fbpx
Таг: војна

таг: војна

Израел кажа дека „ја затнал“ границата со Газа, воздушните напади продолжуваат

Израел посочи дека целосно ја обезбедува границата со Газа, откако милитанти од палестинското движење Хамас, кое ја почна најновата војна со Израел во саботата, истиот ден ја пробија граничната бариера на повеќе места, известува Би-би-си. Денеска се очекува голем копнен напад на израелските сили во Газа. Според истиот извор, во текот на изминатото деноноќие немало нови прекугранични упади. Нападите на израелските...

(РЕПОРТАЖА): И воздухот во Молдавија како да трепери од неизвесноста на руската агресија врз Украина

Стара, трошна зграда ги пречекува патниците кои слетале на аеродромот во Кишињев. По големината и уреденоста, неодоливо потсетува на старата зграда на скопскиот аеродром. Веднаш по влезот во малиот објект, следи невообичаена пасошка контрола. На контролниот пункт двајца гранични полицајци, над кои стражари трето лице во цивилна облека. До пултот каде што тие ги прегледуваат пасошите, стојат двајца до...

Објава манипулира со непостоечки „душмански напад“ врз православието

Ниту Македонија, ниту Русија, ниту Србија не се нападнати, како што дезинформираа оваа објава на фејсбук. Русија ја нападна Украина, Македонија има спор со Бугарија, а Србија проблем со Косово. Трите состојби во трите држави се засебни, конкретни и не може да се влече паралела дека некој однадвор ги инструира или ги предизвикува тие состојби, особено не за да...

МНР: Седуммина македонски државјани се во Витлеем, кој не е погоден од нападите во Израел

Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи информира дека седуммина граѓани на С. Македонија во моментов се во државата, но не се наоѓаат во загрозените подрачја. „МНР ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. Според...

Не е вистина дека во војната ќе се мобилизираат сите Украинки од 18 до 60 години

Во објавата е споделена неточна информација дека ќе се прави мобилизација на жените Украинки во војската. Станува збор за неодамнешна законска обврска, според која, почнувајќи од 1 октомври, жените со медицинско или фармацевтско искуство треба да се регистрираат за воена служба, но, за разлика од мажите на возраст меѓу 18 и 60 години, нема да им биде ограничено да...

Нема статистика за самоубиства во руските и украинските затвори

Во оваа објава на Фејсбук намерно се пропушта контекстот и се прави пропаганда дека руската армија е хумана со украинските воени заробеници. Притоа се манипулира со несреќите предизвикани од руската инвазија врз Украина, а руските затвори се претставуваат како хумани места, иако бројните извештаи говорат дека во нив има тортура, репресија, тепање, нечовечко постапување и мачење на украински заробеници....

Руската новинарка што се појави во вести со антивоен транспарент осудена на 8,5 години затвор

Суд во Москва ја осуди на 8,5 години затвор новинарката Марина Овсјаникова, која упадна во вести со транспарент со кој ја осуди војната што Русија ја води во Украина, јави Би-би-си. Пресудата за 45-годишната Овсјаникова, на која ѝ се судеше во отсуство, е дека е виновна за „свесно ширење лажни информации“ за руските вооружени сили. Новинарката изминатата година заедно со...

Украина, Полска и Литванија постигнаа договор за забрзување на извозот на жито

Украина, Полска и Литванија постигнаа договор кој би требало да го забрза извозот на жито од Украина, од што придобивки би имала не само Украина, туку и земји надвор од Европа, соопшти украинското Министерство за земјоделство. Според договорот, инспекциските и царинските проверки наместо на украинско-полската граница, ќе се вршат во литванското пристаниште Клаипеда, на Балтичкото Море. Тоа ќе предизвика полесен...

Невистина за тризабецот на грбот на Украина искористена за да се оправда руската воена инвазија

Војната во Украина не е никаква борба на сатански робови против православието. Украинците не се сатански робови, ниту грбот на Украина е поврзан со бележење сатански симболи. Војната во Украина се води поради територијални претензии на Русија и претставува кршење на низа меѓународни договори, загрозување на животот на цивили, донесе човечки жртви и материјална штета, што се одрази на...

Меѓународен адвокатски тим подготвува досие за Русија поради користење на гладот како оружје

Адвокати за човекови права, во соработка со канцеларијата на Главниот обвинител на Украина, подготвува досие за воени злосторства што би било поднесено во Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ), обвинувајќи ја Русија за намерно предизвикување глад при оружен конфликт, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. „Целта е да се документираат случаите кога руските инвазиски сили користеле глад како оружје во војна“, се...

