низ градот, а бројот на граѓани кои ги користат се зголемува редовно. Меѓутоа, граѓаните ги чекаат автобусите на нозе, бидејќи на постојките нема столчиња, пишува Порталб.мк. На некои станици, како на пример кај постојката во близина на тетовскиот Суд, граѓаните често самоиницијативно поставуваат столчиња од домашниот мебел. Недостатокот на столчиња директно го...

Град Скопје на превозниците ќе им исплати 60 отсто од долгот за март, 19-ка и 20-ка ќе возат нормално

Приватните автобуски превозници што ги одржуваат градско-приградските линии во Скопје денеска со Градот Скопје постигнаа договор, со што од утре приватните превозници ќе продолжат нормално да сообраќаат на линиите „19“ и „20“. Градот Скопје и приватниот превозник „Макекспрес“ за Порталб.мк потврдија дека е постигнат договор откако вчера граѓаните беа приморани да користат други автобуски линии за да се возат...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...