fbpx
Таг: виза

таг: виза

Ѓоковиќ по сѐ изгледа ќе го пропушти УС Опен, САД тешко дека ќе ги кренат ограничувањата до понеделник

Новак Ѓоковиќ по сѐ изгледа не ќе може да се натпреварува на Гренд Слем тенискиот турнир, УС Опен, кој почнува следниот понеделник и ќе трае две седмици. Ѓоковиќ, како еден од најдобрите светски рекети и понатаму е одлучен да не се вакцинира против ковид-19, јавуваат светските агенции. Организаторот на еден од најпрестижните тениски турнири соопшти дека нема да бара потврда...

Виза и Мастеркард се повлекуваат од Русија, ограничувања за корисниците на нивните картички

Глобалните гиганти во бизнисот со кредитни и дебитни картички Виза и Мастеркард објавија дека ги прекинуваат трансакциите во Русија како резултат на руската инвазија врз Украина, јавува Би-би-си. Овие два гиганти контролираат над 90 отсто од плаќањата со кредитни и дебитни картички во светот, без територијата на Кина. Сите корисници коишто имаат картички на Виза и Мастеркард од руски банки...

Во Белград молк и исчекување: „Ноле ни е поважен од претседателот“

Во српската престолнина Белград сите очи се вперени во телевизиските екрани кои ги пренесуваат судските сесии за жалбата на Новак Ѓоковиќ по одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок по втор пат да му ја укине австралиската виза на 34-годишниот рекет број еден. Молк владее и во ресторанот Ноле 1 во Нов Белград каде екипата на Мета.мк престојуваше утрово. Бројни...

Ѓоковиќ се соочува со депортација: Австралија по вторпат му ја укина визата

Австралиските власти по вторпат му ја укинаа визата на Новак Ѓоковиќ и на адвокатите на Новак Ѓоковиќ им предадоа барање за тој да се појави утре на сослушување во судот за да се одлучат за понатамошните чекори. Светскиот првак во тенис сега се соочува со депортација, но неговите адвокати од реномираната адвокатска канцеларија „Hall & Wilcox“ се надеваат дека ќе...

Вистиномер: Имаше пренос во живо од судењето на Новак Ѓоковиќ во Австралија

Наспроти она што се тврди во постот кој го рецензираме, судењето во живо беше одржано. Поради големиот интерес на светската јавност за овој случај, австралискиот федерален суд реши да го емитува судењето во живо. Сите часови од долгото судење може да се погледнат на Јутјуб каналот на федералниот австралиски суд, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на...

„Виза“ и „Пејпал“ овозможуваат плаќања со криптовалути

Виза
Компанијата за картички „Виза“ (Visa) соопшти дека ќе дозволи трансакции со криптовалутата „УСД Коин“ на нејзината платежна мрежа. Американската компанија веќе ја започна пилот програмата заедно со крипто-платформата „Crypto.com“, а планира да ја прошири соработката со повеќе партнери подоцна годинава. За овие трансакции, „Виза“ ќе го користи блокчејн системот на криптовалутата Етериум, пишува „Си-ен-би-си“. УСД Коин е криптовалута чија вредност...

Јапонците имаат најмоќен пасош, може да патуваат без визи во 191 земја, Македонците во 124

Најновите податоци од истражувањето кое го спроведе компанијата „Хенли и Партнери“ за индексот на јачината на пасошите на државите во светот, покажуваат дека најсилен пасош на светот моментално е јапонскиот, чии сопственици можат да патуваат слободно во 191 земја во светот. Следува сингапурскиот со 190 слободни дестинации, а третото место го делат јужнокорејскиот и германскиот пасош со кои може...

МВР им ги продолжи дозволите и визите за престој на странците до 31 август

Владата донесе нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба. „Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20 март и со истата се продолжува периодот на престој на странци на кои за време на вонредната состојба, им истекол краткорочен...

Стејт департментот воведува нови правила за издавање американска виза

Американската влада постави нови критериуми за вадење виза за шест претежно муслимански земји и за бегалци, според кои за да добијат виза, потребно е да имаат „блиско“ сродство или деловни врски во САД. Според насоките на Стејт департментот, граѓаните на Сирија, Судан, Сомалија, Либија, Иран и на Јемен, ако сакаат да патуваат во САД, мора да докажат дека во таа...

Новите шенгенски правила предизвикаа километарски колони на границите на ЕУ

Новите шенгенски правила за контрола на патниците предизвикаа проблеми на границите и на аеродромите, особено за време на продолжениот викенд за Велигден. Според новите правила, кои почнаа да се применуваат од 7 април годинава, контрола на патните документи се врши на сите лица без разлика дали се жители на Европската Унија или не се. Контролите се дел од мерките за...