Мит е дека Русија е во војна со „антирелигиозната“ западна цивилизација

Не може да се тврди, како што е тоа случај во објавата, дека антирелигиозната цивилизација, односно Западот, се борела против Русија. Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во говорот на Путин на два дена пред годишнината од руската агресија, кој уште...

Одлуката за војна или мир во Украина не била во рацете на НАТО и Америка

Тоа што Путин испратил барање до НАТО да не се проширува кое било одбиено, односно таков драфт договор не бил потпишан од страна на НАТО, не ја префрла воената одговорност врз НАТО.  Столтенберг, наспроти изнесеното во објавата, не признава дека НАТО можел да ја спречи војната со ставање крај на проширувањето, туку во видеото кажува дека тоа е неприфатливо,...

Полска престанува со испораки на оружје за Украина, поради спорот за извозот на жито

Еден од најблиските сојузници на Украина, Полска, објави дека повеќе нема да испорачува оружје на својата сосед, поради ескалацијата на спор околу извозот на жито од Украина, пишува Би-Би-Си. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки порача дека фокусот треба да се премести на одбрана со помодерни оружја. Полска досега на Украина ѝ подари 320 тенка од советската ера и 14 воени авиони-ловци...

Нова војна – Азербејџан ја нападна енклавата Нагорно Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека почнало „антитерористички операции“ во подрачја на регионот Нагорно Карабах, кој е под контрола на етничките Ерменци. Во главниот град на Карабах, Степанакерт се слуша минофрлачки оган и сирени за тревога, јави Би-би-си. Според досегашните сознанија, загинале 11 азербејџански цивили и полицајци, во експлозија на мина и во уште еден инцидент. Безбедносните власти во...

Зеленски пред самитот на ОН се чуди што уште Русија бара таму

Само неколку часа пред почетокот на заседавањето на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, украинскиот претседател Володимир Зеленски сугерираше дека меѓународното тело треба да одговори зошто уште дозволува Русија, која изврши инвазија на Украина, да биде дел од организацијата, јави „Асошиејтид Прес“. Зеленски изјавата ја даде посетувајќи ранети украински војници во болница во Њујорк. „За нас е многу...

НАТО не е во војна со Русија, Алијансата само ѝ пружа поддршка на Украина

Русија не е во војна со НАТО, па оттука не може ниту да се констатира дека Русија го победила НАТО. НАТО ја осудува руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. НАТО не испраќа директно оружје во Украина, туку тоа го прават земјите-членки индивидуално и тоа е наведено на...

Со фотографии исечени од видео старо 9 години се тврди дека Пригожин е жив

Фотографиите  споделени во оваа објава на Фејсбук, всушност се исечоци од видео од настан кој се случил во 2014 година. Па тврдењето дека Пригожин е жив врз основа на овие фотографии е манипулативно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин е сè уште жив, а...

Украина не регрутира лица под 18 години, жените се запишани во воениот регистар, но не значи дека ќе бидат регрутирани

Украина  ја намали старосната граница за воен рок од 27 на 25 години, но не регрутира лица помлади од 18 години. Регрутирањето деца во вооружените сили е спротивно на законот во Украина. Што се однесува до жените во Украина, тие од 1 октомври 2022 година се запишани во воениот регистар, ама тоа не подразбира по автоматизам и дека...

Путин со два дезинфо наратива од Владивосток – ново оружје и САД се негативците, а не Русија

Зборувајќи за ново оружје, за случаи од меѓународните односи и грешки што ги правела Москва, ама поголеми биле тие на САД, како и за случајот со Доналд Трамп, рускиот претседател испрати варијација на тема на два руски дезинформациски наратива кои се користат од поодамна, но посебно откако Русија изврши агресија врз Украина лани во февруари – имаме/работиме на ново...

Украина тврди дека освоила нафтени платформи во Црно Море што ги изгубила во 2015 година

Украинската војска вчера се пофали дека освоила стратешки важни платформи за црпење нафта и гас од Русија. Станува збор за платформите „Бојко“ во Црно Море, што Русија ги презеде во 2015 година, по анексијата на Крим, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“. Русија ги користела нафтените платформи како морски хелиодроми, соопшти украинското Министерство за одбрана, порачувајќи дека сега Русија е лишена...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...