fbpx
Таг: вода

таг: вода

Лани сме ја зголемиле потрошувачката на вода за пиење колку што вкупно користи Североистокот на земјава годишно [инфографик]

Во Македонија расте потрошувачката на вода за пиење низ годините, при што минатата година од водоводните системи биле зафатени и преземени рекордни количества на питка вода од природата. Според податоците на Државниот завод за статитистика, во 2020 година од јавните водоводи во земјава биле произведени вкупно 313.031.000 метри кубни питка вода, односно за речиси 10 милиони метри кубни вода...

Во завршна фаза проект за надминување на загуби на вода во ЈП Водовод и канализација – Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во насока на унапредување и подобрување на услугите за граѓаните, работните процеси како и системот во целост, во соработка со Водовод Будимпешта, и со грант од инструментот Western Balkans Green Center (WBGC), основан во Унгарија за поддршка на зелената транзиција во земјите од Западен Балкан, спроведе проект за намалување на загуби на вода. Проектот,...

Лабораторијата за животна средина се акредитираше за вода и бучава, тестирањето на воздухот се планира за понатаму

Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање се акредитираше за тестирање на шест методи за квалитет на вода и една за бучава. Министерот Насер Нуредини информираше дека вчера државната лабораторија официјално го добила сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија од Институтот за акредитација. Во наредните фази е планирана и акредитација на...

Саниран дефектот поради кој половина Скопје остана без вода

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информира дека дефектот на булевар Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цевка од ф1400мм, е саниран а граѓаните имаат нормализирано водоснабдување. Од таму додаваат дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, непрекинато работеле на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстраниле истиот. „Ваквите дефекти се навистина многу ретки,...

Голем дефект на водоводната мрежа во Скопје: Половина град ќе остане без вода

ЈП „Водовод и канализација“, Скопје информира дека како разултат на голем дефект на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, голем дел од корисниците од град Скопје ќе имаат прекинато водоснадување или намален притисок. „Имено станува збор за дефект на ф500мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1400мм, а со тоа голем дел од град Скопје ќе...

Аерозагадувањето, климатските промени и обновливите извори највисоко на еколошката агенда на новата Влада

Интензивно зазеленување на земјата и промена на начините за загревање на институциите и домовите, како еден од најитните одговори на аерозагадувањето, потоа соодветен третман на отпадот како и нови транспортни политики со акцент на субвенции за еколошки возила и велосипеди, се главните еколошки определби на новата Влада во програмата за периодот од 2020 до 2024 година. Ќе се работи...

Граѓаните и екологистите предупредуваат: Малите хидроцентрали ѝ се закануваат и на Маркова река

Да престане уништувањето на водените ресурси заради изградба на мали хидроцентрали, апелираат од невладината орханизација „Еко свест“. Тие реагираат на последниот случај на, како што велат, уништувањето на горниот тек на Маркова река, заради изградба на мала хидроелектрана, за што деновиве на социјалните медиуми реагираа и многу жители на Скопје. Екологистите се децидни дека Владата мора да ги запре...

Ахмеди: „Студенчица“ летово веројатно ќе има доволно вода за сите населени места

Ова лето сите општини приклучени на регионалниот водовод „Студенчица“ ќе имаат доволно вода за пиење. Досега изворот има доволни количества вода, а надлежните прогнозираат дека хидролошката состојба и натаму ќе биде поволна, дознаваме од Урим Ахмеди, директор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“. „Досега врнежи има доволно, нема никакви проблеми, и ниту една од општините не се пожалила на проблеми...

Должниците за вода можат главниот долг и трошоците да ги платат без камата, на рати

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека согласно Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, донелe одлука со која извршиле отпис на побарувања по основ на наплата на затезна односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети пренесени кај нотарите и извршителите како и...

Сметките за струја на рати и без камати за погодените граѓани

Граѓаните кои се погодени од корона кризата. односно земаат минимални плати, сметките за струја за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски. -Сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор -...

