fbpx
Таг: војна

таг: војна

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува Би-би-си. Коментарите на поранешен претседател на Европскиот совет доаѓаат по нов напад на Русија врз Украина. Украинскиот премиер Денис Шмигаљ изјави оти украински сили собориле 58 дрона и 26 ракети и...

Русија им забрани на нејзините војници да комуницираат со локалците во окупираните територии

Руските команданти им забраниле на војниците да комуницираат со жителите на окупираните територии во Украина, освен во крајна нужност, јавува украинскиот Центар на национален отпор. Борбените дејствија, пак, продолжуваат со нови случаи на загинати цивили. „Во привремено окупираните територии, непријателот им забрани на припадниците да разговараат со локалците, освен ако нивните задолженија не го налагаат тоа. Причина за одлуката е...

Руската пропаганда повторно шири паника за наводен пуч во Украина

Во регионот повторно кружат гласини дека украинските специјални служби се незадоволни од новото раководство на украинската армија и „подготвуваат“ државен удар. Како и претходно, дезинформациите доаѓаат од руската државна агенција „РИА Новости“, но овојпат главен извор се говорни пораки на еден член од тајна Телеграм група. Автентичноста на снимените говорни пораки не може да се верификува, ниту пак, идентитетот...

„Дрон-коалицијата за Украина“ расте – се приклучува и Канада

Министерството за одбрана на Канада соопшти дека земјата се приклучува на меѓународната иницијатива за опремување на Украина со јуришни дронови. „Канада се приклучува на Коалицијата за дрон-капацитети при Контакт групата за украинската одбрана, која е предводена од Латвија и од Обединетото кралство (ОК). Како дел од Коалицијата, Канада ќе продолжи да бара начини да ги зголеми дрон-капацитетите на Украина“, се...

На 24 февруари 2022 година започна руската инвазија на Украина, а не ,,чистењето на украинските нацисти”

Станува збор за невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател, Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија во Украина која ја почна на 24.февруари 2022 година, сосема неиспровоцирано. Бројни историчари тврдат дека воената агресија во Украина не може да се доведува во корелација со никаква денацификација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Недолична објава повикува на насилство и ги сатанизира ЕУ и НАТО

Во манипулативна објава се пласира познатиот навредлив, непримерен, пропаганден наратив со кој се сатанизираат НАТО и ЕУ. Наспроти тврдењата во објавата, НАТО не е поврзана со религиозна војска, туку во Алијансата можат да пристапат војници без разлика на верската припадност. Вредностите за кои се залага ЕУ немаат никаква врска со легализација на педофилијата. Напротив, тоа е кривично дело во...

Руски дезинформации сејат магла и антизападно расположение во С. Македонија

Бројни дезинформациски наративи се истурија во земјава преку странски канали за да го свртат јавното мислење во полза на Русија, а на штета на Украина од почетокот на воената инвазија до денес. Анализата на пет најчести дезинформациски наративи, како и разговорите со безбедносни експерти и политички фактори, укажуваат на тоа дека руските дезинформации не доминираат во јавниот простор, но...

Руски агенти во мантија

Режимот на Путин ја користи Руската православна црква за ширење влијание во православните земји. Оваа црква врши огромен притисок врз останатите цркви и го спречува доделувањето на Томосот за МПЦ. Преку разузнавачки активности, руските свештеници врбуваат црковни лица насекаде во помесните балкански цркви, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     По руската агресија на Украина, во 2022...

Светската здравствена организација не убива деца во Газа

Не е вистина дека Светската здравствена организација убива деца во Газа, туку претставници на СЗО постојано носат медицинска и немедицинска помош во Газа поради очајните услови за лекување и разрушените болници од бомбардирањата. СЗО собира донации за Газа и постојано повикува за прекин на огнот. СЗО има свои луѓе на терен кои го информираат светот за ужасите на војната...

Украинската војна продолжува, уште гинат цивили

На борбеното поле во Украина и понатаму продолжи гранатирањето и бомбардирањето на цивилни цели, при што во нападите во регионот Донецк во изминативе 24 часа, еден цивил во селото Константинивка го загубил животот, а друг е повреден. Во целиот регион Донецк се повредени уште осум лица, соопшти шефот на Регионалната воена управа на Донецк, Вадим Флашкин. Како што пренесува украинската...