Суд во Сиетл привремено го блокира указот на Трамп за имигрантите

Федералниот суд на САД во Сиетл синоќа привремено го сопре спроведувањето на указот на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој на државјаните на седум доминантно муслимански држави им се забранува влез во САД. Одлуката на федералниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт, важи за целата територија на САД. Судијата Робарт ја донесе ваквата одлука по жалбата против указот на Трамп која...

Европската комисија бара да се проверуваат сите што влeгуваат во шенген-зоната

Европската комисија денеска предложи претходна проверка за секој кој од трета земја влегува во шенген-зоната на Европската Унија, дури и ако земјата има безвизен режим. Со овој потег, ЕУ би применила сличен систем кој веќе постои во САД. Предложениот систем, ЕТИАС (Систем на ЕУ за информирање и за одобрување патувања) ќе биде сличен на американскиот систем ЕСТА и ќе бара...

Македонија и Бразил заемно ги укинаа визите

Македонија и Бразил од 27 август заемно ќе ги укинат визите за деловни и за туристички патувања. Визната либерализација ќе се однесува за престој до 90 дена во период од 180 денови. Размената на дипломатските ноти со кои се дава ослободувањето од краткорочни визи меѓу Бразил и Македонија ја извршија шефот на бразилската дипломатијата, Карлос Алберто Симас Магелиес, и амбасадорот на...

Амбасада на САД: Стејт департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери

Американскиот Стејт департмент може да им забрани влез во САД на корумпираните функционери, во согласност со претседателската декларација 7750. Ова било наведено во одговорот од Амбасадата на САД во земјава на прашањето на „24 Вести“ дали на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му е одбиено барањато за американска виза. Од амбасадата не одговориле директно на прашањето, но...

Европската Унија ќе го усвои безвизниот режим за Турција

Европската комисија на Турција условно ќе ѝ одобри безвизен режим за шенгенската зона, објави денеска „Би-би-си“ повикувајќи се на анонимни извори. Официјалното соопштение за тоа Европската комисија ќе го објави утре, наведува британскиот сервис. Безвизниот режим за Турција е дел од договорот што го постигнаа официјален Брисел и Анкара, а во рамките на кој Турција се согласи да ги прими назад мигрантите...

Турција воведува визи за Сиријците што доаѓаат по воздушен и по поморски пат

Турција денеска воведе визи за Сиријците што во земјата влегуваат по воздушен или поморски пат, во обид да го намали приливот на мигранти. Турското министерство за надворешни работи соопшти дека цел на новата регулатива е да се намали бројот на Сиријците што во Турција стигнуваат индиректно од други земји, како што се Либан или Египет. Во соопштението се истакнува дека Сиријците кои во Турција...

САД го заострија визниот режим за туристи од 38 земји

САД го засилија визниот режим за туристите од 38 држави, од кои 30 се европски. Мерката која беше преземена по терористичките напади во Париз минатиот месец, се содржи во законот за буџетот за следната година, која била донесена од Конгресот на САД и потпишана од претседателот Барак Обама вчера. Според усвоената мерка, туристите од овие 38 развиени земји нема да...

Русија го укинува безвизниот режим со Турција

Русија ќе го суспендира безвизниот режим со Турција, соопшти шефот на руската дипломатија, додавајќи дека одлуката стапува на сила на 1 јануари 2016 година. Одлуката доаѓа неколку дена откако турските воздухопловни сили урнаа руски борбен авион во близината на границата на Сирија. - Одлучивме да го суспендираме безвизниот режим меѓу Русија и Турција. Одлуката стапува на сила на 1 јануари...

Жител на Житоша осомничен за измама

Крушевската полиција поднела кривична пријава против Р.О. (30) од селото Житоша, кој е осомничен дека измамил соселанец, ветувајќи дека за одредена сума ќе му среди за виза и за стан во Швајцарија, информираат од полицијата. Како што објаснуваат оттаму, осомничениот на својот соселанец му ветувал виза за постојан престој и стан во Швајцарија, осум години, односно од јули 2006 година до...

Русија ќе бара и отпечатоци од прсти за влез во земјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој сите лица што со виза ќе патуваат во Русија, ќе мора да дадат и отпечатоци од прсти. Предлогот за воведување задолжително земање отпечатоци од прсти го даде Министерството за надворешни работи на Русија, како одговор на планираните мерки на Брисел од 2015 година да се земаат отпечатоци од прсти на Русите...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...