fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се прикажани луѓе како танцуваат, кои биле дигитално изменети за да го вклучат лицето на францускиот претседател. Видеото на кое се гледа како украинскиот претседател Зеленски танцува во егзотичен црвен фустан,...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на пензионерите, туку на влијателни, квалитетни луѓе надвор од партиските табори – аналитичари, експерти, колумнисти… Токму нив ги повика Силјановска да не гледаат сеир отстрана, туку да се вклучат во политичката...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во Украина е особено забрането да се земаат органи од починати лица кои припаѓаат на категоријата сираци, деца без родители, лица со инвалидитет. Не е дозволено да се земаат органи од...

Антиваксерска објава дезинформира дека „бескрајна е бројката на трајно оштетените деца“ од вакцините

Против укинување на задолжителна вакцинација се произнесе и Уставниот суд кој во 2014 година расправаше по иницијатива во која се бараше укинување на задолжителната вакцинација. Судот оцени дека со редовната вакцинација не се штити само лицето кое се вакцинира, туку се создава и колективен имунитет помеѓу населението, што ја спречува циркулацијата на инфективните агенси. Исто така, тврдењето во објавата дека „многу...

Контраспин: Нема силни аргументи дека СДСМ има најголем коалициски потенцијал

Децидната изјава на Ковачевски дека СДСМ има најголем коалициски потенцијал нема силни аргументи за да биде потврдена како факт. Историјатот на создадени и растурени коалиции од 2016/17 до сега што ги направи СДСМ за да обезбеди мнозинство во Собранието, големите отстапки што ги направи во однос на т.н. „црвени линии“, падот на рејтингот до степен да е тешко да...

Измислен доктор рекламира нерегистриран лек за чистење на крвни садови

Ликот на докторот кој се споменува во текстот споделен во објавата е целосно измислен. Ова е типична онлајн измама која неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми за да купат наводен лек и да потрошат еден куп пари, без притоа вистински да ја добијат помошта која им е неопходна. За да биде измамата уште поверодостојна под...

Со старо видео се манипулира дека повторно има хаос пред шалтерите за лични документи во Скопје

Во манипулативна објава се пласира старо видео снимено пред два месеца од турканиците во зградата на МРТ, притоа се тврди дека ова се случува сега откако Владата наводно укинала одлука на министерот за внатрешни работи. Всушност, станува збор за поништување на одлука за прераспределба на еден вработен на работно место во Ново Село – во Одделот за издавање лични...

Забраната за невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со Клаус Шваб

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со основачот на Светскиот економски форум, ниту, пак, тој има агенда за депопулација. Ваквите тврдења се дел од поголема антиваксерска кампања чијашто цел е да се убедат родителите да не си ги вакцинираат децата. Вакцините се проверени и безбедни, а децата треба да се вакцинираат за да се...

Лапсус злоупотребен за теорија на заговор и наводен „таен состанок на илуминатите“

Делот од видеото кој се шири на социјалните мрежи е веродостоен, но е изваден од контекст и е манипулативно претставен. Спорната реченица која ја изговара Хабард е достапна на снимката на Јутјуб и навистина се слуша дека публицистката кажала „бебињата што ги јадеме“. Сепак, врз основа на продолжението на реченицата во која таа веднаш вели „храната што ја јадеме“, како...

Докторите кои апелираат за вакцинација не се „убијци во бели мантили“

Објавата шири теорија на заговор, ги жигосува докторите кои апелираат да се спроведе задолжителната имунизација, нарекувајќи ги „убијци во бели мантили“, „платеници на фармакомафијата“ и со заканувачки тон тврди дека „ќе им се суди за геноцид“. Наспроти ваквите напади врз докторите, вакцинацијата на децата е задолжителна и за неа е изготвен Календар за имунизација, кој се спроведува согласно возраста...

