!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Саемот за мебел почнува утре, ќе има 400 домашни и странски изложувачи


Скопјхе, 20 март, 2017 - 11:12 (META) 

Меѓународниот саем на мебел почнува утре и ќе трае до 26 март. На саемот ќе учествуваат 400 домашни и странски изложувачи, а се очекува да го посетат повеќе од 50.000 лица.

Во 11 хали ќе бидат претставени мебел и опрема за домаќинства, а една хала е наменета за машини и за репроматеријали за индустријата за производство на мебел.

Традиционално ќе се организира стручно оценување на пријавени експонати и ќе бидат доделени признанија на најдобрите учесници на саемот, во две категории, производители и трговци.

Има учесници од Србија, Хрватска, Грција, Италија, Босна и Херцеговина  и од Словенија.

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и за студенти чини 50 денари.


Уапсен шефот на Европските олимписки комитети во Рио де Женеиро


Рио де Женеиро, 17 август, 2016 - 17:28 (META) 

Претседателот на Европските олимписки комитети, Патрик Хики денеска бил уапсен во Рио де Женеиро поради илегална продажба на влезници за натпреварите од Олимпските игри, објави „Би-би-си“, повикувајќи се на пишувањата на медиумите во Бразил.

Седумдесет и едногодишниот Хики, според информации е осомничен дека илегално им доставувал влезници на други лица, кои потоа ги продавале по многу повисоки цени.

Апсењето на Хики, пренесува „Би-би-си“, се случува неколку дена, откако кај едно лице, биле откриени 800 нелегални влезници.

Според бразилската полиција, Хики, кој е претседател и на Олимпскиот комитет на Ирска, се обидел да побегне кога полицајците дошле да го уапсат.

Тој ја турнал својата олимписка пропусница под вратата, кога на неа тропнале полицајците, а потоа побегнал во соседната хотелска соба, во која претходно престојувал неговиот син.

По апсењето на Хики му се слошило поради што му била укажана медицинска помош.

Бразилските медиуми пренесуваат дека апсењето на Хики е можно да е поврзано со апсењето на Ирецот Џејмс Малон, дента кога беше одржана церемонијата на отврањето на Олимпските игри.

Малон е директор на компанијата „ТХГ Спротс“, која наводно илегално продавала влезници за натпреварите. Од компанијата ги отфрлиле ваквите наводи и демантирале дека ги прекршиле законите.

Од Олимпискиот комитет на Ирска соопштиле дека се свесни за медиумските извештаи за случајот со Хики и дека бараат целосно разјаснување на ситуацијата, пред да дадат било каков коментар.


Утре концерт на Тајзи во „Универзална сала“


Скопје, 28 ноември, 2014 - 17:57 (META) 

Утре, со почеток во 20 часот, во „Универзалната сала“ во Скопје ќе се одржи првиот солистички концерт на Тајзи, а специјален гостин на концертот е Слаткаристика. Според најавата, на сцената ќе се појави и диџеј Ивајо.

Билетите, кои ги има уште малку, се продаваат уште денеска, по цена од 250 денари, преку мрежата на http://mktickets.mk/, а утре, на денот на концертот, ќе можат да се набават на билетерницата во „Универзална сала“, по цена од 300 денари.