fbpx
Таг: вонредно оценување

таг: вонредно оценување

Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова против Судскиот совет

Управниот суд ја одбил тужбата на судијката Лидија Неделкова против Судскиот совет, во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседател на Врховниот суд, јавува „Телевизија 24“. Неделкова поднесе тужба до Управниот суд откако Судскиот совет го одби нејзиниот приговор во кој таа имаше забелешки на начинот на кој Советот го спровел вонредното оценување на кандидатите за претседател...

Судиите Неделкова и Џолев најавија тужби против Судскиот совет до Управниот суд

Судиите Иван Џолев и Лидија Неделкова најавија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд заради одлуките на Судскиот совет, кој ги одбил нивните приговори во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, пишува „Алсат М“. Џолев и Неделкова велат дека нивните забелешки биле поткрепени со факти, а при оценувањето...

Новите претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд ќе се знаат по Нова година

Новите претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1 ќе бидат избрани по Нова година, потврди денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бидејќи сè уште е во тек вонредното оценување на кандидатите за оваа функција во двата суда. Советот, како што рече Караџовски, мора да го почитува и рокот од осум дена за жалба, бидејќи вонредното оценување се...

Судскиот совет избира в.д. претседател на Врховниот и на Кривичниот суд

Судскиот совет на Република Македонија денеска на седница, закажана за 11 часот, ќе избира вршители на должност претседател на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, бидејќи на досегашните претседатели на овие два суда, Лидија Неделкова и Владимири Панчевски, вчера им истече мандатот. Одлуката за определување в.д. претседател на Врховниот и на Кривичниот суд во Скопје е втора точка од...

Вонредно ќе се оценуваат кандидатите за претседател на Кривичниот и на Врховниот суд

Судскиот совет на денешната седница одлучи да изврши вонредно оценување на кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1, Врховниот суд и на основните судови во Тетово и во Штип. На седницата, која беше затворена за јавноста, членовите на Судскиот совет околу три часа дискутираа за потребата од вонредно оценување на кандидатите за претседатели на судовите и за состојбите во...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...