fbpx
Таг: воздух

таг: воздух

Еколошките налепници за старите возила заглавија поради уставните измени (видео)

Поради целата постапка со донесувањето на уставните измени во Собранието, во заден план беше турнат Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за возила, кој предвидува неколку промени, меѓу кои и еколошка категоризација на возилата. Од Министерството за економија, предлагачот на законот за „Мета“ одговорија дека се очекува наскоро повторно да влезе во собраниска процедура, односно да продолжи пленарната седница...

Правилници со стандарди стари 50 години ги врзуваат рацете во борбата со загадувањето

Дури шест подзаконски акти врз основ на кои се постапува денес во Македонија, а се однесуваат на квалитетот на амбиентниот воздух се напишани во 1976 година и се сосема застарени, нефункционални, ограничувајќи ги на тој начин инспекциските служби во нивното откривање и санкционирање на загадувачи на воздухот. На сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање, во заглавјето Регулатива/Национално...

Промовирани пет проекти за намалување на загадувањето на воздухот

Фондот за иновации и технолошки развој промовираше пет иновативни проекти, со цел намалување на загадувањето на воздухот. Се работи за методи, кои се во рамките на О2 Предизвик – јавен повик за поддршка на проекти кои ќе помогнат во намалување на аерозагаденоста. -За овој повик ние одвоивме буџетски средства од околу осум милиони денари и очекуваме дека многу скоро во...

Владата ја донесе програмата за намалување на аерозагадувањето

На својата редовна седница вчера, Владата ја усвоила Програмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година. Таа се заснова на четири компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и воспоставување платформа за координација и...

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред

Од денеска, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред, независно од продолжувањето на училишниот зимски распуст, поради кој во изминативе три недели возниот ред беше редуциран, информираат од таму. Од вчера од 12 часот користењето на јавниот превоз е бесплатно. „Одлуката за бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и приватните превозници е дел од итните мерки на Град...

Поставени три нови мерачи на загадувањето, уште седум од следната недела

Страницата „Мој Воздух“ објави дека се додадени уште три мерни станици на мрежата „Airly“ лоцирани на плоштадот Македонија и во населбата Железарница, како и на Широк Сокак во Битола, а податоците од нивните отчитувања на параметрите на загадениот воздух се достапни на страницата. „Airly“ сензорите се трет независен извор на податоци за квалитетот на воздухот во Скопје и во неколку...

Макрадули: Ако и утре продолжи загадувањето ќе стапат на сила времени мерки

Дефиниран е надминат праг на информирање односно сме во состојба на информирање за загадувањето на воздухот кога важат препораките да не се излегува надвор, јавниот превоз да се користи, повеќе граѓани да бидат во едно возило, изјави денеска заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули. За надминувањето на прагот на информирање, Макрадули рече дека е информирана јавноста и институциите...

Малку вистински мерки во буџетот на Скопје за 2019 за аерозагадувањето, смета опозицијата

Од 186-те милиони денари кои Град Скопје ги издвои во буџетот за мерки кои се однесуваат на заштита на животната средина, 97 милиони се за заштита на амбиенталниот воздух, 20 милиони денари за субвенционирање на граѓани за набавка на посовремени уреди за затоплување, субвенционирање на ЈСП за бесплатен превоз во денови на алармантно загадување на воздухот, но и за...

Сите училници во средните училишта во Скопје добија прочистувачи за воздух

Денеска сите средни училишта на Град Скопје добиваат прочистувачи на воздух, најави градоначалникот на Град Скопје, на прес-конференција во СУГС „Орце Николов“ каде што се поставуваа прочистувачи на воздух во училниците. „Во 23 училишта, во секоја училница ќе поставиме вкупно 572 прочистувачи на воздух. Тоа значи дека од денеска па натаму, учениците ќе поминуваат барем една третина од денот во простории со...

Град Скопје подготвува елаборати за загадувањето на воздухот – за догодина

Двете испитувања на загадувањето на амбиенталниот воздух од возилата и од греењето на домаќинствата, предвидени во Програмата за животна средина за 2018 година во Скопје, од кои треба да произлезат конкретни мерки за намалување на загадувањето, ќе бидат завршени следната година, информираат од Град Скопје. „Испитувањата, реализирани во соработка со „Фармахем“ и со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се во...

