!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Контраспин: Груевски владееше „диктаторски“, за другите – ќе видиме


Скопје, 8 мај, 2017 - 14:33 (META) 

„Само диктатори се опираат до последно за да се симнат од тронот и да се согласат да заминат во опозиција. За тоа има премногу јасни показатели за целата домашна и меѓународна просветлена јавност“, пишува „Вистиномер“.

„Статусот на фејсбук-страницата на Никола Груевски е наменет за да укаже дека начинот на гласање и на устоличување на Талат Џафери за претседател на Собранието бил „брутално кршење на Уставот, законот и на деловникот на Собранието“ и дека тоа било кршење на начелото на владеење на правото. „Тоа во старт претставува диктатура“, вели Груевски, спинувајќи притоа дека сè околу изборот, вклучувајќи ја и идната влада, е нелегално.

Но, тој не го споменува целиот контекст. А, контекстот е многу важен, зашто ако некој, во случајот Груевски и покрај јасно декларираното парламентарно мнозинство за добивање мандат за состав на нова влада, изнаоѓа триста начини да не дозволи трансфер на власта, тогаш тој се однесува диктаторски“, појаснува „Вистиномер“.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)


Наместо за „Титаник“, Јанкулоска со политички квалификативи за СЈО


Скопје, 8 февруари, 2017 - 10:39 (META) 

Поранешната министерка за внатрешни работи во владата на експремиерот Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, на 6 февруари годинава ја даде следната изјава за која „Вистиномер“ цени дека е невистина.

– Очигледно е дека во моментот на наближување на разврската на политичката криза на Зоран Заев му е потребна помош и секогаш кога на Зоран Заев му е потребна помош, тука е Специјалното јавно обвинителство да излезе со нешто што тие ценат дека оди во прилог на опозицијата, односно дека ги подобрува позициите на Зоран Заев. Меѓутоа, по сè – тие функционираат повеќе од една година – на граѓаните на РМ јасно им е дека ова е политичка пресметка со неистомислениците на СДСМ, на Зоран Заев, кој впрочем неодамна беше и фактички, повторно аболиран од СЈО – рече Јанкулоска.

Јанкулоска е висок функционер на ВМРО–ДПМНЕ и цели девет години се наоѓаше на многу важна функција, министер за внатрешни работи. Нејзините изјави околу СЈО се непринципиелни од два аспекта. Прво, таа е инволвирана странка, осомничена, во настани кои се окарактеризирани како кривични дела од легитимна институција за гонење сторители на кривични дела. Оттука, изјавата дека таа институција била политичка и без кредибилитет е недоследна и може да се разбере само како неаргументиран контранапад за тој што ја сомничи и ја гони.

Второ, ваквите изјави се идентични со ставот на партијата на која што припаѓа и на лидерот на таа партија, кои се залагаат за укинување на СЈО, а додека тоа не се случи во практика, прават максимални напори за попречување на работата на оваа институција.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)


Контраспин: Кој работеше на поделби цело време


Скопје, 14 декември, 2016 - 10:28 (META) 

Тој што работеше на поделби на граѓанска, интраетничка и меѓуетничка поделба речиси десетина година, не може сега да повикува на намалување на јазот и на обединување околу заеднички цели, пишува „Вистиномер“.

Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ја даде следнава изјава што „Вистиномер“ ја оценува како спин:

Спин: „Ќе бидеме фокусирани да се намали јазот помеѓу граѓаните, политичкиот јаз. СДСМ во желба да нè победи внесе многу гнев, многу омраза, многу голем јаз се создаде помеѓу македонскиот народ и граѓаните на Македонија, а понекогаш во некои моменти и помеѓу различните етнички заедници. Тоа треба да престане. И јас лично и новата влада и ВМРО-ДПМНЕ ќе работиме на намалување на тој јаз и на едно обединување со кое  сите граѓани ќе ја градиме Македонија како земја со многу повеќе работни места, повисок стандард и земја која ќе се движи кон Европската Унија“.

