fbpx
Таг: виз-ер

таг: виз-ер

„Виз ер“ ги прекинува сите летови до Италија, по рестриктивните мерки на владата во Рим

„Виз ер“ објави дека од денеска 10 март 2020 ги суспендира сите свои рути до Италија, како резултат на одлуката за рестриктивни мерки на италијанскиот премиер, со цел да ја контролира појавата на корона вирус во земјата. „Летовите за сите дестинации на „Виз ер“ кон Италија Алгеро, Бари, Болоња, Катанија, Милано Бергамо, Милано Малпенса, Неапол, Пиза, Рим Киамино, Рим Фиумичино...

Турку и Ларнака се две нови дестинации на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје

„ТАВ Македонија“ денеска го одбележа отворањето на две нови дестинации на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје – Турку и Ларнака. На Меѓународниот аеродром Скопје, попладнево беше пречекан првиот лет на новата директна авиолинија на „Виз ер“ од Турку, град на југозападниот брег на Финска. Со време на поаѓање 06 часот, а време на пристигнување од аеродромот Турку во 12...

Воведени две нови авионски линии од Охрид кон Малме и Милано

„ТАВ Македонија“ на аеродромот „Св. Апостол Павле Охрид“ го пречека првиот лет на „Виз ер“ од Малме, во исто време одбележувајќи го отворањето на две нови дестинации од Охрид кон Малме и Милано и обратно. Двете нови директни линии ќе сообраќаат во текот на целата година, со две неделни фреквенции. Почнувајќи од денеска, 18 март, летот од и до Малме...

Сугарески: Понудата од „Виз ер“ не одговараше со условите во јавниот повик

По повод поништениот јавен повик за финансиска поддршка на авиокомпании што беше објавен на 13 септември годинава, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески информираше дека авиокомпанијата „Виз ер“, била единствената која доставила понуда, но таа не одговарала со условите и критериумите пропишани во јавниот повик за финансиска поддршка за авиокомпании. Тој објасни кои делови од условите, компанијата „Виз ер“ не...

Повторно поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска објави дека повторно е поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании што беше објавен на 13 септември годинава. На денешната прес-конференција во Владата, Сугарески информираше дека до крајниот рок е доставена само понуда од „Виз ер“, но таа не одговара со условите и критериумите во тендерот.

Владата со нови критериуми за субвенции за авиопревозници

Владата на денешната седница почна нова постапка за доделување финансиска поддршка, односно субвенции, на домашни и странски авиокомпании за евтини летови. Пред две седмици беше поништен повикот за субвенции на кој се пријави само унгарската компанија „Визер“. Новата мерка за субвенционирање ќе важи за периодот 2019-2021 година. - Владата ги донесе уредбата за начинот и за критериумите за доделување финансиска поддршка на...

Поништена постапката за субвенции за авиопревозници

По предлог на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници, Министерството за транспорт и врски ја поништило постапката за доделување на финансиска поддршка. На јавното отворање на барањата, на 27 јули, имало само една понуда, којашто не била доставено согласно условите, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не би наведен полниот назив и адреса на...

Во август нов договор за субвенционирани летови од македонските аеродроми

Нов договор за доделување финансиска поддршка од државата за воведување нови дестинации од македонските аеродроми треба да биде потпишан во август годинава со авиокомпанија што ќе биде избрана на повикот што за таа намена го објави денеска Министерството за транспорт и врски. Со тендерот на кој понуди ќе може да се доставуваат до 27 следниот месец, кога ќе има нивно...

1,2 милиони патници од Македонија летале со „Виз-ер“

„Виз ер“, лани  превезе 1,2 милиони патници на ниско-буџетните македонски авиолинии, што претставува пораст од 20 проценти на годишно ниво и поддржува 900 локални работни места во придружните индустрии. Лани, компанијата ја прошири својата скопска флота на четири авиони и воведе четири нови авиолинии од Скопје до Будимпешта, Малта, Рим и Ваксјо. - Како авиокомпанија со најголем удел во патничкиот авиосообраќај, очекуваме...

„Виз ер“ ќе воведе авиолинија Охрид – Виена

„ТАВ Македонија“ и ниско-буџетната авиокомпанија „Виз ер“ најавија нова авиолинија од Охрид до Виена од 15 ноември. Летовите ќе бидат три пати неделно, односно секој вторник, четврток и недела со цени на картите од 1.199 денари. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој изјави дека Виена како дестинација ќе биде четврта по ред авиолинија од Охрид што ќе сообраќа во текот на...

