fbpx
Таг: Владимир Путин

таг: Владимир Путин

Русија ќе ја запре изградбата на „Јужен тек“

Владимир Путин изјави дека Русија е принудена да се повлече од проектот „Јужен тек“ поради тоа што ЕУ не сака да ја поддржи изградбата на гасоводот. - Ако Европска Унија не сака да го спроведе проектот „Јужен тек“, тогаш нема да биде спроведен. Всушност, не само што Европската комисија не обезбеди помош во спроведувањето на проектот, туку создаваше пречки - рече...

Путин пристигна во Турција

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција. Тој, со својот колега Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара за конфликтот во Сирија и во Украина. Исто така, се очекува Путин и Ердоган да разговараат и за енергетската соработка. Анкара бара намалување на цените и испорака на поголеми количества гас од Русија.

Путин: На Крим се случи Косово

На Крим не се случи ништо поинакво од тоа што се случи во Косово, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за германската телевизија „А-Ер-Де“. Путин истакна дека преседан е пресудата на Меѓународниот суд на правдата, според која, Косово има право на самоопределување и народот на Косово може да гласа за тоа дали сака своја држава или не. Таа, според...

Путин прв замина од Австралија за да се наспие

Претседателот на Русија, Владимир Путин, утринава замина од Австралија, веднаш по завршувањето на самитот Г20 на кој беше изложен на остри критики од Западот. Путин навел дека заминал порано од планираното бидејќи му било потребно да се наспие. Рускиот лидер отпатува за Москва пред објавувањето на завршното соопштените од самитот на 20 најголеми светски економии, но присуствуваше на завршниот ручек...

Путин: Санкциите кон Русија се противправни

Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека земјите што воведоа санкции кон Москва ќе сфатат дека тие им нанесуваат штета на меѓународните економски односи. - Ова е штетно и секако дека ни нанесува штета и нам, но и на САД, затоа што со тоа се поткопува целокупниот систем на меѓународните економски односи - изјави Путин во интервју за новинската агенција ИТЕР-ТАСС. Рускиот...

Путин и Обама разговараа за Украина, Сирија и за Иран

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама, на маргините на самитот АПЕК во Пекинг, разговараа за билатералните односи, како и на темите Украина, Сирија и Иран, соопшти денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Пешков. Како што јавува агенцијата ИТАР-ТАСС, двајцата лидери ги искористиле паузите меѓу состаноците во рамките на самитот за да остварат кратки средби. Путин денеска на...

Путин и Обама имаа средба во Пекинг

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама, денеска се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК во Пекинг. Како што јавуваат руските медиуми, темата на средбата, која траела помалку од пет минути, засега не е позната, но се претпоставува дека претседателите размениле ставови за украинската криза. Путин и Обама се сретнале во олимпискиот комплекс „Водена коцка“, а...

Средба Путин – Абе

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пекинг се сретна со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, пренесе ИТАР ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Двајцата лидери ја разгледале ситуацијата во Украина, работата врз мировниот договор меѓу Русија и Јапонија и шансите за посета на рускиот претседател на Јапонија. Путин и Абе се сретнаа на самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска...

Австралискиот премиер Абот ќе се сретне со рускиот претседател Путин

Австралискиот премиер Тони Абот изјави ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Пекинг, со кого ќе има искрен разговор за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“. Кремљ на 7 ноември потврди дека Путин се согласил да се сретне со Абот, кој од минатиот месец ветува дека ќе се соочи со рускиот лидер за смртта на Австралијците...

Путин: Политиката ја диктира цената на нафтата

Во цената на нафтата секогаш е присутна и политичка компонента, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прашањата од новинарите зошто паѓа цената на овој енергент. - И не само тоа, во одредени кризни моменти се добива впечаток дека политиката преовладува во формирањето на цените на енергентите - рече Путин во интервју за кинеските медиуми пред посетата на Кина, каде ќе учествува...

Горбачов со поддршка за политиката на Путин

Порашениот советски лидер Михаил Горбачов (83), денеска изјавил дека ќе ја брани политиката на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе отпатува во Германија на одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пренесуваат светските медиуми. Според Горбачов, кога станува збор за интересите на Русија, Путин е најдобриот човек за нивна одбрана. Овој викенд, Горбачов ќе престојува во Берлин по повод 25-годишнината...

„Форбс“: Путин е најмоќниот човек на светот

На листата на „Форбс“ се најдоа лидери на 17 држави
Втора година по ред, рускиот претседател Владимир Путн е избран за најмоќна личност во светот на листата што ја прави влијателното списание „Форбс“. Путин се наоѓа пред претседателот на САД, Барак Обама, кој го освои второто место, и пред кинескиот претседател, Кси Гинпинг, кој е трет на листата. Германската канцеларка Ангела Меркел е петта најмоќна личност и прва најмоќна жена...

Валенса: Путин му објави војна на светот

Поранешниот полски претседател, Лех Валенса, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека му објавил војна на светот. Валенса смета дека Путин не ги почитува меѓународните обврски на Русија кон Украина, ниту нејзините граници. - Ситуацијата на Истокот е особено опасна. Кога се предаваше нуклеарното оружје, големите сили дадоа гаранција дека ќе се почитуваат границите на Украина, а тој тоа го оспори,...

Оланд го повика Путин да не ги признае изборите во Источна Украина

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го повика претседателот на Русија, Владимир Путин да не ги признае изборите во источниот дел на Украина, бидејќи би можеле да го загрозат територијалниот интегритет на државата. - Го повикувам Путин да остане во рамките на договорот од Минск, со кој е отворен патот за потпишување примирје - изјави Оланд. Тој додаде дека нивна цел е да...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...