fbpx
Таг: Воена академија

таг: Воена академија

Промовирани нови 29 поручници во редовите на АРМ [Галерија]

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска се одржа свеченост на којашто беа промовирани новите 29 поручници во служба на Армијата на Република Северна Македонија (АРМ), кои поминаа шест месечен курс за стручно оспособување. Од нив, 12 се жени, а 17 мажи. На свеченоста присуствуваше и се обрати заменикот министер за одбрана, Башким Хасани кој упати честитки до новите...

Летен кампус на Воената академија – студенти и питомци од 16 земји ќе учествуваат на симулирани вежби во поддршка на мирот

Во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска во Центарот за обука „Пепелиште“ беше отворен 11. Летен Кампус на кој учествуваат 90 студенти и питомци од 16 партнерски и пријателски земји, соопшти Министерството за одбрана. На овогодинешниот Летен кампус, учествуваат питомците и студентите од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Хрватска, Италија, Косово, Латвија, Црна Гора, Норвешка, Полска,...

Армијата доби 23 нови офицери, од кои 10 девојки

Со денешната свеченост во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, свечена заклетва дадоа питомци од 25. класа, а во прв офицерски чин беа промовирани питомците од 21. класа на Академијата. Северна Македонија денеска доби 23 нови офицери, од кои 10 се девојки. Претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска присуствуваа на свечената церемонија. Шефот на државата порача дека во Армијата...

Воената гимназија во Белград попопуларна кај девојчињата отколку кај момчињата

За упис во воената гимназија за наредната учебна година се пријавиле деветпати повеќе кандидати отколку што има слободни места, а оваа година првпат има повеќе пријавени девојчиња отколку момчиња. Портпаролот на министерството за одбрана и за војска на Србија, Јован Кривокапиќ, рече дека во последните десет години заинтересираноста на младите за воената гимназија, но и за средното воено училиште и за...

Груевски: Ќе се отвори универзитет за национална безбедност

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека наскоро ќе се отвори универзитет за национална безбедност. Како што рече премиерот, во состав на овој универзитет ќе влезе и Воената академија и некои други факултети и институти. Според Груевски, со отворањето на овој универзитет ќе се зголеми безбедноста во земјата. „Откако пред неколку години ја возобновивме Воената академија и на неа почнаа да работат повеќе студии кои продуцираат...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...