fbpx
Таг: вода

таг: вода

Светски ден на водата: Не се работи доволно за да се зачува најскапоцениот ресурс

Пристапот до вода за пиење е човеково право. Постои итна потреба да работиме заедно за да го заштитиме и зачуваме нашиот најскапоцен ресурс. Соработката за вода го отвора патот за соработка на сите заеднички предизвици - мора да ја користиме водата како алатка за да создадеме помирен и попросперитетен свет за сите. Ова е наведено во соопштението на Институтот...

„Пиши – бриши“: Водовод и канализација сега тврди дека во Скопје утре ќе има вода

Откако во текот на вчерашниот ден, на профилот на Фејсбук на „Водовод и канализацијa“ беше соопштено дека речиси цело Скопје ќе остане без вода поради интервенција на главната водоводна цевка во Рашче, од претпријатието ја демантираа информацијата, со тврдење дека „неовластени лица објавувале и ширеле неточни и непроверени информации“. „За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа...

Утре од 17 часот речиси цело Скопје ќе остане без вода

Речиси сите скопски населби утре од 17 часот ќе се соочат со намален притисок или прекин на водоснабдувањето. Ваква информација соопшти денеска јавното претпријатие Водовод и канализација. Причина за прекинот на водоснабдувањето е интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче. Од ЈП Водовод и канализација велат дека засегнати ќе бидат следниве населени места: Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна...

Светскиот ден на храната годинава посветен на водата: Не смееме да ја земаме здраво за готово

Светскиот ден на храната, 16 октомври, оваа година го слави еден од најскапоцените ресурси на планетата: водата. Таа е од суштинско значење за животот на Земјата, го покрива поголемиот дел од површината на нашата планета, сочинува над 50 проценти од нашите тела, ни помага да се храниме, овозможува егзистенција, рече Кју Донгју, Генерален директор на Организацијата за храна и...

Се намалуваат цените на соковите, водата и пивото, ограничена маржата на зеленчукот и овошјето

Со денешната одлука на Влада на листата со „гарантирана цена“ влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото, информираше премиерот Димитар Ковачевски. „Донесовме и нова одлука за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените во износ до 30% за овие производи“, додаде премиерот. Владата на денешната седница, на предлог на Министерство за...

Бактерии и габи виреат во застоени води, избегнувајте капење во нефилтрирани базени

Топлата и влажна средина, типична за базените во кои има застоена вода, е совршена за виреење и ширење бактерии, вируси и габи. Кај возрасните, а особено кај децата можат да предизвикаат тегоби и сериозни инфекции на кожата, очите, ушите. За тоа, на што да се внимава при капење во индивидуален или во јавен базен, како и за безбедноста на водите...

Да се избегнува непотребно полевање бавчи и перење автомобили – апел од скопски „Водовод“

Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци, апелираат од ЈП „Водовод и канализација“. „Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве достигнуваат и над 40 степени, како и податоците на...

Позелене водата во канал во Венеција, полицијата го истражува изворот на течноста

Полицијата во Венеција го истражува изворот на флуоресцентна зелена течност што вчера се појави во водата во Големиот канал (Grand Canal) во овој италијански град. Локалните власти собрале примероци од водата и отвориле итна истрага, пренесува Би-би-си. Сè уште се шират шпекулации околу тоа што би можело да ја предизвика промената на бојата околу познатиот мост Риалто – теориите се движат...

Скопското „Водовод и канализација“ до крај на 2021 должи на државата околу 3 милиона евра

Скопското Јавно претпријатие (ЈП) „Водовод и канализација Скопје“ на државата ѝ должи околу три милиона евра неплатени надоместоци за користење и испуштање одводни води за период од повеќе години, гласи еден од главните заклучоци на конечниот ревизорски извештај на „ЈП Водовод и канализација Скопје“ за 2021 година, изготвен од Државниот завод за ревизија (ДЗР). Конечниот ревизорски извештај дава неповолна оценка...

Не е точно дека топлата вода лекува повеќе од 20 болести

Иако има некои бенефити од тоа да се биде адекватно хидриран,  не е научно докажано дека пиењето топла вода ќе излекува каква било болест, како ни сериозни здравствени состојби наведени во постот што го рецензираме. Кога тоа би било така, а не е, тогаш немаше да постојат тие дијагнози, ќе беа излечени, вели за Вистиномер доктор Лидија Чолакова -...