Контраспин: Никола Груевски веднаш по прогласувањето на прелиминарните резултати со проекцијата на пратенички места од страна на Државната изборна комисија, даде изјава за јавноста во која со помош на извртување на фактите, ја извртува вистината и спинува дека ќе работел на намалување на поделбата на граѓаните.

Груевски во изјавата детектирал две работи – првата е дека јазот е политички, но и дека постоела омраза, понекогаш дури и меѓу етничките заедници. Втората е, дека сето тоа го направил политичкиот противник СДСМ во кампањата за да ѝ наштетел на ВМРО-ДПМНЕ. Двете работи се невистина и извртување на фактите.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)


Контраспин: Трајко Вељаноски со лицемерна дефиниција за тоа што е национален интерес


Скопје, 24 ноември, 2016 - 19:10 (META) 

Точно е, како што вели Вељаноски, дека ќе се избира помеѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата. Само уште да дефинира точно што се највисоки национални интереси, а што е лицемерие кое се затскрива зад нив, пишува „Вистиномер“.

Контраспин: Трајко Вељаноски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и дел од кандидатските листи на партијата за изборите на 11 декември, со очигледно потценување на фактите, прес-конференцијата ја заврши со недвосмислен спин околу тоа за што ќе се гласало на претстојните избори.

Најпрво, за делот од изјавата дека на 11 декември ќе се гласало за унитарна или за двојазична, федерализирана Македонија. Трајко Вељаноски и врвот на неговата партија немаат ама баш од никаде доволно силни аргументи да го потврдат овој спин, на кој – тоа веќе посериозните аналитичари го оценија – ќе инсистираат до крај на кампањата за овие избори, како, безмалку, единствена карта на која ќе се обидат да ги анулираат другите сериозни теми. Ова е така, затоa што ниту настапите на Заев на кои се повикуваат (околу двојазичноста), ниту пак, политичката програма што ја објави СДСМ, не нудат цврсти аргументи за тврдење од овој тип на Вељаноски, особено, пак, не за федерализација на Македонија.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)


Погребот на новинарот Владе Ѓорчев во 13 часот на гробиштата во Ѓорче Петров


Скопје, 21 ноември, 2016 - 10:18 (META) 

Погребот на новинарот на „Мета“, Владо Ѓорчев, кој вчера ненадејно почина, ќе биде во 13 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во 12 часот.

Владо Ѓорчев, беше новинар и уредник во новинската агенција „Мета“, а во исто време беше активен соработник на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ и на „Вистиномер“.

Ѓорчев беше познат новинар и уредник и работеше во повеќе медиуми, меѓу кои и „Вечер“, „Време“, „Шпиц“, „Плус инфо“ и „Либертас“.

Неодамна Ѓорчев ја доби втората награда на конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција.

Новинска агенција „Мета“, но и медиумската сцена во Македонија остана без одличен уредник, новинар, неуморен пишувач и пријател.


ВМРО-ДПМНЕ контра СЈО: Против факти со говор на омраза


Скопје, 19 септември, 2016 - 16:46 (META) 

Откако во претпладневните часови на 15 септември 2016 година во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше соопштено дека се поднесуваат првите две обвиненија, а малку подоцна, откако медиумите утврдија дека со едното, за казниво дело се товари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски, оваа партија излезе со соопштение/изјава, во која грубо се извртуваат факти, но и се употребува маскиран говор на омраза, со што може да се поттикне верска и национална нетолеранција, пишува „Вистиномер“.

„Обвинителката Фатиме Фетаи тргна отворено против сите граѓани кои одлучија да излезат на протест против спречување на изградба на црквата во Општина Центар, откако и претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани Веритас се спротиставија на намерите на Андреј Жерновски и советниците на СДСМ да не дозволат да се гради Црквата Свети Константин и Елена.

