fbpx
Таг: Владимир Путин

таг: Владимир Путин

Путин бил изненаден од недостигот на „остри прашања“ од Такер Карлсон

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека иако е благодарен за можноста за интервју со толкава публика, бил изненаден од недостигот на „остри прашања“ од страна на конзервативниот американски ТВ-водител Такер Карлсон, пренесува Гардијан. Станува збор за популарното обемно интервју со рускиот претседател објавено на 8 февруари, кое достигна преку 200 милиони прегледи на Икс (поранешно Твитер). „Да бидам искрен, мислев...

Путин во трка за претседател со уште тројца кандидати – сите поддржувачи на војната во Украина

Регистрацијата на руските кандидати за претседателските избори во март е затворена, јави ТАСС, со претседателот Владимир Путин, кој се очекува да победи и уште тројца политичари - сите поддржувачи на војната на Русија во Украина. На листата не беше вклучен рускиот антивоен кандидат Борис Надеждин, откако Централната изборна комисија (ЦИК) во четвртокот му забрани да се кандидира, велејќи дека открила...

Како помина интервјуто на Такер Карлсон и Путин?

Контроверзниот американски новинар Такер Карлсон и Владимир Путин вчеравечер беа во центарот на вниманието – десничарскиот коментатор и поддржувач на Трамп го интервјуираше повлечениот руски автократ, пишува Гардијан во својот извештај за интервјуто. Двочасовното необично интервју, снимено во Москва, беше прво на Путин со западен медиум откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Путин доминираше за време на целиот...

Такер Карлсон направи интервју со Путин, вечерва ќе се објави – Хилари Клинтон го нарече „корисен идиот“

Познатиот американскиот конзервативен новинар и ТВ-водител Такер Карлсон најави дека изминатите денови бил во Москва за да го интервјуира рускиот претседател Владимир Путин. Интервјуто ќе биде објавено вечерва на полноќ, на социјалната мрежа Х (поранешно Твитер) и на веб-сајтот на Карлсон. Тој вели дека му е новинарска должност да им даде на своите гледачи и слушатели целосна слика на ситуацијата....

Од Алјаска преку Путин и Москва до Балканот и на крај кај нас

Објави на фејсбук шират дезинформација дека со новиот декрет на Путин, Алјаска, Балтичките држави, Тибет и други територии што историски ѝ припаѓале на СССР и Империјална Русија ќе бидат преземени назад. Лажната вест тргнува од ЕССАњуз (Полска), па се шири на Балканот и на крај пристигнува во Македонија. Точно е дека на 18.01.2024 година Путин потпишал декрет за управување...

Измислено писмо на Путин кружи на социјалните мрежи

„Писмото на Владимир Путин до светот“, кое се споделува од многу корисници на социјалните мрежи, не е споменато од ниту едeн веродостоен медиум, ниту пак,  на веб-страницата на Кремљ каде вообичаено се објавуваат обраќањата и говорите на Путин. Станува збор за комплетно фабрикувано писмо, споделено како да е напишано од Путин, иако тоа несомнено не се случило, пишува „Вистиномер“...

Путин не кажал дека Бугарија треба да се дели

Објава на руски блог којашто е нечие лично мислење, се пренесува прво во бугарски медиуми, па на крај во македонски медиуми и на социјални мрежи, каде што ѝ се прикачува наводен цитат од Путин за поделба на Бугарија, што тој никогаш не го кажал, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На објава во Фејсбук групата Македонци...

Русија не е најсилна економија во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин даде изјава во која манипулативно тврди дека Русија е најсилната економија во светот. Она што ја прави изјавата на Путин манипулативна е недостатокот на целокупниот контекст, бидејќи јачината на една економија не се мери само преку бруто домашниот производ (БДП) според ППП (Паритет на куповна моќ). Тој параметар е само еден показател, односно еден начин...

Писториус: Војната може да се прошири, Кремљ се заканува речиси секој ден

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупреди дека војната во Украина може да се прошири, пишува германската новинска агенција ДПА. „Речиси секој ден слушаме закани од Кремљ“, изјави тој денеска за весникот „Тагесшпигел“. Русија за последен пат им се закани на балтичките држави, изјави Писториус во интервјуто по повод една година од преземањето на функцијата. „Мора да сметаме, додаде тој, „дека...

Почина Лев Рубинштајн, руски поет и критичар на Путин, шест дена откако беше удрен од автомобил

Рускиот поет Лев Рубинштајн (76), клучна фигура на советската андерграунд книжевна сцена и жесток критичар на претседателот Владимир Путин, почина шест дена откако беше удрен од автомобил во Москва, пренесе Би-Би-Си. Тој беше удрен од автомобил на 8 јануари, по што беше неколку дена во кома. Г-дин Рубенштајн беше познат по ко-основачот на концептуалистичкото движење. Тој во седумдесеттите и во осумдесеттите години...

