fbpx
Таг: Висар Ганиу

таг: Висар Ганиу

Пропадна проширувањето на улицата „Цветан Димов“, Град Скопје пренаменил 2,3 милиони евра за исплата на долгови

2,3 милиони евра за проектот за проширување на улицата „Цветан Димов“, или поинаку позната како улицата кај „Јахја Паша“, Градот Скопје ги повлекол и ги пренаменил за покривање на обврските на Град Скопје кон Министерството за финансии, велат од Општина Чаир еден месец откако градоначалникот на оваа општина,  Висар Ганиу, изјави дека со Данела Арсовска немаат ни комуникација, ни соработка...

Ганиу и Касами повикани на разговор во полициска станица во врска со посетата на Курти

Барање за поведување прекршочна постапка против Општина Чаир и Општина Тетово, како и градоначалниците на овие две општини - Висар Ганиу и Билал Касами, поднело Министерството за внатрешни работи (МВР), соопштија денеска од ова министерство. Од МВР информираат дека за време на официјалната посета на косовската делегација на нашата држава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти,...

Ганиу за узурпираниот паркинг на Поликлиниката „Бит Пазар“: Адресата за овие девијантни работи е Владата

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, во разговор со новинарот на Порталб.мк ги отфрли тврдењата на Владата, Државниот градежен инспекторат, но и на претседателот на ЗЕЛС според кои надлежна да постапува во врска со узурпираниот простор позади Поликлиниката „Бит Пазар“, кој на илегален начин долги години се употребува како паркинг простор со наплата е Општина Чаир. Според него, надлежни...

Булеварот „Цветан Димов“ со шест ленти ветен од Висар Ганиу и натаму останува блокирана артерија на Чаир

Проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ сè уште е предизвик за локалните власти и секојдневен проблем за граѓаните на Чаир, на кои поради гужвата во сообраќајот за да поминат еден километар пат им се потребни десетина минути, пишува Порталб.мк. Таканаречената улица „Кај Јахја Паша“ е една од најфреквентните улици во Чаир, и е главната артерија што ја поврзува оваа општина со центарот...

Општина Чаир ветува дека наскоро ќе ги пренесува во живо седниците на општинскиот совет

Општина Чаир сè уште не започнала со директен пренос на седниците на Советот на општината на каналите на интернет, како што вети градоначалникот Висар Ганиу. Од општината велат дека ја обезбедиле потребната опрема за оваа намена и наскоро ќе назначат и одговорно лице, пишува Порталб.мк. „Еден од приоритетите во однос на транспарентноста и отчетноста е емитувањето на седниците на општинскиот...

Порталб: Ганиу сѐ уште не го исполнил ветувањето за катни гаражи во Чаир

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, повеќе од четири години ветува изградба на катни гаражи. Откако во првиот мандат не го исполни ова ветување, во пресрет на изборите за втор мандат, Ганиу повторно излезе со истото ветување за изградба на катни гаражи, пишува Порталб.мк. Висар Ганиу рече дека проектот ќе се реализира во соработка со бизнисменот од Косово, Беџет Пацоли, односно...

Порталб: Тендерот е објавен, но Ганиу не го исполни ветувањето дека ќе изгради базен во Чаир

Агенцијата за млади и спорт го објави тендерот за изградба на четири базени, меѓу кои е предвидена изградба на базен и во Општина Чаир. Од оваа агенција за Порталб.мк потврдија дека тендерот е објавен во саботата и дека законските процедури мора да се почитуваат до усвојување на одлуката за избор на компанијата која ќе ги изведува работите, а кои...

Порталб: За нереализирањето на некои проекти, Општина Чаир ја обвинува пандемијата

Клинички центар за деца, нов објект за Mладински центар, паркинзи зад станбениот блок на бул. Никола Карев, паркинзи на крстосницата на Џон Кенеди и Кемал Сејфула и кружни текови на улицата Цветан Димов, се дел од ветените проекти на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кои не се реализирани повеќе од три години, откако дојде на чело на општина Чаир,...

Порталб.мк: Останаа на хартија инфраструктурните проекти на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во неговата предизборна кампања вети големи инфраструктурни проекти, што ќе ја трансформираа оваа општина, која во моментов се соочува со инфраструктурен хаос, пишува Порталб.мк. Ганиу, за дел од инфраструктурата предвидел вкупен буџет од 158,3 милиони денари (2,6 милиони евра), со кои тој вети дека ќе реализира серија проекти, меѓу кои паркинзи зад станбениот блок во...

Ганиу за ветувањето нов објект за Центарот за млади: Пандемијата ги одложува процесите

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу за време на предизборната кампања вети дека ќе реконструира објект што ќе биде наменет за младински центар. Во неговиот договор Ганиу вети нов објект за младински центар, за кој бил предвиден буџет од 15.300.000 денари, односно 250.819 евра, пишува Порталб.мк Од оваа општина за Порталб.мк изјавија дека се прават максимални напори за реализација на проектите...