Обвинителката Фатиме Фетаи реши да тргне против верниците кои имаат уставно загарантирано право на протест и имаат право да го изразат сопственото негодување со политиките на Жерновски и СДСМ, само заради тоа што предизвикале материјална штета од 20 евра“.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)


Има место за страв – не знаеме како се градело последните 20 години


Скопје, 13 септември, 2016 - 17:33 (META) 

Проф. д-р Михаил Гаревски за „ТВ Нова“ даде изјава во врска со стабилноста на објектите во Скопје и околу чувството на загрозеност кај граѓаните, која ја оценуваме како недоследна, пишува „Вистиномер“.

„Нема место за паника и од друг аспект, бидејќи – секогаш кога зборувам, зборувам за зградите кои што се градени после земјотресот (од 1963), а не пред земјотресот, пред земјотресот иако се дел од нив санирани се поповредливи – Значи, сите овие други згради кои што се проектирани по сеизмички прописи, сите тие згради многу лесно ќе го понесат Скопскиот земјотрес (се мисли на магнитуда од 6,1, како во 1963 г.), повторно зборам од аспект на носивата, главната конструкција…“

Изјавата на директорот на Институтот за сеизмологија и земјотресно инженерство, проф. д-р Михаил Гаревски, е можеби вистинита ако се однесува на зградите проектирани по сеизмички прописи, но токму поради тоа е и недоследна, од едноставна причина што не е познат фактот колку од изградените објекти во Скопје по земјотресот од 1963 година се проектирани и изградени според вакви стандарди. Оттука, недоследно е да се говори дека сè е во ред ако на јавноста не ѝ е познат тој факт.

Впрочем, самиот Гаревски неколкупати во свои изјави во јавноста во последните години ја прави таа фина дистинкција за периодот од крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на минатиот век, па сè до пред две години, кога со измена во Законот за градење се внесе строга обврска за почитување и за спроведување на проверката на асезимичноста на објектите.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)


Ванхауте за „Вистиномер“: Изборите треба да бидат цреша врз колачот, но колачот е невидлив


Скопје, 15 јануари, 2016 - 15:58 (META) 

„Изборите треба да бидат цреша врз колачот, при што ќе се видат спроведени сите неопходни реформи. За жал, иако црешата може да им изгледа многу привлечно на некои од партиите, колачот е речиси невидлив“, вели белгискиот олеснувач Питер Ванхауте во интервју за „Вистиномер“.

– Политичките партии често прибегнуваат кон тоа да ги разбираат медиумите како нешто што треба да се контролира, бидејќи најчесто им се допаѓа кога во јавноста има позитивни коментари за нив, а критички за сите нивни опоненти. Како и да е, во еден момент контролата врз медиумите станува ефикасна алатка за контролирање на луѓето. Ова се случува во тие земји каде што независноста на медиумите е ограничена и повеќе не е добредојдена – вели Ванхауте.

Олеснувачот е оптимист дека ќе се решат проблемите во медиумите, но не поради волјата на политичките партии, туку поради важноста на прашањето за слобода на медиумите и слободата на говорот воопшто. Тој верува во неопходноста на решавањето на ова прашање пред изборите.

– Како и да е, се надеваме дека во претстојните недели – не по, туку пред изборите – главните политички партии ќе се согласат на значителни промени во сферата на медиумите. И тоа не само за да се обезбеди теренот за игра и да се спроведат фер и слободни избори, како што бара опозицијата, туку и поради иднината на земјата. Заштитата и промовирањето на медиумската слобода значи почитување на една од клучните европски вредности – слобода на изразување и создавање на критично влијание, неопходно да ја приближи земјата до Европската унија – вели Ванхауте.


„Вистиномер“: Венецијанската комисија со укор за прописите за разрешување судии


Скопје, 31 декември, 2015 - 12:07 (META) 

Венецијанската комисија (ВК), највисоко европско советодавно тело за легислатива, оценува дека севкупното македонско законодавство што се однесува на делот за утврдување евентуална одговорност на судиите, а врз чија основа се врши и нивно казнување или разрешување, е благо речено збунувачко и е во насока на правни решенија кои повеќе може да се сфатат како заплашување на судиите, отколку како гаранција за нивната независност, пренесе „Вистиномер“.

