fbpx
Таг: водоводна мрежа

таг: водоводна мрежа

Драчево и околните села од вчера се без вода за пиење поради пукната цевка

Драчево, Усје, Батинци, Долно Лисиче, Студеничани и Моране од вчера се без вода за пиење поради пукната водоводна цевка на булеварот „Борис Трајковски“. Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје велат дека настанал дефект на цевка со профил Ф600, поради што дошло до прекин на водата за приградските населби од овој дел на Скопје. „При санацијата на дефектот, беа откриени уште неколку...

Загубите на вода за пиење и лани над 60 отсто, во некои општини достигнува и до 92 отсто [инфографик]

Проблемот со загубите на вода за пиење во Македонија и понатаму е горливо прашање за општинските власти. Процентот на неприходувана вода и во 2021 година изнесувал над 60 отсто, во услови на сè поголемо влијание на климатските промени во земјава. Иако се бележи намалување на национално ниво од 1,48 отсто на процентот на неприходувана вода, сепак и лани имало...

Европската Комисија бара да се вложи поголем напор за намалување на загубите на вода за пиење во земјава

Огромните загуби на водата за пиење во водоводните системи во земјава и годинава се најдоа во Извештајот за реформскиот напредок на земјава за 2021 година изработен од Европската Комисија (ЕК). Во Извештајот од македонските власти се бара да вложат дополнителен напор во намалување на процентот на неприходувана вода на национално ниво, а ваквата констатација на Европската Комисија е вклучена...

Рестрикции на вода за пиење во некои општини, рушиме европски рекорди во загуби на вода [инфографик]

Рестрикции на вода за пиење во траење од неколку часа во цели населени места и незадоволство од граѓаните, како и апели од јавните комунални претпријатија за рационално користење на водата за пиење. Ова е сликата во делот на водоснабдувањето низ дел од македонските општини во изминативе недели на високи температури и сушно време. Клучната причина за проблемите со водоснабдувањето во...

Загубите на вода за пиење во водоводните системи низ земјава лани биле намалени за 2,7 отсто [инфографик]

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи низ земјава лани бил намален за 2,7 отсто. Расте свесноста на јавните комунални претпријатија низ земјава за важноста да се намалат загубите на вода за пиење, кои во 2018 година изнесуваа 67,55 отсто, додека во 2020 година се намалени на 61,94 отсто, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. И...

Загубите на вода за пиење во скопскиот водоводен систем лани изнесувале 60,46 отсто [инфографик]

Процентот на неприходувана вода за пиење во главниот град останува горлив проблем, кој не бил надминат лани. Во 2020 година била евидентирана загуба на вода во скопскиот водоводен систем од 60,46 отсто, што претставува минимално намалување во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. „Согласно податоците на ЈП Водовод и канализација Скопје, во...

Загуби на вода за пиење – дел од општините молчат, дел се свесни за огромните загуби што се прават во системите

Општините со најголеми загуби на вода за пиење во водоводните системи во Северна Македонија не се премногу расположени да зборуваат за огромниот проблем што го имаат во нивната инфраструктурна мрежа. Од седумте општини за кои Државниот завод за ревизија објави дека во 2019 година имале најголем процент на загуби на питка вода, „Мета.мк“ во два наврати во изминативе 12...

Порталб: Општина Чаир започна со изградба на водоводната и канализационата мрежа во Серава

Општина Чаир започна со изградба на водоводната и канализационата мрежа во населбата Серава. Од ова општина за „Порталб.мк“ рекоа дека во моментов се одвиваат работи во две улици, а се обезбедени средства и за другите улици. „Ве известуваме дека процесот на регулирање на водоводната и канализационата мрежа во населбата Серава веќе е започната и во моментов работите се одвиваат во...

Вчерашниот дефект во скопскиот водовод доаѓа неколку дена по критиките од ЕУ за загубите на вода во земјава

Вчерашниот дефект на затворачот на водоводна цевка со дијаметар ф500мм на булеварот Кочо Рацин во центарот на Скопје повторно го отвори прашањето за тоа во каква состојба се наоѓа водоводната мрежа во нашите градови. Дотраените цевки стари по неколку децении, дивата потрошувачка на вода од несовесните граѓани, отсуството на прецизно мерење на потрошувачката на вода и користењето на питката...

