fbpx
Таг: Војводина

таг: Војводина

Невреме предизвика поплави на северот на Србија, „реки“ по улиците и во Нови Сад

Големо невреме со обилни дождови и грмотевици, град и силен ветер го зафати вчера приквечер северот на Србија, при што во Војводина и во Срем погодени беа и поголемите градови Нови Сад, Зрењанин, Рума, Шабац и Валево, јави српскиот весник „Данас“. Силен дожд имало и во Крагуевац, во централна Србија. Метеоролозите невремето со обилни врнежи го припишуваат на влијанието на...

Истиномер: Никој ништо не знае вистински за корона вирусот, ама сите мудруваат

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Партијата на Вучиќ победи на парламентарните, покраинските и на локалните избори во Србија

Уште еден четиригодишен мандат за владеење на партијата на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ. Српската напредна странка (СНС) оствари убедлива победа на вчерашните парламентарни избори во Србија, освојувајќи повеќе од два милиона гласови. Тоа го соопшти доцна синоќа Вучиќ, од седиштето на партијата во Нов Белград. Партијата на Вучиќ победи и на покраинските избори во Војводина, на локалните избори...

Унгарска вечер во Прилеп

Со почеток во 20.30 часот на просторот околу Градскиот Саат во Прилеп, денеска ќе се одржи Унгарска вечер, на која ќе настапат оркестарот „Фокош“ и ФГ „Селенце“. Овој културен настан е организира од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп, во соработка со Здружението на Унгарци „Телехаз“ и Амбасадата на Унгарија. Интересно е што Фолклорната група „Селенце“ доаѓа од Бечеј,...

Заев: Србија е земјата со која односите најмногу ни напреднаа во последните пет години

Перцепцијата на граѓаните во Република Македонија е дека Србија е на прво место од соседите со кои најмногу се подобрени односите во последните пет години, сосед со кој граѓаните имаат најдобри лични искуства, сосед чија историја и култура најдобро ги познаваат, сосед за кој се има најдобро мислење, како и сосед со кој би сакале најблиски односи, рекол македонскиот...

Иванов ќе присуствува на 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина

Претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува на свечена академија по повод 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина, на 30 октомври во Панчево, јави дописничката на „Мета“ од Белград. Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија најавил дека на централната свеченост во Центарот за култура на Панчево ќе присуствува и српскиот претседател, Томислав Николиќ. Пред одржување на свеченоста, двајцата претседатели ќе...

Дачиќ: Нема да има референдуми за одвојување на Војводина и за спојување на Косово

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска ја отфрли можноста за одржување референдуми за одвојување на Војводина од Србија и за спојување на Косово кон Албанија. - Референдумот во Војводина секако не е можен затоа што за тоа треба да се донесе одлука, а оние кои го предлагаат тој референдум немаат мнозинство да донесат одлука ни во месна заедница, а камоли...

Војводина: 19 ученици затруени со гас на час по физичко

Деветнаесет ученици од основно училиште во местото Шајкаш во Бојводина се оснесвестиле за време на часот по физичко воспитување, најверојатно, поради труење со плин, јавуваат војводинските медиуми. - Дошло до масовно труење на деца со гас, а 10 ученици се хоспитализирани во Детската болница во Нови Сад – соопшти портпаролот на болницата, Душан Вуковиќ, додавајќи дека децата се во стабилна...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...