На украинскиот фронт одново борби и напади, Русија го милитаризира високото образование

Британското разузнавање верува дека отворањето на Институтот за светска воена економија и стратегија на Московската Висока школа за економија е знак за потесна соработка меѓу рускиот академски и одбранбениот сектор, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во февруари 2024 година, формиран е нов воен истражувачки институт на Московската Висока школа за економија. Институтот за светска воена економија и стратегија е...

Финансиската помош од ЕУ за Украина не значи дека Европа е во војна со Русија

ЕУ никогаш не повикала на војна со Русија, туку ѝ помага на Украина да го зачува својот територијален интегритет и демократско општество. Европа ја осудува руската агресија и повикува на нејзин прекин. Што се однесува до тврдењето дека македонските граѓани треба да се подготват за мобилизација, истото е паушално. Никој кај нас досега не најавил никаква мобилизација. Оваа шпекулација досега многупати...

Зеленски се подготвува да смени високи функционери поради „ресетирање“ на украинското раководство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека размислува за „ресетирање“ на раководството во Украина, со промена на неколку високи функционери, заради тоа што има шпекулации дека се подготвува да го отпушти врховниот командант на вооружените сили на земјата, пренесува „Гардијан“. „Неопходно е ресетирање, зборувам за замена на голем број државни лидери, не само во армискиот сектор“, рече Зеленски. Според шпекулациите, Зеленски е...

Нуклеарната безбедност ќе биде тема на разговор меѓу Лихачев и Гроси

Шефот на руската државна нуклеарна компанија „Росатом“, Алексеј Лихачев, планира кон средината на февруари во Русија да се сретне со раководителот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, пренесува „Гардијан“. Лихачев рекол дека со Гроси ќе разговара за прашањата за нуклеарната безбедност, како и за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје во Украина. Русија ја презеде централата во Запорожје, најголемата во...

Русија цели кон украинската инфраструктура во воздушните напади

Русија изврши напади со беспилотни летала и ракети насочени кон цивилна инфраструктура низ широки области на Украина, соопштија денеска киевските воздухопловни сили, пренесе „Гардијан“. Засега нема информации за жртви во нападите. Русија и Украина ги зголемија воздушните напади во последниве месеци, а кои се насочени кон воена, енергетска и транспортна инфраструктура. Воздухопловните сили на апликацијата „Телеграм“ соопштија дека Русија го нападнала...

Не е точно дека Западот никогаш не се грижел за Украина

Украинците не се испраќаат на фронтот за да умираат, туку за да го бранат територијалниот интегритет на својата земја. Украина не бараше војна, туку е принудена да се брани од рускиот агресор. Не е вистина дека Западот никогаш не се грижел за Украина. Западните земји постојано ѝ испраќаат помош на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Макрон треба да дојде во Украина со долгометни ракети

Францускиот претседател Емануел Макрон ја најави својата посета на Украина во следниот месец, ветувајќи дека ќе донесе десетици долгометни ракети SCALP за украинските вооружени сили, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Станува збор за двостран договор што треба да се финализира при посетата на Макрон на Кијив. Според Ројтерс, во деновите пред посетата на Макрон, може да се очекуваат 40...

Реклама за казино претставена како сатанистички ритуал во црква во Украина

Видео во кое се гледаат пејачи, маскирани и нашминкани како ѓаволи, кои пеат на украински, се користи од страна на руската пропаганда за да се дезинформира јавноста дека е снимено во украинска црква и како небаре Украина е сатанистичка и демонска. Но, ова видео не е снимено во црква во Украина, ниту е некако поврзано со религија, како што...

Украинските сили собориле руски шпионски и команден авион

Украина соопшти дека соборила руски шпионски авион А-50 и команден авион Ил-22 во областа на Азовското Море, пренесе „Гардијан“. Началникот на армијата Валериј Залужњи, на Телеграм напишал дека воздухопловните сили на Украина уништиле непријателски авион за откривање радар со долг дострел А-50 и непријателски воздушно контролен центар ИЛ-22. „Благодарен сум на воздухопловните сили за совршено планираната и извршената операција во регионот...

Рускиот новинар Минкин додаден на руската „црна листа“

Руското министерство за правда ги прогласи рускиот новинар Александар Минкин за странски агент, заедно со авторот на Телеграм-каналот „Moscow Calling, Андреј Куршин и поранешниот советник во Градското собрание на Москва, Јушкар-Ољи Антон Соколов, пренесуваат руските и меѓународните агенции. Заедно со нив, на листата на „странски агенти“ беа додадени и интернет-сајтот „Холод“ и еден од најпознатите руски писатели на денешнината, Григориј...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...