fbpx
Таг: Водно

таг: Водно

Мета факт: Општина Карпош не изгради трим патека до крстот на Водно

Општината Карпош досега не изгради трим патека за рекреација на граѓаните до Милениумскиот крст на Водно, иако овој проект беше едно од изборните ветувања на градоначалникот Стевче Јакимовски. Од Општината сега информираат дека не се подготвени самостојно да го реализираат овој проект, туку дека само би учествувале доколку Градот Скопје го реализира. Според ова, можеме да заклучиме дека ова ветување...

Фотовест: На снег и на чист воздух на Водно

Десетици граѓани денеска го искористија убавото време за да се прошетаат на првиот снег и да дишат чист воздух на најблиската планина до главниот град, Водно. На средно Водно има околу 10 сантиметри снег, а кон врвот снежната покривка е поголема. На Водно работи и жичарницата, која посетителите ја користат за да стасаат до врвот Крстовар и да уживаат во убавото...

Жичницата на Водно од утре ќе работи од 10 до 17 часот

Јавно сообраќајно претпријатие - Скопје (ЈСП) извести дека од утре, 1 ноември, жичницата на Водно ќе работи во зимски режим, односно од 10 до 17 часот. Во период 16-16.30 часот ќе биде последното возење од долу кон врвот, односно во 16.45 часот е последно возење од врвот надолу. Ова работно време ќе се применува до март следната година. И понатаму, секој понеделник...

Мета факт: Го нема специјалниот закон за заштита на Водно ветен од Данела Арсовска

Не е изготвен специјален закон за заштита на Водно, а парк шумата и понатаму останува Заштитен предел во категорија V, врз основа на одлуката на Министерството за животна средина. Градоначалничката Данела Арсовска во декември 2021 година на средба со граѓанските организации „Го сакам Водно“ и „О2“ вети дека Градот Скопје ќе иницира изработка на закон за да се подигне...

На Водно се градело на земјиште предвидено за лозја, инспекција ги запре градежните активности

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи, денеска излегол на терен на Водно, каде биле забележани градежни дејствија. Според известувањето од општината, станувало збор за четири парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште,...

Жичарницата на Водно ќе сообраќа до 20 часот

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од овој месец Жичарницата ќе сообраќа два часа подолго, поточно од 10 до 20 часот. Последното возење од Средно Водно кон врвот ќе биде од 19 до 19,30 часот, а обратно во 19,45 часот. Со новото, продолжено работно време на Жичарницата ќе биде усогласен и возниот ред на автобуските линии до Средно Водно. До...

ЈСП за велигденските празници ќе вози по неделен возен ред, паркирањето во Центар бесплатно

Во престрет на велигденските празници, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ја информира јавноста дека возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат според изменет возен ред. Утре сите автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред, освен на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160 и 164 кои ќе се движат според саботниот возен ред. Во текот...

Жичницата на Водно од утре ќе работи еден час повеќе

Од утре жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе. Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) соопшти дека работното време ќе биде од 10 до 18 часот. Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Од ЈСП потсетуваат и дека...

Димитар и Тамара победници на денешната десеткилометарска трка на Водно

Димитар Петровски во машка конкуренција, кој истрча 10 километри за 30 минути и 8 секунди и Тамара Јолева Попов во женска конкуренција, која истрча за 41 минута и 11 секунди, се двајцата победници на денешната трка што се одржа на Водно. На атлетската трка која годинава се одбележува по втор пат, годинава се пријавиле околу 320 учесници, бројка која...

Мета-факт: На Водно не е засадено ниту едно дрво како компензација за гасоводот

Нема нови дрвја засадени на Водно како компензација за изградбата на гасоводот чија изградба започна во 2018 година. Како одговор на многуте реакции на граѓаните и еколошките организации заради одлуката трасата на гасоводот кон Гостивар да се движи преку парк шумата, што неминовно беше сечење здрави децениски дрвја, Владата во својот План за чист воздух предвиде компензација од десет...

