fbpx
Таг: воена база

таг: воена база

Руската воена база „Енгелс“ нападната со дрон, три лица загинаа

Три лица загинаа во нападот врз руската воена база „Енгелс“ во близина на рускиот град Саратов, пренесува Би-би-си. Руското Министерство за одбрана преку соопштение обвини дека станува збор за украински дрон, кој го извршил нападот од воздух, и дека противвоздушната одбрана го соборила беспилотното летало, но наводно „како резултат на паѓањето на остатоци од дронот, три лица од воениот...

Уништени најмалку осум воени авиони во нападот врз руската база на Крим

Најновите сателитски снимки од 10 август од руската воена база Саки на Крим покажуваат големи штети и уништени руски воени авиони по експлозиите кои се случија завчера во рамките на оваа воздухопловна база, пишува Гардијан. Во експлозиите се уништени најмалку осум воени авиони, а засега останува нејасна причината поради која настанале експлозиите. Украинските власти засега не ја презедоа одговорноста за...

Воена база во Македонија побарал Ердоган од Заев, тврди Теодоракис

Лидерот на центристичката, социјално-либерална грчка партија Река, Ставрос Теодоракис, во емисијата „Сега“ на грчки „Скај“ изјави дека „Таип Ердоган му побарал на Зоран Заев да Турција отвори воена база“ како контра услуга за поддршката и помошта што земјата би ѝ ја давала на Македонија, пренесува десничарскиот грчки „Елефтерос типос“. И Грција и Турција се членки на НАТО, но постојано се во судир околу...

Мачнина кај 11 лица откако било отворено писмо во воена база во САД

Вкупно 11 лица, меѓу кои и маринци, вчера почнале да чувствуваат мачнина откако било отворено писмо со непозната супстанцa. Инцидентот се случил во заедничката воена база „Мајер Хендерсон Хол“ во Арлингтон, САД, јавија американските медиуми. Три лица биле префрлени во болница, но се во стабилна состојба. Другите што имаат симптоми добиваат лекарска помош во базата. Откако писмото било отворено и биле...

Најмалку 11 загинати во напад на воена база во Кабул

Најмалку 11 војници загинаа, а 15 се ранети во напад на воена база во близина на воената академија во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти авганистанското министерство за одбрана, пренесуваат светските медиуми. Во нападот учествувале петмина милитанти, од кои четворица се убиени за време на нападот, а еден е уапсен, рекле од министерството. Како што јавува новинската агенција „Амак“, одговорноста за...

Германија го почна повлекувањето на трупите од базата Инџирлик

Германија почна да ги повлекува своите трупи од воздушната база Инџирлик во Турција, откако Анкара им го забрани пристапот на германските претставници во таа база. Претходно повлекувањето на трупите од базата го одбори германскиот парламент. Германските авиони би требало да продолжат да изведуваат операции од Инџирлик барем до крајот на јули, како дел од мисијата со која се обезбедува поддршка на...

Во напад на екстремистите убиени се 70 лица во Сомалија

Седумдесет лица загинаа, а најмалку 40 се повредени откако терористичката група Ал шабаб нападна воена база во автономната држава Пунтланд во Сомалија, соопштија сомалиските власти. Жителите на Пунтланд тврдат дека многу цивили, вклучувајќи и жени, се обезглавени. Властите велат дека нападот во Пунтланд е најсмртоносниот во последните неколку години. Високиот воен претставник, Ахмед Мухамед рече дека нападот почнал со експлозија во зафрлениот...

Десет загинати при напад на воена база во Авганистан

Најмалку 10 авганистански војници загина во напад што екстремистите го извршија на воена база во јужната провинција Кандахар, соопшти денеска авганистанското министерство за одбрана. Ова е најнов напад на авганистанските сили кои ги поддржува Западот. - Синоќа непријателите на Авганистан го нападнаа кампот Ачакзаи воениот корпус 205 во округот Шах Вали Кот. Десет храбри војници загина од маченичка смрт, а девет...

Повеќе од 100 лица убиени во напад на воена база во Авганистан

Повеќе од 100 војници загинале во нападот на талибанците на воена база на северот на Авганистан, соопштило утрово авганистанското министерство за одбрана, јавуваат светските агенции. Станува збор за прво официјално соопштение на авганистанските власти по нападот на базата во градот Мазар-е-Шариф, кој се случи вчера и траеше неколку часа и за кој првин извести командата на силите на САД во...

Трамп првпат нареди напад, бомбардирана воена база во Сирија

Од американските разорувачи во Источниот Медитеран истрелани се десетина ракети „томахавк“ на позиции на сириската војска, а операцијата ја наредил претседателот Доналд Трамп како одмазда за наводниот напад со хемиско оружје на силите на Башар ал Асад во Идлиб, јавија светските агенции. Претставник на Белата куќа соопшти дека се истрелани 59 прецизно-наведувачки ракети, кои ја погодиле воздухопловната база Шајрат во...

