fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно станува збор за научно...

Задолжителната вакцинација и инспекциските контроли во градинките се поради епидемијата на голема кашлица

Програмата за задолжителна имунизација не е поврзана со Клаус Шваб, ниту пак, со Светскиот економски форум. Парите за вакцините за задолжителната имунизација се обезбедуваат од буџетот на државата. Вакцинацијата е задолжителна затоа тоа што спречува ширење на епидемии ако вакциналниот опфат е над 95 проценти. Станува збор за одлука на национално ниво, донесена по претходна анализа на здравствените власти,...

Судот во Германија воопшто не расправал дали вирусот на мали сипаници постои

Судот во Германија не одлучувал за тоа дали вирусот на сипаници постои или не постои, туку одлучувал во граѓански спор за ветено плаќање меѓу две лица во врска со ветена награда. Исто така, не е вистина дека „секој месец пуштаат вирус“. Со таквата реченична формулација се алудира дека вирусот е намерно пуштен, што не е вистина. Кога има низок...

Метаморфозис и Вистиномер учествуваат во креирање на најголемата база на податоци за проверка на факти за европските избори

Фондацијата Метаморфозис и веб-порталот Вистиномер соработуваат во проект со Европската мрежа за стандарди при проверката на факти (EFCSN) и коалиција од над 40 организации за проверка на факти низ Европа за да создадат сеопфатна база на проверки на факти фокусирана на Европските парламентарни избори во 2024 година, поддржанa од Google. Оваа, прва од ваков вид, отворена база на податоци собира...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ нема причина за славење поради „црната листа“ за Јанева, таа беше и нивен предлог и нивен избор

ВМРО-ДПМНЕ нема никаква причина со спин да слави дека Американците ги ставиле Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“. Посебно за Јанева, која за подзаборавените, е избрана со заедничка одлука на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ако веќе се радуваат за Јакимовски, пак, треба да имаат исти аршини и чесно да признаат дека кремот на...

Макрон не е сатанист и не постои никаков план за депопулација

Објавата се однесува на изјава на францускиот претседател Макрон за новиот нацрт-закон за крајот на животот кој ќе овозможи „помош за завршување на животот“. Предложениот закон се однесува само на возрасни лица кои страдаат од неизлечива болест во крајна фаза, односно за кои нема спас и дека истите одлуката за завршување на својот живот ќе ја носат самостојно. Никој...

Не е точно дека Ајфон тајно ги фотографира корисниците секои пет секунди

Објавата шири невистини дека Ајфон тајно ве фотографира секои пет секунди. Причината поради којашто инфрацрвената камера апсорбира зрак секои пет секунди е опцијата за препознавање на ликот. Точно е дека Ајфон изведува акција секои пет секунди, како што е прикажано во видеото. Но, ова е поврзано со опцијата која Епл ја нарекува Аttention Aware. Оваа опција Ајфон ја користи...

Контраспин: Јакимовски како Трамп – жртва на длабоката држава и на Сорос!?

Стевче Јакимовски не е обвинет, ниту осуден за некое кривично дело за какво што го товарат САД со назначување на нивната „црна листа“. Тој, се разбира, може да си ја продолжи претседателската трка и градоначалничкиот мандат доколку не ги освои претседателските избори. Но, тоа со ништо нема да ги смени фактите од сегашноста или минатото, ниту пак, Јакимовски може...

Белгискиот политичар е осуден затоа што јавно го негирал холокаустот и ширел расистички говор

Белгискиот политичар Дрис Ван Лангенхов не бил осуден само затоа што споделувал навредливи мемиња во група за разговор. Тој бил осуден за говор на омраза, за ширење расистички, нацистички и негационистички говор. Ван Лангенхов е политички активист и водач на фламанско-националистичко младинско движење наречено Schild & Vrienden, тој е осуден за поттикнување насилство и негирање на холокаустот, што во...

Замаглување на вистината за смртта на Навални со вакцинални дезинформации

Истакнатиот руски опозиционер и критичар на власта, Алексеј Навални, почина во сомнителни околности. Во отсуство на каква било транспарентност околу неговата смрт, во регионот се шират дезинформации дека починал од тромб предизвикан од ковид вакцината на „Фајзер“. Поточно, се тврди дека Навални е жртва на вакцината преку т.н. нарачано убиство, а не на политичка репресија, пишува „Вистиномер“ во својата...