Скопјани од наредниот месец најверојатно ќе пијат поскапа вода

Скопјани од март годинава најверојатно ќе плаќаат поскапа вода за пиење. Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво. Од Регулаторната комисија, пак, предлогот е цената да се зголеми за седум денари, а конечната одлука треба да...

Не е точно дека Стенли Мајер измислил автомобил кој се движел на вода и бил убиен поради тоа

Тврдењата изнесени во постот дека Стенли Мајер измислил автомобил кој се движи на вода и дека подоцна бил убиен поради тоа, се неточни, стари и истите циркулираат подолго време, а биле дебанкирани во повеќе наврати. Автомобилот не може да се движи на вода, бидејќи водата не е гориво. Мајер не бил убиен или отруен како што се тврди во...

Бил Гејтс не промовирал пиење вода од фекалии, туку нова машина од која има повеќе бенефити

Гејтс никаде не вели дека сите треба или мора да пијат вода добиена на ваков начин. Оваа машина има повеќе бенефити и добивањето на питка вода е само еден од нив. Таа машина може да произведе електрична енергија, да произведе пепел, кој потоа може да се користи во асфалт за градење патишта и може да произведе вода за пиење...

Словачки пратеници не истураат вода врз украинското знаме оти им „дошло преку глава рекламирањето на Украина“

Со споделувањето на видео материјалот јавноста се доведува во заблуда дека настанот се случил неодамна, односно по инвазијата на Русија врз Украина и дека Словачка ѝ откажува поддршка на Украина. Видеото е снимено на 8 февруари годинава, пред да почне инвазијата и тоа за време на вжештена парламентарна сесија на која се дискутираше за договор за одбрана со САД....

Нема докази за воени бази што складираат храна и пијалоци за населението од целиот свет

Подземните тунели се „опсесија“ на поддржувачите на теориите на заговор, кои иако никогаш официјално не се откриени, ја пласираат дезинформацијата на социјалните мрежи. Следбениците на Кју Анон користат компилации од фотографии со ниска резолуција од објекти кои не само што немаат никаква врска со пронаоѓање на тони и тони храна и пијалоци, туку и се во приватна сопственост, пишува...

Со помош на вештачка интелигенција Франција откри илјадници непријавени базени

Илјадници непријавени приватни базени беа откриени во Франција со помош на вештачка интелигенција, што на француските даночни власти им донесе неочекувани приходи. Од откриените над 20.000 базени, властите собрале приходи во износ од околу 10 милиони евра, јавија француските медиуми, а пренесе „Би-би-си“. Базените се предмет на повисоки даноци на имот бидејќи ја зголемуваат вредноста на самиот имот и според...

Вистиномер: Никој нема доживеано 140 години, независно каква храна јаде и каква вода пие

Чистата вода и здравата храна, иако се важни за здравјето, сепак не се поврзани со толку долг животен век – 140 години, кој досега го немал ниту еден човек во светот. Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата личност која некогаш живеела  била Жан Луиз Калмент, родена на 21 февруари 1875 во Франција, која починала на возраст од 122 години....

Волонтери на Црвен крст ќе бидат на терен за превенција и заштита на здравјето на граѓаните на град Скопје при топлотен бран

Во рамките на теренските активности, согласно најавите за екстремно високи температури кои ќе го зафатат градот Скопје и околината, 30 обучени волонтери со возила на Црвениот крст ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот (автобуски постојки, амбуланти, пазари) во работните денови во периодот од 21 до 28 јули, соопшти Црвениот крст на град Скопје. На...

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре без вода

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре ќе бидат без вода, поради интервенција за отстранување дефект, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје. Поради интервенција на затворач Ф500мм на крстосницата на ул.Цветан Димов и ул.Џон Кенеди, водата ќе биде сопрена утре во 8 часот. Поради тоа без вода, сè до успешното отстранување на дефектот, без вода ќе бидат цела...

ЈП „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење на водата

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување. „Врз основа на податоците од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, како и подaтoците на...

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...