Државата не ги труе луѓето со вакцини, туку ги спасува од зараза

Објавата што ја анализираме неосновано, произволно и без никакви медицински докази и факти тврди дека вакцините биле отров и дека државата сакала да ги труе нејзините граѓани. Докази за ова не се понудени, за разлика од доказите и фактите кои говорат дека вакцините се безбедни и дека тие спасуваат илјадници животи. Државата никого не труе, туку презема мерки согласно...

Антиваксерска објава големата кашлица и вакцините и ги поврзува со прскање од авиони

Во објавата се тврди дека секој којшто ќе ја прими вакцината против пертусис ќе го добие вирусот, како што наводно било случајот и со коронавирусот. Целта на ваквите антиваксерски тврдења е неосновано да се заплашува населението и да избегнува вакцини, иако тие го заштитуваат индивидуалното и колективното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава на...

Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно станува збор за научно...

Задолжителната вакцинација и инспекциските контроли во градинките се поради епидемијата на голема кашлица

Програмата за задолжителна имунизација не е поврзана со Клаус Шваб, ниту пак, со Светскиот економски форум. Парите за вакцините за задолжителната имунизација се обезбедуваат од буџетот на државата. Вакцинацијата е задолжителна затоа тоа што спречува ширење на епидемии ако вакциналниот опфат е над 95 проценти. Станува збор за одлука на национално ниво, донесена по претходна анализа на здравствените власти,...

Судот во Германија воопшто не расправал дали вирусот на мали сипаници постои

Судот во Германија не одлучувал за тоа дали вирусот на сипаници постои или не постои, туку одлучувал во граѓански спор за ветено плаќање меѓу две лица во врска со ветена награда. Исто така, не е вистина дека „секој месец пуштаат вирус“. Со таквата реченична формулација се алудира дека вирусот е намерно пуштен, што не е вистина. Кога има низок...

Метаморфозис и Вистиномер учествуваат во креирање на најголемата база на податоци за проверка на факти за европските избори

Фондацијата Метаморфозис и веб-порталот Вистиномер соработуваат во проект со Европската мрежа за стандарди при проверката на факти (EFCSN) и коалиција од над 40 организации за проверка на факти низ Европа за да создадат сеопфатна база на проверки на факти фокусирана на Европските парламентарни избори во 2024 година, поддржанa од Google. Оваа, прва од ваков вид, отворена база на податоци собира...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ нема причина за славење поради „црната листа“ за Јанева, таа беше и нивен предлог и нивен избор

ВМРО-ДПМНЕ нема никаква причина со спин да слави дека Американците ги ставиле Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“. Посебно за Јанева, која за подзаборавените, е избрана со заедничка одлука на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ако веќе се радуваат за Јакимовски, пак, треба да имаат исти аршини и чесно да признаат дека кремот на...

Макрон не е сатанист и не постои никаков план за депопулација

Објавата се однесува на изјава на францускиот претседател Макрон за новиот нацрт-закон за крајот на животот кој ќе овозможи „помош за завршување на животот“. Предложениот закон се однесува само на возрасни лица кои страдаат од неизлечива болест во крајна фаза, односно за кои нема спас и дека истите одлуката за завршување на својот живот ќе ја носат самостојно. Никој...

Не е точно дека Ајфон тајно ги фотографира корисниците секои пет секунди

Објавата шири невистини дека Ајфон тајно ве фотографира секои пет секунди. Причината поради којашто инфрацрвената камера апсорбира зрак секои пет секунди е опцијата за препознавање на ликот. Точно е дека Ајфон изведува акција секои пет секунди, како што е прикажано во видеото. Но, ова е поврзано со опцијата која Епл ја нарекува Аttention Aware. Оваа опција Ајфон ја користи...

Контраспин: Јакимовски како Трамп – жртва на длабоката држава и на Сорос!?

Стевче Јакимовски не е обвинет, ниту осуден за некое кривично дело за какво што го товарат САД со назначување на нивната „црна листа“. Тој, се разбира, може да си ја продолжи претседателската трка и градоначалничкиот мандат доколку не ги освои претседателските избори. Но, тоа со ништо нема да ги смени фактите од сегашноста или минатото, ниту пак, Јакимовски може...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...