Крстевска: Недостигот од вода за пиење ќе биде првата последица од климатските промени

Во третата епизода од „Разговори за иднината“ која ја организира Движењето против климатски промени „Петоци за иднината“, Евгенија Крстевска, правник во областа на животна средина вели дека пандемијата ни покажа колку е важна хигиената и потребата од вода. „Поради климатските промени, првиот проблем со кои би се соочиле граѓаните во блиска иднина е недостигот  на вода за пиење. Вториот проблем...

Нема сапун – нема мир: Средношколците бараат средства за хигиена во училиштата

Сите ни зборуваат дека многу болести доаѓаат преку нечистите раце, а никој не се загрижил за тоа што немаме сапун во училиштата во кои поминуваме и по осум часови во денот. Ова е реакција на средношколците кои преку Сојузот на средношколци започнаа кампања на социјалните мрежи наречена #немасапун или #skasapun објавувајќи фотографии од десетици училишни тоалети ширум земјава кои...

Нивото на Охридското Езеро под просекот за јануари

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи Охридско Езеро е на кота од 693,26 метри надморска височина што е за 12 сантиметри под просекот за јануари. Исто така денеска беше измерена температура на езерската вода од 6,5 Целзиусови степени. Од УХМР информираат дека сувото време ќе продолжи и во наредните денови и во првата половина на овој месец не...

Индустријата троши огромни количества вода за пиење како технолошка

Во период кога климатските промени земаат се поголем замав и кога водата за пиење станува богатсво од непроценливо значење деловните субјекти од индустријата трошат милиони кубни метри вода за пиење како технолошка, откриваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според нив, во 2017 година, за технолошки намени најмногу се користени свежи технички води (околу 98 отсто). Во 2017 година,...

Владата и владините служби нема да користат пластика за еднократна употреба

Владата на вчерашната седница во Куманово ја задолжила Службата за општи работи и услуги при набавките за потребите на премиерот, владата, министерствата и органите во нивни состав, секретаријатот и други стручни служби на владата и Уставниот суд да не набавува вода и други пијалаци во пластична амбалажа, како и пакувања на шеќер, пластични лажички за мешање на кафе и...

Водата во неколку тетовски села и натаму не е за пиење

Водата во селото Теарце сè уште се зема од реката Бистрица и се користи само за техничка употреба, а не за пиење. Иако беше кажано дека од вторник вода ќе се црпи само од изворите а не од реката, од ЈП “Хигиена“ велат дека со препорака на Институтот за Јавно Здравје, тие не прекинале да земаат вода од реката....

Портокалова фаза во цела држава – трудниците и постарите од 60 години да не одат на работа

По добиените предупредувања од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), дека од денеска се до 14 август територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза, Министерството за здравство упати препораки за мерки за заштита на здравјето на населението и спречување на несакани ситуации. Министерството препорачува: - Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како...

Водата во Охридското eзеро на плажите „Лабино”, „Мизо” и „Партизан” може да се користи за капење

Водата во Охридското eзеро на потегот на плажите „Лабино”, „Градска плажа-Мизо” и „Партизан” е од втора категорија, што значи дека може да се користи за капење, спорт и рекреација. Ова го утврдиле последните анализи за проверка на физичкиот, хемискиот и микробиолошкиот квалитет на површинската езерска вода, кои ги изврши Центарот за јавно здравје од Охрид. „Во јуни имавме појава на...

Водата во Струга е небезбедна за пиење

Водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на истата, не е безбедна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Охрид. Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на Општина Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените...

Во две од три тетовски села водата не е за пиење

Поголемиот дел од жителите на селата на Oпштина Тетово и околните општини користат вода за пиење што не е чиста. Ова го покажуваат анализите на Институтот за јавно здравство (ИЈЗ) во Тетово, пишува „Порталб.мк“. Во 68 отсто од вкупно 99 села на Општината Тетово заедно со општина Желино и Брвеница водата за пиење во месеците јули, август и септември не...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...