fbpx
Таг: возач

таг: возач

Нема војници на Бундесверот во Украина, ниту пак, има германски тенковски екипажи

Во неделата на 24 септември, германското Министерство за одбрана ја демантираше информацијата што ја пренесоа руските државни медиуми дека наводно е уништен германски тенк Леопард со екипаж од Бундесверот во воената зона во Украина. Покрај ова, општо е познато дека западните земји внимаваат да не испраќаат свој персонал во Украина заедно со военатa помош поради што и се организираат...

Петто рочиште со вештакот за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“, некои од перничињата на осовината биле испукани

Судењето за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи во 2019 година во скопско Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени, денес продолжи во Кривичниот суд - Скопје. Како и на претходните 4 рочишта, беше сослушан и вешакот Зекирја Зекири, кој заедно со неговите 3 колеги работеа на механичкото супервештачење...

Во Струга попладнево фатен возач со 4.07 промили алкохол

МВР соопшти дека денеска во 13.34 часот полициски службеници од СВР Охрид, при сообраќајна контрола на автомобил „опел астра“ со охридски таблички во Струга, го санкционираа возачот К.Б. бидејќи по извршеното алкотестирање биле измерени 4.07 промили на алкохол. На возачот му е одземена му е возачката дозвола и поднесен соодветен поднесок.

Лишен од слобода возачот што прегази девојче на пешачки премин во Велес

Лишен од слобода е А.Н. (29) од Велес, кој со своето возило завчера прегази девојче во Велес, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лицето кое на 17 декември околу 22.15 часот на улицата „Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со...

Возач на автобус на ЈСП нападнал патник

Возач на автобус на ЈСП бр. 24 синоќа физички нападнал патник, соопшти МВР. Според информациите од полицијата, на настанот претходело недоразбирање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Возачот на министрите Бесими и Бектеши доби кривична за загрозување на безбедноста во сообраќајот

Единицата за безбедност на патниот сообраќај до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик. Според увидот на полицијата Ј.Б. (38) со службеното возило „шкода“ не застанал на црвено светло на семафорот и кога навлегол во крстосницата на...

Вистиномер: Не е точно дека возачот на „Беса транс“ заспал и дека немало негова реакција

Пост на Фејсбук шири дезинформации во врска со автобуската несреќа, која се случи на автопатот Струма во Бугарија во која 45 лица загинаа, а 7 беа повредени, во делот на причините, поточно дека возачот на автобусот заспал зад воланот, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во објавата се споделува напис со наслов „Ова е возачот на автобусот: Љупчо можел...

За поминување на црвено 250 евра, повеќето глоби за 50 евра помали

Предлог-законот за безбедност во патиштата, кој предвидува намалување на глобите за сообраќајните прекршоци го помина првото читање во Собрание и се очекува да биде донесен пред прогласување на парламентарните избори, пишува „Порталб.мк“. Граѓаните сè уште плаќаат казни според старата тарифа за сторените прекршоци во сообраќајот, иако законот е во Собрание и се чека да биде донесен. Новите законски измени предвидуваат намалување...

Се врши увид на местото на несреќата, на возачот на автобусот ќе му се испитува крв и урина

Најголем дел од жртвите и повредените во трагичната сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Скопје - Тетово се граѓани на Гостивар, информираше градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. -Жалосен ден за цела Македонија. Има голем број повредени, 13 се загинати, а петмина се во сериозна животнозагрозувачка состоба. Најголем дел од повредените и загинатите се од Гостивар. Се преземаат сите...

Возачот починал од срцев удар, а не од пад во рудникот, реагираат од „Бучим“

Раководството на рудникот „Бучим“, каде претпладнето почина нивен вработен, реагираше на непроверени информаци и претпоставки во некои од медиумите во Македонија, коишто пренесоа дека човекот починал по пад во рудникот. Меѓутоа, 50-годишниот Љупчо Наков, кој работел како возач во рудникот, починал од интензивен срцев удар. Тој се  струполил на земја додека на колега му покажувал каде да се движи цистерната...

Четири девојки се повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип – Струмица

Утрово околу 03.50 часот на магистралниот пат Штип - Струмица се случила сообраќајна несреќа во која, автомобил „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З. (21) од Штип, излетало од патот и удрило во две дрва кои се скршиле и паднале, при што бил оштетен автомобил „пежо 206“. По несреќата, возачот и сопатничките М.Д. (19), М.П. (19), Т.Н. (18) и З.П....