ЦУК: Слободно пешачете на Водно, забрана за движење нема

Низ парк шумата Водно или низ националните паркови Шар Планина, Маврово, Галичица и Пелистер, може да се движите слободно, без никакви ограничувања, информира Центарот за управување со кризи. Оттаму додаваат дека доколку граѓаните планираат да се движат низ останатите планински делови од државата, може да побараат писмено одобрение за движење во некоја од локалните подружници на ЈП Национални шуми. „Центарот...

По десетти пат на Водно се одржа трката „прв до врв“

По десетти пат се одржа трката „прв до врв“ на која учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, кои со планинарење, трчање или возење велосипед ја искачуваа планината Водно, и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот. Велосипедската трка започна пред Музејот на град Скопје, а планинската трка пред ОУ Кочо Рацин. Трката „прв до врв“...

Граѓанските организации очекуваат брзо да се изработи специјалниот закон за заштита на Водно

Водно да се заштити со специјален закон, во кој ќе бидат земени во предвид сите аспекти на заштитата на планината, но и на Скопје. Оваа тема повторно стана актуелна кога градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на средба со еколошки организации најави дека Градот Скопје ќе иницира повисок степен на заштита на Водно со закон, откако минатата година Министерството за...

[Фотовест] Првите темјанушки се појавија на Водно под стопениот снег

Температурите од околу 10 степени изминатиов викенд интензивно го топеа снегот на Водно. Меѓу растопениот снег се појавија првите темјанушки, кои го наговестуваат будењето на природата и доаѓањето на пролетта. Како и минатите години, топлото време и натпросечните температури во зимскиот период ги приморуваат кокичињата да се разбудат од зимскиот сон многу порано од вообичаеното. Климатските промени периодов наназад предизвикуваат...

[Фото] На Водно и викендов хаос со паркирањето, градските власти молчат

И викендов хаос на Средно Водно со преголемиот број на возила што непрописно се паркираат. Најголем дел од граѓаните одат на Водно со автомобили, коишто надвор од секакви правила ги паркираат на патните правци меѓу Долно и Средно Водно и меѓу Средно Водно и Нерези. Поради ова, автобусите 25, 25А и 25Б вчера едвај се разминуваа од паркираните возила,...

[Фото] Викендов на Средно Водно сообраќаен хаос, паркира кој каде ќе стигне

Бесплатните автобуси за викенди и празници до Средно Водно проработеа, функционален е и бесплатниот паркинг кај „Дом на печат“, но граѓаните на Водно за викенди продолжуваат да одат со автомобили. Мета.мк вчера беше на Водно и забележа хаос со паркирањето. Возила се паркираат на секоја можна слободна површина на патот меѓу Долно и Средно Водно, но и на патот...

Од денеска повторно е во функција жичницата до врвот на Водно

Жичницата на Водно, по речиси две години пауза, од денеска е повторно во функција. Исто така, повторно сообраќаат и автобусите на линиите 25, 25А и 25Б, соопшти Град Скопје. „Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја...

Пуштена втората велопатека на Водно

Љубителите на велосипедизмот на планина од вчера може да уживаат во втората велопатека која е пуштена на Водно. Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка 3 метри со специјално изработени безбедни свиоци и рампи. На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки што ја прави многу безбедна, соопшти Град Скопје. „Патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“....

Скопските пожарникари на Водно ја презентираа опремата за гаснење шумски пожари

Скопските пожарникари придружувани од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска на Водно изведоа показна вежба за гасење шумски пожар со помош на специјална опрема за гасење ваков тип пожари. Опремата се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили. На избрана...

Водно стана заштитен предел, екологистите и понатаму бараат заштита со закон

Водно стана заштитен предел со Одлука која вчера ја донесе Владата. Со ова, информираат од Министерството за животна средина, ќе се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности на планината. Истовремено, се назначи Градот Скопје како субјект кој ќе управува и ќе се грижи за подрачјето и кој ќе донесе План за управување. Планот ќе треба да...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...