fbpx
Таг: влатко стефановски

таг: влатко стефановски

Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан одликувани со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски, вчера вечерта на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот со „Орден за заслуги за Република Северна Македонија“ ги одликуваше Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан за извонредното, автохтоно и уникатно музичко творештво во рамките на џез-рок групата „Леб и сол“, како нејзини предводници, со којашто оставија трајни вредности во современата македонска музика и...

Книгата „Press & Play“ на Ненад Георгиевски е сведоштво за плодно време во македонската музика

Како запис за еден квалитетен период во креативниот процес на голем број македонски музичари, авторот Ненад Георгиевски ја издаде книгата „Прес енд плеј“ („Press & Play“) која вчера беше онлајн промовирана на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Станува збор за дело на англиски јазик составено од рецензии на албуми, концерти и фестивалски настапи на домашни изведувачи кои овој музички новинар ги има...

Изложбата „Патешествие“ која е приказ на кариерата на Влатко Стефановски ќе го отвори „Скопје синема сити“

Со изложбата на концертни и промотивни постери и плакати насловена како „Патешествие“, ќе започне филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ во Музеј на град Скопје на 2 септември со почеток од 20 часот. Изложбата „Патешествие“ претставува приказ на кариерата на Влатко Стефановски, но прикажана преку бројни концертни плакати од најразлични периоди од неговата кариера. Со оваа изложба...

Влатко Стефановски и Амет Шериф ќе ја добијат државната награда „11 Октомври“

Познатиот музичар Влатко Стефановски и историчарот Амет Шериф се добитниците на годинешната награда  „11 Октомври“, соопшти Министерство за култура. Влатко Стефановски, еден од основачите на „Леб и сол“ и поранешен државен уметник, е добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и на другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Вториот добитник на...

Повеќе од 100 кандидати за гитарската работилница со Влатко Стефановски

Повеќе од 100 кандидати се пријавени за учество на гитарската работилница со Влатко Стефановски која, со поддршка на Министерството за култура, ќе се одржи од 24 до 26 јуни во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево. Младите музичари ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт,...

Влатко Стефановски ќе одржи работилница за гитара во Крушево

Познатиот гитарист Влатко Стефановски ќе одржи работилница за гитара во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево, од 24 до 26 јуни. Пријавувањето за првата работилница почнува уште денеска и ќе трае еден месец. Заинтересираните може да пополнат апликација поставена на веб-страницата www.krusevoworkshop.mk, каде се наведени и условите за учество. Курсот за сите што сакаат да научат повеќе за свирењето гитара е бесплатен....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...