Вработен во Општина Велес им се заканувал на Заев и на Бејли со бесење

Новоизбраниот градоначалник на општината, Аце Коцевски  денеска на прес-конференција  обвини дека пратеникот Илија Димовски има личен возач кој бил вработен во Општината и притоа го оштетил буџетот за голема сума пари. Според пресметките на Коцевски, вкупните долгови на Општина Велес изнесуваат 169.197.606 денари или 2.751.180 евра. Коцевски истакна дека постојат индиции дека двајца вработени во општинската администрација на 27 април учествувале во...

Убиен главниот осомничен за нападот во Барселона, потврди полицијата

Шпанската полиција потврди дека го убила 22-годишниот Јунес Абујакуб, главниот осомничен за терористичкиот напад во центарот на Барселона, во кој загинаа 13 лица, а над 100 беа повредени, јавуваат светските агенции. Абујакуб е осомничен дека го возел белото комби кое влета во маса луѓе на улицата Ла Рамбла. Претходно, полицијата соопшти дека застрелала едно лице кое носело појас со експлозив, во...

Најмалку еден загинат и 32 повредени во терористичкиот напад во Барселона

Најмалку едно лице загинало, а 32 се повредени, од кои 10 сериозно откако комби удри во група пешаци на улица во близина на плоштадот „Каталуња“ во центарот на Барселона, јавуваат светските медиуми. Шпанската полиција потврдила дека инцидентот го третира како терористички напад. Властите апелирале граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот и да не ги напуштаат своите домови,...

Возач загинал кај Стоби

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 19 часот, на регионалниот пат Градско - Неготино кај локалитетот Стоби, животот го загубил С.П. (47) од неготинското село Црвени Брегови. Како што соопшти МВР, автомобилот „киа“ со кој управувал сега загинатиот, излетало од коловозот и се превртело. Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, на телото...

Притворен полицаец осомничен за земање поткуп од стотина граѓани

Триесетдневен притвор му е одреден на полицаец кој пред два дена бил фатен како зема поткуп од возач за да не му напише казна за сторен сообраќаен прекршок. Полицаецот, како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје, ноќта меѓу 15 и 16 октомври вршел рутинска контола на возила во Скопје и запрел автомобил поради три сообраќајни прекршоци. Тој на возачот...

Дваесет и една година од атентатот на поранешниот претседател Глигоров

Пред 21 година, на денешен ден беше извршен неуспешен атентат врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Во атентатот загина возачот на Глигоров, Александар Спировски, a повреден беше и неговиот телохранител Илчо Теовски. Глигоров имаше тешки повреди на главата. Атентатот беше извршен со автомобил-бомба пред хотелот „Бристол“ на улица Македонија. Истражната постапка против непознат сторител е сè уште отворена. Глигоров почина на 1 јануари 2014 година.

Откриени 40 мигранти од Сирија во камион на патот Штип – Кочани

Полициска екипа синоќа, околу 23.30 часот, во камион кој се движел на патот Штип - Кочани открила 40 мигранти со потекло од Сирија, информираше денеска МВР. Полицајците го забележале камионот кај местото Штипска петља, и му дале знак да застане, но возачот продолжил, а по околу еден километар, го запрел возилото и побегнал. „При контрола во товарното возило биле пронајдени 40...

Во возило пронајдени 12 мигранти од Сирија, од нив осум деца

Вчераутро, околу 9 часот, полициска екипа на локалниот пат Кавадарци - Конопиште, во возило, марка „рено еспејс“, со скопски регистарски ознаки, пронашле 12 илегални мигранти со потекло од Сирија, информираат од МВР. Според полициските информации, од мигрантите четворица биле возрасни лица, додека другите осум биле деца. Мигрантите биле приведени, а според МВР, шестмина од нив ќе бидат задржани во Прифатниот центар за...

Полицијата подготвува пријава против возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со официјални информации во врска со синоќешното апсење на возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“, кој до доцна во ноќта беше на распит во полициската станица „Пролет“. Според полицијата, 47-годишниот Н.П. бил уапсен околу 20.15 часот на крстосницата од улиците „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“, „согласно членот 158 став 3 од Законот за кривичната...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...