fbpx
Таг: влада

таг: влада

Надлежните институции ќе изработат Програмa на економски реформи

Министерството за финансии го отвора процесот за изработка на Програма на економски реформи, за периодот од 2018 до 2020 година. „Овој документ ќе претставува основа за клучните реформски процеси на Владата кои дополнително ќе го интензивираат нашиот дијалог со ЕУ“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски на иницијалниот состанок на кој учествуваа и претставници од Директоратот за соседска политика и...

Аневски го добил предлогот за разрешување на Зврлевски и ќе закаже седница

Советот на јавни обвинители денеска го добоил предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, потврди за „Мета“ претседателот на Советот, Петар Аневски. Предлогот во Советот на јавни обвинители пристигнал денеска во 11.30 часот, а како што ни изјави Аневски, Советот дополнително ќе утврди термин кога ќе се одржи седницата на која ќе се одлучува за него. Советот, според...

Владата одлучи патот кај Порој да се исчисти, а земјоделците да се обесштетат

На вечерашната трета владина седница на која се расправаше за штетите во поплавените подрачја во Порој, било истакнато дека Дирекцијата за заштита и спасување и Општината Тетово треба веднаш да почнат постапка за расчистување на наносот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, а Владата препорачала да помогне и Армијата. На патот имало нанос од песок и од земја од околу 70.000...

Владата ќе одржи седница на која ќе расправа за штетите во поплавените подрачја во Порој

Владата денеска ќе ја одржи третата седница со почеток во 18.30 часот. На седницата ќе се расправа за преземање соодветни мерки и активности за заштита на граѓаните од настанатите штети во поплавените подрачја во Порој, Тетовско.

Османи – Жбогар: Потребна е тесна соработка на Владата и на Собранието за реформите

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, денеска разговараа за приоритетите на кои ќе работи новата Влада во наредниот период, во рамките на активностите посветени на интеграцијата во ЕУ. - Соочени сме со големи предизвици за да го надоместиме изгубеното време поради продолжената политичка криза и да ја вратиме земјата на патот...

Заев до ракометарите: Вашиот успех е мотив Владата силно да го поддржи спортот

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со ракометарите на „Вардар“ кои го освоија првото место во Лигата на шампиони, со раководството на клубот, како и со претседателот и со претставници на Ракометната федерација на Македонија. Тој, од името на Владата, им врачи плакета за благодарност. „Вашиот успех е амбасадорска промоција на Македонија, не само во Европа, туку и во светот. Исто така,...

Заложбите за фискална консолидација и за транспарентност на буџетот, поздравени од ЕК

Економскиот тим на Министерството за финансии денеска се сретнал со делегација на Европска комисија, предводена од амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. „Посебен осврт беше даден на донесување на стратегија за управување со јавни финансии, за што ЕК ги поздрави заложбите на Министерството за финансии за што поскоро донесување на овој значаен документ, каде приоритет ќе бидат фискалната...

Желeзничкиот сообраќај е нормализиран, владата постигна договор со штрајкувачите

Владата и вработените кои штрајкуваат во „МЖ - Транспорт“ постигнаа договор за прекин на блокадата на железничкиот сообраќај. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, изјави дека Владата во наредниот период ќе се заложи за обезбедување што поголем обем на работа на „Македонски железници“, а се разгледува и идејата за либерализација на железничкиот транспорт. Анѓушев нагласи дека покрај договорот за зголемување на додатоците...

Аневски: Зврлевски беше перфектен, не сме го добиле предлогот за разрешување

Советот на јавни обвинители сè уште не го добил предлогот на новата Влада за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, изјави денеска Петар Аневски, претседател на Советот, кој треба да даде мислење по барањето за разрешување. Аневски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека секако ќе одговорат во првите 15 дена од рокот во кој треба да го дадат мислењето. Тој...