„Виз ер“ бара дозвола за работа во Велика Британија поради Брексит

Унгарската нискотарифна авиокомпанија „Виз ер“ аплицираше за дозвола за работа како авионски оператор во Велика Британија, за да биде сигурна дека ќе продолжи да работи и по излегувањето на таа земја од Европска Унија. Во соопштението доставено до Лондонската берза, „Виз ер“ наведува дека ќе основа британска подружница „Виз ер УК“ со база на аеродромот „Лутон“. Таа подружница би почнала...

„Виз ер“ од денеска со летови од Скопје до Будимпешта

Компанијата „ТАВ Македонија“ денеска го пречека авионот на „Виз ер“ кој на скопскиот аеродром „Александар Велики“ слета од Будимпешта, одбележувајќи го отворањето на новата рута Будимпешта - Скопје - Будимпешта. Авиокомпанијата ќе сообраќа двапати неделно, односно секоја среда и недела, со пристигнување на скопскиот аеродром од Будимпешта во 12.25 часот и заминување од Скопје за Будимпешта во 13 часот. - Воведувањето...

„Виз ер“ воведува три нови линии до Рим, Малта и до Ваксјо

Три нови авиолинии од Скопје до Малта, Рим и до Ваксјо (Шведска) ќе воведат „Виз ер“ и „ТАВ Македонија“, информираа од компанијата. Летовите ќе почнат да се реализираат на 14 и на 16 јули годинава, кога ќе се базира и четвртиот авион на оваа компанија. - Нашата инвестиција во базата во Скопје со дополнителниот воздухоплов, трите нови линии и зголемените...

„Виз ер“ воведе нова авиолинија Скопје – Будимпешта

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ ќе воведе нова линија од Скопје до Будимпешта од 2 април 2017 година. Летовите ќе се одвиваат двапати неделно, во среда и во недела, а билетите веќе се ставени на продажба и можат да се резервираат. Од „Виз ер“ велат дека Будимпешта е популарна дестинација како од бизнис-аспект, така и за туристите. Притоа, македонските граѓани од таму ќе можат...

„Виз ер“ воведува нова линија Скопје – Хановер

Нова линија Скопје - Хановер со два лета неделно, во вторник и во сабота, ќе воведе најголемата нискобуџетна компанија „Виз ер“ од 1 ноември годинава. Со воведувањето на овој лет, „Виз ер“ ќе нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома, во Скопје и во Охрид, а аеродромот во Хановер е 124. во мрежата на оваа компанија. Билетите се веќе во продажба...

„Виз ер“ ќе лета двапати неделно до Берлин, Копенхаген и Братислава

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ воведува летови кон Берлин, Братислава и Копенхаген двапати неделно од аеродромот „Александар Велики“. Кон Берлин ќе сообраќа во вторник и во сабота, а цената на билетот ќе изнесува од 1.199 денари, кон Братислава во понеделник и во петок, а кон Копенхаген во среда и во недела, дестинации до кои билетот ќе чини од 899 денари, односно...

„Виз ер“ од и до Македонија превезла 2 милиони патници

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ превезла два милиона патници до и од Македонија откако почнала со работа во 2011 година. - Со основањето на нашата база во Скопје и со континуираното ширење на нашата нискобуџетна мрежа, отворивме голем број локални работни места, во исто време поттикнувајќи ги туризмот и воздухопловната индустрија. Сега имаме три воздухоплови базирани во Скопје, а секој од нив...

„Виз ер“ ќе лета и до Братислава, Копенхаген и до Берлин

Братислава, Копенхаген и Берлин се новите дестинации до кои нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ ќе лета од Скопје. Новите летови ќе се воспостават во март следната година. „Виз ер“ сега нуди 24 рути кон 11 земји од двата македонски аеродроми, во Скопје и во Охрид.

Повеќе од 3.000 учесници на ревијалната трка на „Виз ер Скопје“

Повеќе од 3.000 учесници учествуваа на ревијалната трка на „Виз ер Скопје“ на 5 километри. Трката почна во 9 часот на улицата Димитрија Чуповски, кај „Рекорд“, а се трчаше низ булеварот Климент Охридски, Илинденска, Франклин Рузвелт, па долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов учесниците се упатија кон финишот. - Сакам да им се заблагодарам на сите љубители на спортот и на трчањето, на сите аматери и...

Пет нови линии со „Виз ер“

Со денешното испраќање на новите летови за Осло и за Фридрихсхафен, компанијата што оперира со македонските аеродроми го прослави отворањето на петте нови рути од „Александар Велики“: Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Нинберг и Хамбург. - Петте нови дестинации со авиокомпанијата „Виз ер“ до Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Хамбург и до Нинберг, се одлична можност за сите што сè уште не се одлучиле каде да го...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...