fbpx
Таг: Владимир Путин

таг: Владимир Путин

Путин: Мала е веројатноста за војна меѓу Русија и Украина

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека нема потреба од нов состанок со Франција, Германија и со Украина во врска со резолуцијата за судирите во источниот дел на Украина. На новинарско прашање дали е можна војна меѓу Русија и Украина, Питин одговори дека тоа е малку веројатно. - Мислам дека не е веројатно такво апокалиптично сценарио и се надевам дека нема никогаш...

Путин предлага монетарна унија со Белорусија и со Казахстан

Рускиот претседател Владимир Путин им предложи на лидерите на Белорусија и на Казахстан заедно со Русија да основаат монетарна унија. - Мислам дека дојде време за разговор за идно потенцијално основање монетарна унија – рече Путин по состанокот со белорускиот претседател Александар Лукашенко и со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев во главниот град на Казахстан, Астана. Путин додаде дека е полесно да...

Путин изненадно нареди засилени воени вежби во Русија

Руската Северна флота и падобранските единици денеска почнаа воени вежби во кои учествуваат 38.000 војници, повеќе од 55 воени бродови и подморници и 110 авиони и хеликоптери, соопшти рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу. - Новиот предизвик и закана за воената безбедност бара понатамошно зајакнување на воените капацитети на вооружените сили – изјави Шојгу. Министерот истакна дека рускиот претседател Владимир Путин наредил...

Путин не станал татко, ниту е болен

Дмитриј Песков, портпаролот на Владимир Путин, ги отфрли денешните гласини дека претседателот добил дете. - Информацијата дека Путин добил дете е лажна – рече Песков за магазинот „Форбс“, коментирајќи ја веста која ја објави швајцарскиот таблоид „Блик“. Песков навел дека ќе ги праша луѓето кои имаат пари да организираат натпревар за најдобра „новинарска патка“. На интернет се појавија разни гласини и шпекулации...

„Блик“: Путин и Кабајева очекуваат син

Претседателот Владимир Путин се повлекол од јавноста затоа што очекува син, пренесува швајцарскиот таблоид „Блик“. Таблоидот пишува дека љубовницата на Путин, Алина Кабајева, се пријавила во клиниката „Сант Ана“ во Соренж и наводно се очекува да се породи. Весникот, повикувајќи се на очевидци, пишува дека Кабајева била во друштво на Путин. Рускиот претседател и Кабајева досега никогаш не се видени во јавност,...

Путин проговори за планот за анексијата на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека донел одлука за анексија на Крим на ноќен состанок во Кремљ откако поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович, бил симнат од власт во февруари 2014 година. - Кога се оддалечивме, на сите им реков: Мораме да почнеме да работиме на враќање на Крим кон Русија - рече Путин во најавата за документарниот филм на оваа тема, кој...

Путин: Полицијата да ги спречи „срамните“ политички убиства

Владимир Путин денеска изјави дека Русија мора да се справи „со срамот и со трагедијата“, како што е убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов, а полицијата да ги реши политичките убиства. На средбата со претставниците на руското министерство за внатрешни работи, Путин укажал на штетата за репутацијата на Русија од убиството на владиниот критичар Немцов, кој во петокот е застрелан на само...

Путин: Ќе сторам сè убијците на Немцов да бидат казнети

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе стори сè за да бидат казнети тие што го организирале и извршиле како, што рече, подлото и цинично убиство на лидерот на опозицијата, Борис Немцов. Ова било напишано во телеграма што Путин ја испратил до мајката на Немцов, а која беше објавена на официјалната веб-страница на Кремљ. „Почитувана Дина Јаковлевна, примете го моето најдлабоко сочувство...

Убиен рускиот опозиционер Борис Немцов

Лидерот на опозициското руско „Движење на солидарноста“, Борис Немцов, е убиен вчера во центарот на Москва. Причина за смртта е големо внатрешно крвавење, што го предизвикале четири куршуми истрелани кон него од автомобил во движење. Тој бил погоден во главата, срцето, црниот дроб и во желудникот. Во моментот на убиството, Немцов се шетал на московскиот мост Бољшој камени, а во соопштението...

Македонија би можела да се најде на трасата на „Турски тек“

„Турски тек“ би можел да минува низ Грција, Македонија, Србија и низ Унгарија, соопшти унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за рускиот весник „Комерсант“. Изјавата на Орбан доаѓа по неодамнешната средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, на која било разговарано за енергетиката и за замената на „Јужен тек“, проект кој пропадна поради негодувањата на Брисел. Путин, за време на средбата...