Судството во Република Македонија, т.е. третата власт, со години наназад е оценувано како слаба алка која треба, а не е во функција на баланс и на контрола на извршната и на законодавната власт и краен гарант на почитувањето на правото генерално и на човековите права, одделно во државата.

Најновото мислење на Венецијанската комисија, донесено на пленарана седница одржана на 18 и на 19 декември, е усвоено врз база на анализа на три закони и на нацрт-амандмани на два од нив, означени како „нацрт-амандмани 2015“, а експертизата е извршена по барање на Европската комисија, поточно од Директоратот за соседство и за проширување, т.е. од администрацијата одговорна на еврокомесарот Јоханес Хан.

Целиот текст е на Вистиномер.мк.


Дали македонската влада ќе им го скрати животот на своите граѓани?


Проблемот со загадувачот на воздухот во полошкиот регион, фабриката „Југохром фероалојс“ не е вчерашен. Компанијата која што произведува железо, челик и легури од железо, со неколку прекини во нејзиното работење, во Македонија работи од 1952 . Тоа значи дека повеќе од 50 години оваа фабрика систематски ги труе граѓаните бидејќи, според експертите, таа е најголемиот загадувач во регионот, чијшто чад честопати го покрива како магла регионот на општините Јегуновце, Тетово и пошироко.

Дури и работниците што сакаат да останат анонимни, за „Порталб“ велат дека од 2010 година, кога оваа компанија ја презеде една руска компанија, таму се употребуваат уште поопасни материјали  што го загадуваат воздухот, а кои се употребуваат за производство на нивните легури.

На ракот ќе му се продолжи рокот?!

На 31 октомври 2013 година, истече рокот кој е продолжен неколкупати за загадувачите кои што требаше да ги исполнуваат еколошките стандарди. Дали овојпат Владата ќе застане на страната на граѓаните или едноставно ќе им го продолжи животот на фабриките, а со тоа ќе им го скрати животот на граѓаните? Таквата одлука е оставена да се разгледа на владина седница. Зачудувачки е како е можно Владата да има толку трпение и да го остави здравјето на граѓаните во рацете на бирократските процедури… Уште попарадоксална е ситуацијата кога од една страна Владата преку реклами ни кажува како треба да се храниме, а од друга страна нè убива со чадот на фабриките кои не ги затвора!

За здравјето се работи! Додека да се донесе одлука, Teтово сè уште останува најзагадениот град во Македонија! Општината нема преземено некоја мерка на локално ниво за разлика од Скопје, а болниците полни со пациенти, сведочат за загадениот воздух во Тетово.

Правна регулатива

Во 2005 година, Македонија стана земја кандидат за член на Европска Унија, која што бара ригорозни реформи во однос на животната средина. Во истата година, се усвоија законските измени, со кои, загадувачите требаше да ги исполнат еколошките стандарди, односно да преземат мерки со кои би ја добиле интегрираната еколошка дозвола А, со краен рок до 1 април 2014. (Видете: Закон за животна средина, член 139, пдф)

Во овој период, „Југохром“ имаше рок од девет години да направи измени во начинот на работење за да не ја загадува животната средина, промени кои задоцнија и, всушност, никогаш не се реализираа. Во овој период, на чело на овој ресор биле четворица министри:

  • Имер Алии,
  • Џелал Бајрами,
  • Неџати Јакупи и
  • Абдилаќим Адеми.

Што се однесува до првите тројца, јавноста не се сеќава дека некогаш реагирале за загадувачот „Југохром“, додека Адеми даде конкретно ветување дека овој загадувач ќе се затвори, но потоа го прекрши ветувањето. И актуелниот министер, Нурхан Изаири, даваше ветувања дека „Југохром“ ќе се затвори.

Министерството за животната средина досега има усвоено неколку планови и стратегии кои што не можат да се најдат на веб-страницата на министерстовото, бидејќи линковите на www.moepp.gov.mk едноставно не функционираат. Во последната стратегија од тој вид, Третиот национален план за климатски промени од декември 2013 година, Владата се заветува дека ќе го намали нивото на загаденост на воздухот.

