fbpx
Таг: вооружен инцидент

таг: вооружен инцидент

БИРН открива: Запленетото оружје кај Бањска поминало низ рацете на српската држава

Дел од оружјето коешто го заплени косовската полиција по нападот кај селото Бањска во северно Косово поминало низ рацете на српската држава во изминативе пет години, пишува Балкан Инсајт во обемната анализа што ја спровел тимот на БИРН. Анализата на БИРН не може да докаже како оружјето завршило во рацете на вооружената група предводена од Милан Радоичиќ, но затоа пак...

Убиен чувар при напад на телевизијата Топ Чанел во Тирана

Чувар го загуби животот синоќа кога непознати лица пукале од огнено оружје кон седиштето на националната телевизија Топ Чанел во Тирана, пренесе Гласот на Америка на албански јазик. Полицијата соопшти дека чуварот бил вработен во фирма за физичко обезбедување на објекти. Веднаш била формирана истражна група за расветлување на настанот, откривање и апсење на сторителите, но засега остануваат нејасни околностите,...

Тројца ранети во инцидент во Кичево, меѓу кои и носител на советничка листа

Во вооружен инцидент што вечерва се случил во Кичево ранети се три лица, меѓу кои и носителот на независна листа за советници во општината, Алит Абази, пренесува „Телма“. Напаѓачот, кратко по инцидентот бил приведен од полицијата, а како што потврдиле од МВР за телевизијата, било обезбедно и оружјето од кое било стрелано. Четириесетгодишниот Абази бил застрелан во слабината, додека Дестан Абдиу,...

Пукање на концерт во Австрија, две лица убиени и 11 ранети

Две лица се убиени, а 11 биле ранети, кога вооружен маж синоќа отворил оган за време на концерт во близина на градот Ненсинг во Австрија, а потоа се самоубиство, јавуваат австриските медиуми. Полицијата соопштила дека напаѓачот претходно се расправал со жена на паркинг, а потоа зел оружје од својот автомобил и отиштол на концертот каде почнал да пука на групата...

Обвинителството побарало снимки од видеонадзорот за пукањето во Клинички

Јавниот обвинител што ја води истрагата за вооружениот инцидент во Клиничкиот центар, во кој беше ранет лекар хирург, побарал да бидат одземени снимки од видеонадзорот, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство. „Во предметот за кој прашувате, јавен обвинител што постапува во предметот има издадено до надлежните служби наредба за одземање снимки од видеонадзор“, стои во одговорот на обвинителството на нашето прашање дали...

Караѓозов: До петок нема да оперираме поpади револт од известувањето на медиумите

Лекарите на Клиниката за дигестивна хирургија во наредните три дена ќе работат само на итни случаи, а ваквата одлука, според директорот Александар Караѓозов, пренесува МРТВ, била донесена поради револт за начинот на кој медиумите известувале за вооружениот инцидент во кој беше ранет хирургот Љубомир Огненовиќ. Караѓозов изјавил дека за одлуката добиле поддршка и од министерот за здравство, Никола Тодоров, со...

Дали безбедносните камери го снимиле пукањето на Клинички?

Три дена по вооружениот инцидент, во кој беше ранет лекар хирург на Клиниката за дигестивна хирургија, надлежните не кажуваат дали дивеењето на осомничените било снимено на камерите од видеонадзорот и дали тие воопшто работат. Во 2008 година, Министерството за здравство набави и инсталираше околу 1.200 камери во Клиничкиот центар и во другите здравствени објекти за што се потрошени околу еден...

Лекарите од дигестивна денеска јавно ќе го изразат својот револт

Лекарите од Клиниката за дигестивна хирургија утрово имале состанок на кој, како што ни рече директорот Александар Караѓозов, решиле да го искажат својот револт по завчерашниот инцидент, во кој беше пукано и беше ранет хирургот Љубомир Огненовиќ. Караѓозов вели дека во текот на денешниот ден ќе испратат писмено соопштение до медиумите во кое ќе ги изнесат своите ставови. - Денеска ќе...

Двајца браќа осомничени за пукањето во хирургот во Клинички центар

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против И.Н. (34) и против неговиот брат А.К.Н. (36) за вчерашниот вооружен инцидент во клиничкиот центар, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ. Според МВР, И.Н. се товари за обид за убиство и за недозволено држење оружје или распрскувачки материи, а неговиот брат А.К.Н., според кривичната пријава, е осомничен за соизвршителство, насилство...

Вооружен инцидент во Клиничкиот центар во Скопје

Утрово во Клиничкиот центар во Скопје се случил вооружен инцидент. Според неофицијални информации, во инцидентот имало повредени лица, односно бил ранет лекар од абдоминална хирургија, а во него, наводно, стрелал незадоволен пациент. Полицијата привела две лица, но од МВР нема потврда на информацијата. Влезот во болницата бил забранет и имало зголемено присуство на полицијата и на специјалните сили. Од Секторот за внатрешни работи Скопје...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...