Скопје не постави свој мерач на аерозагадувањето, иако му беше обврска за 2018

Град Скопје ја завршува годината без поставен мерач на загадување на амбиенталниот воздух во градот, иако тоа беше второ на листата на приоритетни зафати од Годишна програма за активности од областа на животната средина на градот, а од буџетот се издвоени еден милион денари за негово поставување. Во делот на програмата наречен „Заштита на амбиентниот воздух“ стои, меѓу другото, дека...

Цементарница УСЈЕ: Ако не работат филтрите, процесот на работа во фабриката застанува

Цементарница УСЈЕ денеска ги отвори вратите за сите заинтересирани граѓани, организации и институции за да се запознаат со работата на компанијата и да добијат одговори на прашањата за загадувањето. Главниот извршен директор Борис Хрисафов најдоговорно тврди дека Цементарница УСЈЕ во целост работи според сите законски прописи и ги почитува регулативите кои се пропишани од македонското, па и европското законодавство. Тој уверува дека...

Мерките против загадувањето на воздухот треба да почнат од домаќинствата

Мерките кои треба да се спроведуваат за намалување на загадувањето треба да почнат од домаќинствата, оцени академик Глигор Каневче на конференцијата „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“, што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите. - Мерките кои треба да се спроведуваат за намалување на загадувањето треба да почнат од домаќинствата. Треба да имаат печки...

Град Скопје: Сериозно ги сфаќаме предизвиците со загадувањето

Изминатиов период просечните вредности на загаденоста на воздухот не ги надминуваат граничните вредности, односно тоа се случува само во кратки временски интервали и на одредени локации, се вели во реакцијата на Градот Скопје на информациите кои изминативе два дена се објавуваа во јавноста, околу загадуваето на воздухот во Скопје. Од градската администрација велат дека, сериозно ги сфаќаат предизвиците со загадувањето...

Аерозагадувањето во Тетово – приказна која постојано се повторува

Тетово и понатаму се бори со загадувањето на воздухот и е на листата на најзагадени градови во светот. Ситуацијата посебно се влошува кога започнува грејната сезона, бидејќи голем број на граѓани се греат на дрва. Информациите дека во Македонија се дише најзагаден воздух во Европа, од страна на Светската здравствена организација предизвикаа низа реакции кај граѓаните. Велат, најмногу се...

„Еко-свест“ покрена петиција за мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ по најновите извештаи за загадувањето на воздухот во Скопје, покрена онлајн-петиција со која од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Град Скопје се бараат итни чекори за борба против причините за загадување на скопскиот воздух. #СкопјеДише отрови, а сака #ЧистВоздух! - Потпиши се денес! Имаме 10 лесно применливи...

Мерната станица во Лисиче три недели не го мери загадувањето на воздухот

Мерната станица која го мери квалитетот на амбиенталниот воздух во скопската населба Лисиче веќе три недели не е во функција и не покажува податоци за загадување со канцерогените ПМ-10 честички и воопшто не го мери количеството на ПМ-2,5 честичките, а нередовно ги покажува и концентрациите на озон. Инструментот поставен во Гази Баба уште од август не ги мери концентрациите на...

Сончево време со слаб североисточен ветер

Времето денеска ќе биде сончево, а во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северoисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 27 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе...

Загадувањето тропа на врата, Шилегов ќе го решава со долгорочни мерки и обуки за оџачари

Во пресрет на зимската сезона, во која со години загадувањето на воздухот во главниот град ги соборува европските па и светски рекорди, градските власти најавуваат дека ќе се справува со загаденоста преку систем на среднорочни и долгорочни мерки. Како една од клучните мерки се наведува основањето на АД Градски енергетски системи односно преземањето на топловодната мрежа за парно греењето...

Претпладне променливо облачно време, попладне со локален дожд

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 25 Целзисуови степени. Во Скопје ќе биде умерено облачно со...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...