Путин му даде руско државјанство на воениот злосторник Ратко Самац

Рускиот претседател Владимир Путин неделава го потпиша указот за доделување руско државјанство на поранешниот војник на босанските Срби Ратко Самац, кој е обвинет за воени злосторства во 1990-те години, пишува Политико. Ратко Самац, поранешен офицер во Југословенската народна армија, се бара во Босна и Херцеговина под обвинение за воени злосторства поврзани со протерувањето на несрпските цивили од босанскиот град Кључ...

Долгорочните дезинформациски наративи на Кремљ

Руската пропаганда која засилено делува во светот уште по анексијата на Крим во 2014 година, генерално ползува неколку долгорочни наративи врз кои ги темели дезинформациите. Класифицирани според европската литература за препознавање и борба со дезинформациите, се опишуваат како „Елити наспроти рајата“, „Изгубен суверенитет“, „Традиционални наспроти модерните вредности“, „Нацизам“, „Неизбежен колапс“, „Хахаганда“…Во оваа анализа појаснуваме дел од нив, пишува „Вистиномер“...

Руско бомбардирање на „руската“ Одеса

Рускиот претседател Владимир Путин и на маратонскиот медиумски спектакл по пауза од една година поради војната во Украина, не пропушти да каже дека „Русите и Украинците се еден народ“, дека „Одеса е руски град“. За цинизмот на Путин доволно говори тоа што ноќта пред интервјуто, а и денови потоа, „руската Одеса“, беше цел на крвав напад со дронови и...

Путин предупреди на проблеми со Финска бидејќи земјата стана членка на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на „проблеми“ со соседна Финска откако таа се приклучи на НАТО оваа година, во интервју објавено на државната телевизија „Россија“, пренесе Гардијан. Финска, која дели 1.340 километри граница со Русија, се приклучи на НАТО во април годинава. Во последните недели, Хелсинки ја обвини Москва за „хибридна војна“ со туркање на барателите на азил преку граничните...

Видеото од дочекот на Путин во ОАЕ е објавено во повеќе светски медиуми

Видеото од дочекот на рускиот претседател Владимир Путин во Обединетите Арапски Емирати било пренесено во повеќе светски медиуми, како Телеграф, Скај њуз, Франс 24, Си-ен-ен, што значи дека истото не било забрането за емитување, како што се тврди во објавата што ја анализираме, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео...

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска ја одржа првата прес-конференција откако Русија војува со Украина. Тој кажа дека суверенитетот на неговата земја е под закана и дека самото постоење на нивната земја без суверенитет е невозможно, пренесува Гардијан. „Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели. Целите не се сменија. Денацификација на Украина, демилитаризација на Украина“, изјави тој. Тој тврди дека...

Путин ќе ја одржи првата прес конференција од почетокот на војната

Украинските сили за противвоздушна одбрана велат дека пронашле десетици беспилотни летала дизајнирани од Иран и лансирани од руските сили насочени кон јужниот град Одеса, во најновиот напад низ текот на ноќта во кој биле ранети 11 лица, пренесува Гардијан.  „Евидентирано е лансирање на 42 непријателски нападни беспилотни летала“, соопшти украинското воено воздухопловство, додавајќи дека уништиле 41 од дроновите наречени „Шахед“...

Путин го зголеми бројот на војници во армијата за 15 отсто поради „зголемени закани“ поврзани со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се одобрува зголемување на бројот на војници во руската армија за 15 отсто, што го објасни со „зголемените закани“ поврзани со конфликтот во Украина, пренесуваат странските агенции. Според уредбата што ја објави владата, Армијата треба да брои 2,2 милиони припадници, од кои 1,32 милиони војници. Во претходната уредба од август 2022 година, очекуваниот...

ЛГБТ активизмот во Русија прогласен за екстремистички – одлука на Врховниот суд

Рускиот Врховен суд вчера пресуди дека ЛГБТ активистите треба да бидат означени како „екстремисти“, потег за кој ЛГБТ заедницата стравува дека може да доведе до апсења и до гонења, пренесува Ројтерс. Судијата претседавач објави дека го одобрил барањето на Министерството за правда да го забрани, како што го нарече, „меѓународното социјално движење ЛГБТ“. Овој чекор, како што пишува Ројтерс, е дел...

Совет на Европа: За да нема конфликти, земјите од екс-Југославија да се справат со ужасите од минатото

Неуспехот на земјите од поранешната Југославија да се справат со конфликтите од минатото, може да има катастрофални последици за човековите права и потенцијално да доведе до нови конфликти во регионот, вели извештај на Советот на Европа. Гардијан пренесува дека во извештајот, објавен од комесарот за човекови права на Советот, Дуња Мијатовиќ, се вели дека регионот многу години назадувал во барањето...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...