Бесконечни продолжувања на роковите

Од 2005 наваму, неколкупати е побарано продолжување на роковите и Владата секогаш попуштила.

Ќе ги истакнеме некои од последните продолжувања на роковите.

1. 2012 година

„Југохром“ и другите фабрики уште од 2012 година побараа продолжување на рокот наведувајќи дека не се подготвени за да работат со еколошки стандарди. Владата ги прифати нивните барања, притоа усвојувајќи пет мини-мерки за „спас на металургијата“.

Мерките кои предвидуваат продолжување на рокот до 2019 година!

Досега нема информации дека овие мерки престанале да важат.

2. 2014 година

Неколку дена пред истекување на рокот, загадувачите побараа повеќе време:

Меѓутоа, Владата одлучи да го продолжи рокот за исполнување на стандардите до 31 октомври 2014.

„Големите“ ветувања на владините претставници

На 19 септември 2013 година, премиерот Никола Груевски рече дека прекршителите нема да се толерираат:

„Јас знам дека многумина од нив, сè уште веруваат дека оваа Влада, за која што се многу важни економијата, вработувањата, извозот, БДП итн., нема да се придржи до мерките. Всушност, ова има големо знечење. За нас има. Тоа е нашата совест, кога се работи за тоа дали сме презеле сè што е во наша моќ за да ги одбраниме здравјето на луѓето, од болестите кои се резултат на неодговорната работа на загадувачите“ – рече Никола Груевски.

Ексминистерот, Абдилаќим Адеми

Иако вети дека фабриките ќе се затворат на 1 април 2014 година, јасно е дека министерот Адеми не го одржа ветувањето дадено на 8 декември 2013.

Актуелниот министер, Нурхан Изаири неколкупати истакнал дека повеќе нема да има продолжување на роковите

Југохром“ престанува со работа (15 октомври) видео од „24 Вести

Директорот на еколошкиот инспекторат, Фирус Мемед

Реакциите на граѓаните „Нè затрувте!“

Иако долго време систематски се трујат, за проблемот со загадувањето, револтот на граѓаните кои што живеат во полошкиот реон и во Скопје, се појави минатата година со протестите во Тетово и во Скопје, каде што се бараше затворање на фабриките.

Некои од протестите на граѓаните

„Ќе се радикализираме!“

„Не би сакале да мислиме дека Владата може да продолжи да го толерира ова злосторство над граѓаните на Полог и да ја фаворизира работата без филтри за уште еден рок. Ни не сме за затворање на фабриката, никогаш не сме побарале такво нешто, дури бараме Владата да ги субвенционира овие стандарди, но не прифаќаме да се тргува со здравјето на граѓаните. Ние ќе покажеме нулта толеранција за секое заобиколување и ќе размислиме за радикализирање и за поголема сензибилизација на граѓаните. Владата на Република Македонија, воопшто, а посебно Министерството за животна средина ќе сноси одговорност за систематското труење на граѓаните на Полог, оставајќи ги со години да дишат воздух кој е 20 пати позагаден од дозволеното ниво, а исто така ќе сносат одговорност за затворање на фабриката (доколку се случи), имајќи предвид дека како власт никогаш не изнајдоа механизам со кој би се спасиле и граѓаните од загадувањето, а бизнисите би биле задолжени да применат мерки за заштита на нашата заедничка околина“, вели за „Порталб“, Арианит Џафери, еден од организаторите на протестите против загадувањето.

Тишина пред бура!

Сепак, никој од надлежните не сакаше да даде изјава за „Порталб“. Нашата екипа контактираше со Министерството за животна средина, а оттаму ни рекоа дека го чекаат крајниот рок и седницата на Владата. Недостапни беа и министерот за екологија, Нирхан Изаири, и директорот на еколошкиот инспекторат, Фирус Мемед. Исто така и главниот директор на „Југохром“, Бранислав Ѓурѓевиќ, остана недостапен за изјава. Изјава на темата единствено има од министерот за финансии Зоран Ставрески, кој што рече дека треба да се чека да помине рокот. /„Порталб“