Талибанците нападнаа воена база во Авганистан – четворица загинати и 14 повредени

Четири лица загинаа, а најмалку 14 се повредени во денешната експлозија во најголемата американска воена база во Авганистан, соопшти НАТО. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. „Експлозивната направа е детонирана во воздушната база Баграм и има повеќе жртви. Екипите во Баграм им помагаат на ранетите и го истражуваат инцидентот“, соопштија од НАТО. Сепак, од Северноатлантската алијанса не соопштија од која националност...

Турскиот премиер најави затворање на воена база и на касарните што ги користеа пучистите

Турција ќе ја затвори воздухопловната база во близина на Анкара, како и сите касарни што ги користеле одметнатите војници за време на неуспешниот обид за воен удар пред две недели, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим. - Ќе ги затвориме сите касарни од кои излегоа тенковите и полетаа хеликоптерите – рече Јилдирим, обраќајќи се во близина на воздухопловната база Акинџи, северно...

Исклучена струјата во базата Инџирлик

Локалните турски власти го спречуваат влезот и излезот од воздухопловната база Инџирлик во близина на градот Адана, каде што е исклучена електричната енергија, соопшти конзулатот на САД. Конзулатот ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат таа воена база сè додека не биде воспоставено нејзино нормално функционирање. https://twitter.com/CNN/status/754300666416394240 Воената база Инџирлик е база на единиците на турското воено воздухопловство, како и на американските...

Нападната воена база во Јемен, убиени шест војници и 20 напаѓачи

Шест војници загинаа при напад на јеменската воена база Солабан, соопшти армијата, додавајќи дека при одбраната на базата, ликвидирани се околу 20 напаѓачи. Како што јавуваат локалните медиуми, базата прво била нападната со два автомобили бомби, по што напаѓачите упаднале во воениот објект и зазеле позиции во неколку згради во базата. По четиричасовна престрелка, напаѓачите биле убиени. Засега никој ја нема преземено...

Пукање во воената база Ендрјус во САД

Базата Ендрјус на военото воздухопловство на САД, во сојузната држава Мериленд, денеска била запечатена поради извештаи за вооружено лице кое отворило оган во базата, јавуваат светските медиуми. Портпаролот на базата, капетанот Дерек Вајт, за „Би-би-си“ изјавил дека вооружено лице се наоѓало во болницата „Малком Гроу“, во базата. Базата Ендрјус, инаку, е седиште на претседателскиот авион „Ер форс уан“ (Air Force One). https://twitter.com/JBA_NAFW/status/748515844850913280 Инцидентот...

Турција ја одби посетата на германска делегација поради резолуцијата за геноцид

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, потврди дека неговата земја го забранила влезот на висока германска делегација на своја територија, како одговор на усвојувањето на резолуцијата за признавање на геноцидот на Ерменците во германскиот парламент. - Ние сметаме дека посетата е неприфатлива – им изјавил Чавушоглу на новинарите во Анкара. Германските власти соопштија дека државниот секретар за одбрана, Ралф Браукзипе, и...

Ирак: 15 загинати во самоубиствени напади

Најмалку 15 лица загинаа, а 22 се повредени во нападите на пет бомбаши-самоубијци во ирачка воена база, северно од главниот град Багдад. Двајца бомбаши-самоубијци детонирале бомби поставени на автомобили кај капијата на кампот Спичер, поранешна американска база во сунитското предградие на Тикрит, изјави неименуван безбедносен извор. Тројца бомбаши-самоубијци детонирале експлозив откако влегле во базата, навел безбедносниот извор. Исламска држава ја презеде одговорноста...

Индија: Милитанти нападнаа воена база, шестмина загинати

Во напад на база на идниските воздухопловни сили во северозападната држава Панџаб загинаа шест лица, јавуваат локалните медиуми. Група од најмалку пет лица упаднала во базата Патанкот, во близина на границата со Пакистан, а во вооружените напади, кои траеле неколку часа, загинале два инидиски војника и четворица терористи. „Раша тудеј“ јавува дека во меѓувреме дошло до ново пукање во базата и...

Русија ја зајакнува воената база во Ерменија

Руското министерство за одбрана соопшти дека испраќа шест јуришни и транспортни хеликоптери во воздушната база Еребуни, во близина на ерменската престолнина Јереван. Хеликоптери „ми-24“ и „ми-8“ се префрлени од воената база Краснодар на југот на Русија. На почетокот од декември Русија испрати седум хеликоптери во базата во Ерменија, која е еден од клучните регионални сојузници на Москва.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...