Општини како Тетово и Неготино и во 2020 година со часови имаат рестрикции на вода за пиење (видео)

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи во земјава лани изнесувал дури 64,64 отсто од вкупното количество произведена вода за пиење. Додека во некои општини, како што е случајот со Скопје, милиони кубни метри вода се губат во дотраените водоводни цевки и диви приклучоци, одредени општини во земјава имаат недостигна питка вода и рестрикции во водоснабдувањето на населението. Water4Changes како...

Водовод и канализација – Скопје започнува кампања за пријавување на дивите приклучоци на вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје започнува кампања со цел подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“. За да се заштити системот за водоснабдување во Скопје, граѓаните кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, можат да пријават на телефонот 02 3073 010 во Дежурно...

Акција за исклучување диви приклучоци на вода во скопски Сарај, Глумово и Шишево

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје со цел заштита на системот за водоснабдување спроведе акции за исклучување на диви приклучоци во скопските села Глумово, Шишево и Сарај. Против сите иматели на див приклучок на вода, поднесени се прекршочни пријави. „Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален...

Загубите на вода во водоводните системи лани биле намалени, но далеку од потребното ниво (инфографик)

Водоводните претпријатија лани успеале да го намалат нивото на неприходувана вода на национално ниво за приближно 3 отсто, но тоа е далеку од прифатливите меѓународни стандарди за процентот на загуби на вода за пиење во водоводните системи. Од 271.262.710 метри кубни вода, колку што била произведена од водоводните системи во земјава лани, дури 175.349.029 метри кубни вода (64,64 отсто)...

Инвестирањето во намалување на загубите на води е до 40 пати поевтино од барањето нови извори (инфографик)

Македонија е една од земјите во кои најголем потрошувач на водата за пиење се самите системи за снабдување со вода на општинските јавни претпријатија. Со дотраените цевки од кои протекува вода, неконтролирањето на дивите потрошувачи на вода, непоставените мерачи за потрошена вода и неутврдениот начин на контрола на питката вода што се троши за полевање на јавните површини и...

Загубите на вода во скопскиот водоводен систем лани биле минимално намалени (инфографик)

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од Скопје лани успеало само минимално да го намали годишниот процент на неприходувана вода. За една година, нефактурираната вода во скопскиот водоводен систем опаднала за само 0,55 отсто, и тоа од 62,93 отсто на 62,38 отсто. Генерално земено, екипите на ова јавно претпријатие успеале да ги намалат физичките губитоци на водата за пиење во...

Вода за пиење ќе имаме сѐ помалку ако не ги намалиме губитоците (инфографик)

Дури 93 отсто од македонските домаќинства имаат пристап до вода за пиење од водовод. Водата за пиење во нашата земја се смета за универзално загарантирано право кое треба да биде достапно за сите, по што е можно пониска цена. Граѓаните негодуваат пред секое зголемување на сметките за вода, исто како и во моментите кога мора да се воведат рестрикции...

Дупките во цевките трошат најголем дел од водата за пиење во Македонија (инфографик)

Одредени делови од Македонија ќе се соочат со недостиг на вода за пиење, доколку во наредниот период не се одвојат позначителни средства за реконструкција и надградба на водоводните системи низ општините. Актуелните податоци покажуваат дека најголем потрошувач на вода за пиење во национално ниво е токму неприходуваната вода, во која што категорија спаѓаат физичките губитоци од дупките во водоводните...

Неопходни се сериозни инвестиции за да се намалат загубите на вода за пиење

Водоводните системи низ македонските општини се стари по неколку децении и во моментов им се неопходни сериозни инвестиции за да ги намалат загубите на вода за пиење. Податоците за 2018 година на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека процентот на неприходувана вода изнесувал помеѓу 32 и 78 отсто на годишно ниво кај давателите на водни...

Низ старите цевки и со дивите приклучоци губиме една третина од водата за пиење во Скопје (инфографик)

Околу една третина од вкупните количества вода за пиење што во 2018 година влегле во цевките од скопскиот водоводен систем се фактурирани како губитоци на вода, покажува Годишниот извештај од работењето на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Во водоводниот систем на главниот град исчезнале 34.158.252 метри кубни вода, што е повеќе од вкупните количества вода што на годишно...

Од утре до недела затворена улицата 23 Октомври

Град Скопје соопштува дека од утре до недела ќе биде затворен за сообраќај кракот од улицата 23 Октомври (поранешна Владимир Комаров) до крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, односно на потегот кој минува под Транспортен центар. На таа локација ќе се вршат работи за изведба на нова фекална канализација и реконструкција на водоводната мрежа.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...