Истовременото примање на МРП и ДиТеПер вакцината е безбедно и е препорачано од здравствените власти

Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која содржи компонента против пертусис и МРП вакцината се аплицираат во различни екстремитети, пишува во укажувањето...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше епидемија со морбили. Вистиномер во архивата на граѓанскиот суд од 2019 година, пронајде неколку судски пресуди во кои родители на невакцинирани деца ги тужат градинките зашто тие не ги примале...

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките не е фашизам, туку заштита на населението

Постапките на надлежните институции се во согласност со законите и Уставот на државата и тие во никој случај не можат да се наречат фашистички. Забраната за носење невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки не е фашизам, туку мерка којашто се носи за заштита на населението. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија,...

Мажите кои дефилираат во црвени потпетици, всушност протестираат против родовото насилство

Мажите прикажани на видеото во објавата, носат високи потпетици за да ја кренат свеста кај населението против родовото насилство и за да помогнат да се соберат средства за жртвите од насилство. Оваа парада е позната како „Прошетајте една милја во нејзините чевли“ (“Walk a Mile in Her Shoes”). Самото видео е снимено во октомври минатата година во американската сојузна...

Францускиот предлог не ја содржи бугарската негаторска резолуција

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во интервју на Канал 5 телевизија изјави дека во францускиот предлог и во деловите од преговарачката рамка „ја има суштината на бугарската резолуција, во која се негираат македонскиот народ, нација, идентитет и историја“. Со преглед на јавно достапните документи што Владата и ЕУ ги има објавено за предлогот, лесно може да се види дека...

Стигматизација на ЛГБТ заедницата: Законот за родова еднаквост не е донесен и нема врска со јавни тоалети

Објава на социјалната мрежа Фејсбук манипулира со законот за родова еднаквост и шири купишта невистини за неговите цели и содржина. За законот има објавено само драфт верзија, во која воопшто не се споменуваат јавните тоалети, туку тој се однесува на унапредување на правата на жените и постигнување еднаквост и рамноправност, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која...

Руската пропаганда повторно шири паника за наводен пуч во Украина

Во регионот повторно кружат гласини дека украинските специјални служби се незадоволни од новото раководство на украинската армија и „подготвуваат“ државен удар. Како и претходно, дезинформациите доаѓаат од руската државна агенција „РИА Новости“, но овојпат главен извор се говорни пораки на еден член од тајна Телеграм група. Автентичноста на снимените говорни пораки не може да се верификува, ниту пак, идентитетот...

Контраспин: Концептот „Да станеме посакувани и Бугарија ќе биде пред свршен чин“ е магла

Во уште еден неодреден сет одговори за европската перспектива на државата доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира идната влада, нејзиниот лидер Мицкоски во еден момент најавува не така брзо решение „доколку од другата страна немаме вистински партнер“ и потоа искажува спин, нудејќи концепт дека прво треба „да станеме посакувани, со што Бугарија ќе била пред свршен чин“. Ова тврдење е извртување...

Пресудата за сопственикот на „Беса транс“ е за фалсификување исправа, а не за причините за несреќата

Сопственикот на „Беса транс“ доби казна од една година и осум месец затвор за делото фалсификување исправа за автобусот, со кој во ноември 2021 година во Бугарија загинаа 45 лица. Исто така, казнета е и фирмата „Беса транс“ како правно лице, со парична казна од 800.000 денари, како и мерка забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок...

Сложни „владици“ во Собрание си мрсат

Власта и опозицијата во Собранието со здружени сили експресно протуркаа законски корекции, со кои прилично се отежнува вклучувањето на независните кандидати во изборната игра. Лутите политички противници обезбедија 84 гласа „за“ и Бадентерово мнозинство, за да ги усвојат измените на Изборниот законик со кои се зголеми прагот за учество на независните кандидати на изборите. Во меѓувреме тие продолжија да...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...