fbpx
Таг: владина седница

таг: владина седница

Владата усвои итни мерки, јавната администрација ќе оди на обуки за сајбер-безбедност

Владата на денешната седница, на предлог на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, информираат од владината прес-служба. „Овие мерки следуваат по серијата активности за координација со донаторите и чинителите во областа на...

Жените-земјоделки што ќе родат до 1 декември годинава, ќе добиваат платено породилно, одлучи Владата

Жените-земјоделки ќе користат надоместок за мајчинство во времето кога ќе бидат спречени да ја вршат земјоделската дејност поради раѓање, одлучи Владата на последната седница. Ова, како што е наведено во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е историска одлука со која е усвоена предлог-програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Ова...

Реакции во Србија по објавувањето на француско-германскиот предлог за решавање на прашањето со Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска присуствува на седницата на Владата на Србија, на која, како што пишува „Нова.рс“, најверојатно ќе се разговара за деталите за француско-германскиот предлог за решавање на прашањето со Косово. Вучиќ, како и неколку членови на српската влада, претходно изјавија дека позицијата на Србија е тешка, дека земјата не ја очекуваат лесни одлуки, поради што треба да...

Јовица Стојановиќ назначен за нов в.д. директор на Управата за извршување санкции

На денешната 120 владина седница, бил прифатен предлогот на министерот за правда, в.д. директор на Управата за извршување санкции, да биде Јовица Стојановиќ. Ова следува откако вчера беше разрешен директорот на Управата, Марјан Спасовски. „Владата го прифати и предлогот на Министерот за правда, да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што...

Владата го разреши директорот на Управата за извршување на санкции

Владата на денешната седница донесе одлука да го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управа за извршување на санкциите, информираат од владината прес-служба. Одлука за назначување на нов директор засега нема, а владиното соопштение следи откако вчера премиерот Димитар Ковачевски изјави дека почнал селекција на нов директор, бидејќи не бил задоволен од работата на Марјан Спасовски. Инаку, постапката за...

Владата им го продолжи зимскиот распуст на основците и на средношколците

Поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, на барање на Министерството за образование и наука, Владата на 118-та редовна седница одлучи второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари, да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици од основно и средно образование во земјава, информираат од владината прес-служба. На истата владина...

Владата донесе одлука да го поништи државјанството на Онишченко

Македонската влада на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, информираат од владината прес-служба. „Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна...

Компанијата „ТехноАлпин“ заинтересирана да инвестира 186 милиони евра во Попова Шапка

Италијанската компанија „ТехноАлпин“ од Јужен Тирол е заинтересирана за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Како што соопшти денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, понудата на компанијата добила зелено светло и од Владата. Се работи за проект тежок 186 милиони евра и истиот вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на...

Ќе се распише повик за субвенции за авиокомпаниите што сакаат да воведат летови од земјава

Владата планира да додели финансиска поддршка за авиокомпаниите кои планираат да воведат нови летови од македонските аеродроми кон странство за периодот 2023-2025 година. Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата за донесување Програма за определување средства потребни за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај на домашни и странски превозници и ја донесе Програмата. „Донесена...

Владата одобри изградба на грчка ко-генеративна електрана во Скопје

На денешната 89-та владина седница, била донесена одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект за проектот „Митилинеос“ Когенеративна постројка Скопје“ на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Митилинеос ДООЕЛ Скопје. Како што соопшти владината служба за информирање, вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои од постројка за електрична енергија...

Владата предлага фотоволтаичните електрани да се поставуваат без градежна дозвола

На денешната владина седница беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за градење за да се поедностави процедурата за поставување на фотонапонски електро-централи од граѓаните и компаниите, информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Законските измени ќе бидат доставени во собраниска процедура и истите значат дека во иднина изведбата на ваквите централи ќе биде без да се бара...

Електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово

Владата на денешната седница донесе Одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ”. Со мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово е планирано да се произведуваат електричните возила e-go, со што ќе се отворат...

Владата ја замрзна маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10 отсто

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно Одлуката, највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 отсто, информираат од владината прес-служба. Висината...

Македонија сака да пристапи кон новата програма на ЕУ – Дигитална Европа

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за пристапување на Република Северна Македонија кон програмата Дигитална Европа - Digital Europe (DIGITAL), подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација, информираат од владината прес-служба. „Програмата DIGITAL, претставува нова програма на Европската Унија насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација, како клучни чекори кон унапредување...

Владата го задолжи АД ЕСМ да основа компании што ќе го заменат БЕГ во испораката на парно греење во Скопје

Владата на вчерашната седница го задолжи АД ЕСМ - Скопје да основа три трговски друштва со ограничена одговорност што ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје. Електростопанство на Северна Македонија ќе биде основач и единствен содружник на друштвата, а ваквиот чекор следи откако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) ги...

Владата го одобри францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ

На одржаната 60-та седница, Владата ги разгледа и усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и врз основа на тие заклучоци донесе одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство од 30 јуни, соопшти претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по завршувањето на владината седница. „Со оваа одлука го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија...

Македонскиот државен врв даде согласност за прием на Финска и Шведска во НАТО

Како земја-членка на НАТО, Владата на Република Северна Македонија на вчерашната вонредна седница ја донесе одлуката да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО, информираат од владината прес-служба. Министерот за надворешни работи Бујар Османи уште пред три дена изјави дека...

Владата одлучи дека нема да има продолжување на учебната година

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 44 редовна седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта. На седницата беше утврден бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта да изнесува 146 наставни денови, односно беше донесена одлуката да нема продолжување на учебната година. Во последниов период пошироката...

Владата ги укина задолжителните ковид сертификати при влез во земјава

Владата на вчерашната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат ковид сертификат, информираат од владината прес-служба. Влез во земјава досега беше дозволен на оние граѓани кои имаат...

Владата ја укина царината за увоз на зејтин и ја продолжи до 15 мај забраната за извоз на некои стоки

На предлог на Министерство за економија, Владата на денешната седница ја донесе одлуката за укинување на увозната давачка - царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење. Како што информираат од владината прес-служба, ова ќе биде дополнителен стимул за одржување на снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените. „Со оваа мерка се овозможува увоз на сончогледово масло...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...