fbpx
Таг: воздушен простор

таг: воздушен простор

Полска обвини дека руска ракета влегла во нејзино небо, 18 загинати во Украина

Полските одбранбени сили денеска соопштија дека непознат објект влегол во воздушниот простор на оваа земја во петокот наутро од Украина, а потоа исчезнал од радарите. Сите индикации на полските власти укажуваат дека станува збор за руска ракета, пишува весникот Гардијан. Полските власти не можат да објаснат каде исчезнал објектот од радарот или во која насока се движел. Мобилизирани се војници...

Нигер го затвора воздушниот простор, истече рокот за враќање на претседателот

Водачите на државниот удар во Нигер го затворија воздушниот простор на земјата, наведувајќи ја како причина заканата од воена интервенција од соседните земји. Интернет-страницата за следење на летови „Flightradar24“ покажува дека во моментов нема авиони на небото над Нигер, пренесува Би-би-си. Групата земји од Западна Африка – Ековас, претходно предупреди дека може да употреби сила доколку претседателот Мохамед Базум не биде...

Полска обвини дека два белоруски воени хеликоптери го нарушиле нејзиниот воздушен простор

Министерството за одбрана на Полска ја обвини Белорусија дека два нејзини воени хеликоптери го нарушиле полскиот воздушен простор, навлегувајќи на 1 август на нејзина територија во регионот Бјаловеж, пренесува Ројтерс. Полските власти информираат дека станува збор за белоруски хеликоптери „Ми-24“ и „Ми-8“, а првите снимки од инцидентот се појавија утрово на Фејсбук. Белоруските хеликоптери летале премногу ниско на полска територија...

Русија го затвори своето небо за прелети од 36 држави

Русија воведе реципроцитет кон дел од земјите кои одлучија да го затворат својот воздушен простор за прелети на руски авиони. „Во согласност со нормите на меѓународното право, како одговор на забраната на европските држави дека обавувањето на летовите на цивилните авиони со кои управуваат руските авиопревозници и/или се регистрирани во Русија , воведено е ограничување на летовите на авиопревозниците од...

Бугарија сака да го чува македонското небо заедно со Грција

Бугарија сака да го чува воздушниот простор на Северна Македонија, на ротациски принцип заедно со Грција, порача бугарскиот претседател Румен Радев денеска, јавува бугарската новинска страница „mediapool.bg“. Тој рекол дека имал средби со премиерите на двете земји - Киријакос Мицотакис и Зоран Заев на која се зборувало на самитот на НАТО во Лондон „да бидат дефинирани параметрите на таа мисија,...

Грчки авиони ги извршиле првите тест-летови над Македонија

Со два лета во воздушниот простор над Македонија од 6.30 до 8.30 се извршија првите тест-летови на НАТО, кои ги извршија грчки авиони за потребите на мисијата „Воздушно патролирање“ (Air Policing) на НАТО, јави бугарскиот сајт „Актуално“, повикувајќи се на бугарската агенција БГНЕС. Целта на овие летови била да се проверат комуникациите и радарското покривање во македонскиот воздушен простор. Тие се...

НАТО од денеска редовно патролира на небото над Црна Гора

Борбени авиони на воздухопловните сили на Италија и Грција, во соработка со воздухопловството на Војската на Црна Гора, од денеска започнуваат со редовно патролирање во црногорскиот воздушен простор, како и негова заштита, соопшти црногорското Министерство за одбрана. По тој повод, како и по повод првата годишнина од членството на Црна Гора во НАТО, ќе биде организирана вежба на приземјување на...

Естонија соопшти дека авион во кој бил Лавров го нарушил нејзиниот воздушен простор

Естонија соопшти дека руски авион во кој, наводно, се превезувал шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, накратко го нарушил естонскиот воздушен простор. Советничката на естонскиот премиер, Кадри Петерс, на „Твитер“ наведе дека Лавров го нарушил воздушниот простор на земјата. „Лавров леташе во Финска за да разговара за безбедносниот воздушен сообраќај, но ајде притоа да го нарушиме естонскиот воздушен простор“, напиша Петерс. Лавров...

Турски воени авиони навлегле во грчкиот воздушен простор

Два турски борбени авиона „ф-16“ вчера дури трипати навлегле во грчкиот воздушен простор, на морската граница меѓу двете земји. Тие, во придружба на авион „си-ен-235“, исто така навлегле во атинскиот регион за информирање за летови. Сите авиони биле пресретнати и изгонети од грчки авиони, соопшти официјална Атина. Во последните месеци имаше голем број вакви нарушувања од страна на турски авиони, а рекорд...

Русија сè уште чека извинување од Турција за соборувањето на „су-24“

Властите во Москва сооштија дека Анкара треба да се извини за соборувањето на рускиот авион „су-24“ на границата со Сирија. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изрази жалење поради тоа што Анкара сè уште не презела мерки против агресивниот чин. Билатералните односи на двете земји се влошија откако Турција го собори рускиот бомбардер „су-24“ над Сирија, тврдејќи дека авионот навлегол во турскиот воздушен...

Турски борбени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Најмалку шест турски борбени авиони, кои летале во една формација, го нарушиле грчкиот воздушен простор, соопштија во средата локалните медиуми, повикувајќи се на воени претставници. Турските авиони влегле во воздушниот простор на Грција на источниот дел на Егејско Море без дозвола од Атина, пишува весникот „Екатимерини“, повикувајќи се на грчки воени власти. Од шесте борбени авиони, најмалку два биле вооружени, додава весникот. Турција не ја...

Пентагон потврди дека руски борбен авион го нарушил воздушниот простор на Турција

Министерството за одбрана на САД потврди дека руски борбен авион „су-34“ го нарушил турскиот воздушен простор во петокот, се вели во соопштение на портпаролот на Пентагон. - Може да потврдиме дека вчера уште еден руски борбен авион го повреди турскиот и воздушниот простор на НАТО - изјави портпаролот на Пентагон, Марк Рајт. Вашингтон ги повика и Москва и Анкара да преземат...

Турција тврди дека руски бомбардер „су-34“ ѝ упаднал во воздушниот простор

Турција тврди дека руски борбен авион „су-34“ го нарушил турскиот воздушен простор и поради тоа е повикан рускиот амбасадор во Анкара. Како што се наведува во соопштението на турското министерство за надворешни работи, пилотот на рускиот авион е предупреден на руски и на англиски јазик пред да влезе во воздушниот простор на Турција. Турција тврди дека инцидентот со рускиот авион се...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...