fbpx
Таг: владин мандат

таг: владин мандат

БСП го врати мандатот, нови избори во Бугарија најверојатно во април

Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска и формално го врати мандатот за формирање влада. Тоа беше третиот мандат во рамките на најновиот обид Бугарија да добие политичка влада, а по ова Бугарија треба да организира нови парламентарни избори, коишто претседателот Румен Радев најверојатно ќе ги закажe за април, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. „Направивме сѐ што е неопходно за да го исполниме...

Пропадна и третиот обид да се состави влада, Бугарија повторно на избори

Бугарската социјалистичка партија (БСП) го враќа третиот мандат за формирање влада, со што Бугарија наскоро повторно ќе организира предвремени парламентарни избори, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Социјалистите денеска побараа претседателот Румен Радев да ги прими во понеделник за да го вратат мандатот, но тоа сепак ќе се случи во вторник. „Баравме решение за излегување од политичката криза. Ги поканивме сите лидери на...

Радев го врачи вториот мандат за влада на партијата на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков

По три месеци од предвремените парламентарни избори, претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска го врачи вториот мандат за формирање влада на партијата „Продолжуваме со промената“ (ПП), јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Првиот мандат беше доделен на ГЕРБ, партијата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, но не дојде до формирање стабилна политичка влада, откако мандатарот, проф. Николај Габровски не беше прифатен од...

ГЕРБ за мандатар за новата влада на Бугарија го предложи неврохирургот Габровски

Партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов реши за мандатар за формирање на нова политичка влада на Бугарија да го предложи неврохирургот проф. д-р Николај Габровски, за кој сметаат дека е политички неутрален кандидат, известува бугарскот онлајн-медиум mediapool.bg. Претседателот на Бугарија Румен Радев претпладнево му го врачи мандатот и Габровски има седум дена за да излезе со целосна листа...

Поранешната владејачка коалиција во Бугарија подготвена да предложи малцинска влада

„Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“, двете главни членки на претходната владејачка коалиција во Бугарија се подготвени да предложат малцинска влада. Веста беше соопштена на прес-конференција во Софија денеска, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Овој чекор уследува после неколку седмици од последните парламентарни избори и консултации кај претседателот Румен Радев. „Продолжуваме со промената“ (ПП) и „Демократска Бугарија“ (ДБ) појаснија дека се единствени...

ГЕРБ го врати мандатот, бугарскиот претседател ќе прави нов круг консултации пред да го даде третиот мандат

Како што и беше најавено, денеска откако претседателот на Бугарија Румен Радев го врачи вториот по ред мандат за составување нова влада, тој експресно му беше вратен. ГЕРБ, втората парламентарна сила, како што повеќепати претходно најави, го врати мандатот, јави mediapool.bg. Претседателката на парламентарната група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, го врати вториот мандат за формирање влада, откако во саботата првиот...

Партијата на Кирил Петков попладнево ќе го врати мандатот – не успеа да собере мнозинство

Премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков, очекува мандатот за составување влада да биде вратен, оти неговата партија „Продолжуваме со промената“ (ПП) не успеала да обезбеди поддршка од 121 пратеник за нова влада, јави mediapool.bg. Петков изјавата ја даде од Грција, каде учествува на церемонијата за завршувањето на изградбата на Меѓусистемската гасоводна врска Грција - Бугарија. „Бугарија не е пред гасна...

Во Бугарија се подготвува нов состав на Изборната комисија, по неуспехот да се формира влада

Откако стана јасно дека Бугарија не може да добие нова влада, утре, по истекот на еден месец од парламентарните избори на 4 април, и третиот политички субјект на кој ќе му биде врачен мандат за влада, Бугарската социјалистичка партија (БСП), експресно ќе го врати мандатот, со што се исцрпуваат сите можности за разрешница и Бугарија ќе мора да организира...

Заев: Очекувам во рок од 10 дена претседателот Иванов да ми го даде мандатот

Во вечерашната „Топ тема“ на телевизијата „Телма“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека очекува утре, или најдоцна до вторник, Трајко Вељаноски да му го предаде кабинетот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери. Заев кажа и дека очекува во рок од 10 дена претседателот Ѓорге Иванов да го даде мандатот на парламентарното мнозинство. - Мора да го даде мандатот,...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...