Путин: Прекинот на огнот во Украина почнува на 15 февруари

Постигнат е договор во Минск за од недела да запрат немирите во Украина, соопшти рускиот претседател Владимир Путин. - Верувам дека договоривме голема работа. Се договориме прекинот на огнот да почне точно на полноќ на 15 февруари – рече Путин. Соопштението доаѓа по маратонските преговори во белорускиот главен град, меѓу лидерите на Русија, Украина, Франција и на Германија. Компромисно решение е постигнато за...

Во продажба фигура на Путин како јава мечка

Во реонот Исмаилово во Москва, се појавила пластична играчка, односно фигура на рускиот претседател Владимир Путин како јава мечка. Пластичниот Путин може да се купи и преку интеренет.

„Гардијан“: Путин е како Милошевиќ, а Украина како Босна

Колумнист на „Гардијан“, Тимоти Гартон, направи паралела меѓу актуелните случувања во Украина и агресијата врз БИХ, која почна во 1992 година. „Владимир Путин е Слободан Милошевиќ. Тој, како и некогашниот Советски Сојуз е подеднакво грозен, но многу помоќен. Како и Милошевиќ, Путин во Украина е спремен да ги искористи сите средства кои му се на располагање, за да го добие тоа...

Путин најави зајакнување на војската

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија мора да ги зајакне своите вооружени сили за да го заштити својот суверенитетот од другите земји кои би можеле да ѝ се заканат на Москва. Коментарот на Путин е потврда дека е подготвен за спроведување на програмата за модернизација на вооружените сили. - Ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата војска и воена организација во целина...

ЕУ со телевизиски канал ќе се бори против пропагандата на Путин

ЕУ разгледува можност за европски ТВ-канал „против пропагандата на Путин“, обзнани популарната веб-страница „Базфид“ во интервју со летонскиот министер за надворешни работи, непосредно пред Рига да го преземе претседателството со ЕУ на почетокот од 2015 година. Земјите-членки на ЕУ сè посериозно ја разгледуваат можноста за отворање сопствен ТВ-канал кој ќе има цел да се бори против „пропагандата на Путин“. Летонскиот...

Странци по договор ќе можат да служат во руската војска

Рускиот претседател Владимир Путин потпишал декрет со кој на странски државјани им се овозможува да слушат во руската војска по договор. „Војниците кои се странски државјани можат да учествуваат во извршувањето задачи во тек на воени состојби, како и за време на вооружени судири, во соодветство со прифатените принципи и норми на меѓународното право, меѓународните договори на Руската федерација и со руското...

Путин: Западот сака да ја окова „руската мечка“

Западот сака да ја окова „руската мечка“, да ѝ ги извади забите и да ја препарира, предупреди денеска рускиот претседател Владимир Путин на конференцијата со новинарите, додавајќи дека антируските санкции се цената на независноста. Путин употреби живописна метафора за Русија, нарекувајќи ја„окована мечка“ додека одговараше на прашањето дали верува дека проблемите на руската економијас е вратка за анексијата на Крим. - Не...

Путин најави нов гасовод кој би минувал низ Македонија

Поставувањето нов европски гасовод, на границата меѓу Турција и Грција, зависи од Европа, изјави денеска Владимир Путин на годишната конференција со новинарите. - Во голема мера тоа зависи од Европа, доколку сакаат да имаат стабилно, апсолутно загарантирано и без ризик снабдување со енергија од Русија. Ако се согласат, ние ќе работиме, преку Грција да стигнеме до Македонија и до Србија,...

Путин: Западот сака да го спроведе „југословенското сценарио“ во Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги предупреди Русите дека доаѓаат тешки времиња и побара поголема поддршка од народот. Во обраќањето пред двата дома во Кремљ, Путин го обвини Западот дека се обидува да постави нова „железна завеса“ околу Русија. Русија претрпе силен економски удар поради падот на цената на нафтата и санкциите што Западот ги воведе поради улогата на официјална Москва во...

Путин: Западот применува јазик на сила бидејќи се плаши од Русија

Санкциите што Западот ги наметна кон Русија, како и намалувањето на цената на нафтата која ја намали вредноста на руската рубља, се направени за да се запре растечкиот потенцијал на Русија, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање пред Федералното собрание. - Секојпат кога ќе видат дека Русија станува премногу силна, тие ги користат овие инструменти. Бесполезно е да се...

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...