Порталб.мк: Општина Чаир за три години не успеа да ја започне изградбата на ветените катни гаражи

Висар Ганиу
Останаа уште неколку месеци до локалните избори и до крајот на мандатот на градоначалниците, а градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, сè уште не исполни едно од своите главни ветувања - решавање на проблемот со недостиг на паркинзи, пишува Порталб.мк. Повеќе од три години оваа општина, раководена од Ганиу, не успеа навремено да ги подготви урбанистичките планови за реализација на...

Порталб.мк: Ганиу ги заборави ветувањата за катни гаражи и подземни паркинзи во Чаир

Решавањето на проблемот со паркинзите во Општина Чаир е уште едно од ветувањата што градоначалникот на оваа општина Висар Ганиу го даде за време во предизборната кампања, а кое не е реализирано, пишува Порталб.мк. Во својата предизборна програма „Договор“, Ганиу вети обезбеден буџет од 1.156.293.957 денари (околу 18 милиони евра) за изградба на 4 катни гаражи на територијата на оваа...

Порталб: Ганиу не ги исполни ветувањата за основните училишта „Имри Елези“ и „Конгреси и Манастирит“

Дел од ветувањата на Висар Ганиу за реконструкција на училиштата во Општина Чаир останаа само во ветениот план напишан на хартија, пишува Порталб.мк. Во својот „Договор“ за 4-годишната програма 2017-2021 година, Ганиу, меѓу другото, вети пред изборното гласачко тело дека ќе ги реконструира повеќето основни училишта на територијата на оваа општина. За Основното училиште „Имри Елези“, Ганиу вети дека ќе направи...

Порталб: Иако беше ветено, ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир сè уште не е реконструирано

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во програмата која ја презентираше во предизборната кампања на последните локални избори, меѓудругото вети и многу проекти во врска со реконструкција на основните училишта на територијата на оваа општина, пишува Порталб.мк. Во оваа програма тој вети реконструкција на ОУ „Исмаил Ќемали“. Сепак, иако вети дека проектот за реконструкција на ова училиште ќе вклучува реконструкција на...

Порталб: Ганиу го завршува мандатот без да го исполни ветувањето за реконструкција на градинките

Реконструкција на фасадата и опремување на градинки со енергетска ефикасност, реконструкција на оградите, хортикултурно уредување, игралишта со реквизити, урбана опрема, пешачки улички, се дел од предизборните ветувања на „Договорот“ на Висар Ганиу. Во него, тој вети дека ќе ги реконструира сите градинки во Општина Чаир, вклучувајќи ги и горенаведените проекти, како и да изгради две нови детски градинки. Порталб.мк...

Градоначалникот на Чаир, Ганиу е позитивен на корона вирусот

Граданочалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу кој беше во самоизолација поради контакт со заболен од корона вирусот, потврди дека е позитивен. „По извршениот тест вчера за можноста на заразен со Ковид-19, Ве информирам дека резултатот е позитивен. Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт. Од оваа положба уште еднаш Ви апелирам и молам за внимание, заштитни мерки...

Ганиу: Калдрмата во скопската чаршија се санира со дозвола од сите надлежни институции (галерија)

Бурни реакции на јавноста откако на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат фотографии со градежни активности во Старата скопска чаршија. Граѓаните револтирани и загрижени упатија прашања до надлежните зошто е раскопана чаршијата во време на полициски час. - По не знам кој пат објаснувам дека станува збор за работа во рамки на проектот „Промоција на туризмот во Стара Скопска чаршија“...

Во Чаир се чека летото за да се започне со изградба на паркинзи

Сè уште нема решение на проблемот со недостигот на паркинг места во општина Чаир, иако ова беше клучно предизборно ветување на актуелниот градоначалник на општината, известува „Порталб.мк“. Од Општината не даваат конкретна информација, а пред извесно време градоначалникот Висар Ганиу рече дека проблемот ќе почне да го решава ова лето, Откако одговори не добиле од градоначалникот и од портпаролот на...

Општина Чаир ќе доделува субвенции за велосипеди

Општина Чаир денеска ја пушти во употреба велосипедската патека на улицата Втора Македонска бригада и соопшти дека ќе доделува субвенции за велосипеди. Новата велосипедска патека е поставена на коловозот на улицата и е обележана со пластични конуси. Таа беше поставена заедно со Град Скопје, а завршувањето на работите денеска свечено го одбележаа градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и  Сенад...

Ахмети објави победа во Тетово, Струга, Кичево, Чаир и во Сарај

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва објави победа на кандидатите за градоначалници од неговата партија во клучните општини со големо албанско мнозинство, како Тетово, Чаир, Струга, Сарај, Дебар, Липково, Долнени, Теарце и Кичево. - Тука сум да ја потврдам веста за големата победа на ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Дебар, Сарај, Липково, Долнени, Теарце и во Кичево - соопшти Ахмети. На...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...