Колку може Зврлевски да остане на функцијата – роковите велат уште најмногу 30 дена

Новата Влада на вчерашната седница поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, која, според законските решенија, може да трае неколку дена, но и подолго од еден месец. Владата, како што беше соопштено вчера, бара разрешување на Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата. Сепак, пред предлогот да се најде пред пратениците во Собранието, кое одлучува за...

Владата почнa постапка за разрешување на Зврлевски

Новата Влада на својата втора седница, што се одржа денеска, донела одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Одлуката за разрешување на Зврлевски, како што соопштија попладнево од Владата, била донесена поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, а предлогот, се додава во соопштението, ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители кој треба да...

Беса: Владата на Заев што побргу да обезбеди праведни судски одлуки

Со барање да се обработат, како што велат, монтираните случаи против Албанците, „Монструм“ и „Сопот“, како и со барање владата на Зоран Заев „што побргу да овозможи праведни судски одлуки и еднаш засекогаш да престане функционирањето на правдата со двојни стандарди“, се огласи денеска Движењето Беса. Движењето вели дека и по формирањето на новата влада „за жал, има сигнали за...

Димитров – Жбогар: Владата е подготвена за спроведување на клучните реформи

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ја имал првата средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, соопшти МНР. На средбата Димитров ја нагласил подготвеноста на Владата за целосен ангажман во имплементација на клучните реформи за да може на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори. „Во таа насока, беа разгледани...

Денеска Владата одржува нова седница

Втората седница на Владата почна во 12 часот. Се очекува и на оваа седница да се расправа за кадровските решенија во министерствата и во институциите. Владата вчера на првата седница ги формираше работните тела и комисии. Премиерот Зоран Заев за вицепремиери ги именуваше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите без ресор Бујар...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови проекти – првата мерка на СДСМ е уривање

Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на СДСМ во 2017 година е уривање на нешто што е веќе изградено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение денеска. Партијата порачува дека граѓаните се против антиреформи. „Владата на Заев не губи...

Владата на првата седница ги формираше работните тела и комисии

Владата на Република Македонија денеска ја одржа првата седница, на која премиерот Зоран Заев за вицепремиери ги именуваше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите без ресор Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Хазби Лика. Заев на другите министри без ресори им делегираше задолженија. Роберт Поповски ќе биде задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Едмонд Адеми...

Заев: На првата седница се економските закони и кадровските решенија

Пакет економски закони, распределување на ресорите и портфолијата на министрите без ресори, поставување на заменици на претседатели на Владата, избор на генерален секретар и шеф на кабинет и формирање на постојните и на адхок комисиите, ќе бидат темите на дневен ред на денешната прва седница на новата Влада, закажана за 14 часот, најави премиерот Зоран Заев. - Мој прв впечаток е...

Новата Влада во 14 часот ќе ја одржи првата седница

Со почеток во 14 часот, новата влада предводена од Зоран Заев денеска ќе ја одржи првата седница. На веб-страницата на Владата нема информации за дневниот ред, но се очекува, според досегашното искуство со владите, на седницата да се дискутира за новите имиња на раководните позиции во вториот и во третиот ешалон. За заменичките позиции во министерствата се очекува кандидати да...

Хронологија: Како се смени власта во Македонија

Трите години политичка криза за граѓаните на Македонија беа тешки, исцрпувачки и стресни. Кризата не беше само политичка, таа премина и во економска, социјална, морална и етичка. Имаше серија протести и контрапротести, судења и контрасудења, истраги и контраистраги. Потпишан беше Договорот од Пржино, па потоа и Пржино 2. Имаше избори, но и одложени избори, се појавија прислушувани материјали, но...

Села: Ќе учествуваме во новата влада со министри за здравство и локална самоуправа

Алијансата за Албанците ќе биде дел од новата влада со две министерски места - за здравство и за локална самоуправа, соопшти доцна вечерва лидерот на Алијансата, Зијадин Села. -Движењето за реформи на ДПА имаше централно претседателство на кое одлучивме да бидеме дел од владата, а не само да и дадеме поддршка. Како АА имаме две ресорни министерства. Нам како ДР-ДПА...

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...