fbpx
Таг: Виолета Дума

таг: Виолета Дума

Дума во „Титаник 2“: Ибраими ми рече „шефот ме бара“, потоа гласаше како членовите од ВМРО-ДПМНЕ

На судењето за предметот „Титаник 2″, прва сведочеше поранешната членка на Државната изборна комисија, Виолета Дума. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи ја праша Дума дали се сеќава на седницата на ДИК, за приговорот за гласачкото место 1727 во општина Струмица, за локалните избори 2013 година. – Дали видовте дека некој за време на седницата да му се јави на Бедредин Ибраими...

Поранешните членови на ДИК Чичаковски, Дума, Милев, Бонева и Јакупи добија апанажа

Петмина од осумте доскорешни членови на Државната изборна комисија ќе добијат апанажа, одлучи собраниската Комисија за избори и именувања на денешната седница. Апанажа во траење од една година ќе добијат поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски, членовите од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ. Другите тројца членови - Реџеп Прекопуца, Атанас...

Шесте оставки ДИК ги доставила до Собранието, Срцев и Бонева ќе ги однесат сами

Шесте оставки на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) поднесени вчера и денеска, односно тие на претседателот Александар Чичаковски, потпретседателот Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев и Субхи Јакупи се веќе доставени во архивата на Собранието, дознава „Мета“ од извори во ДИК. Според информацијата што ја добивме, членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев,...

Заев ги поздрави и ги оцени како морален чин оставките на членовите на ДИК

Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на членовите на Државната изборна комисија да ги вратат парите од бонусите, како и оставките на дел од нив, кои ги оцени како морален чин. - Се работи за исклучителни професионалци кои имаа сериозна улога во едно сериозно време и ја завршија професионално. Одлуката што ја донесоа знам дека е законска, но, веројатно е...

Чичаковски и членовите на ДИК си поднесоа оставки на функциите

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, за државната новинска агенција МИА потврдил дека си поднел оставка на функцијата. Околу причините за оставката, Чичаковски навел дека тоа е негов личен чин. Инаку, оставката на Чичаковски доаѓа откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК си зеле високи бонуси за последните изборни циклуси, а беше почната и интернет-петиција со која...

ДИК: Неправедно сме обвинети, ама ќе ги донираме парите од екстра платите

Државната изборна комисија на денешната седница донесе заклучок дека одлуката за исплата на надоместоци за членовите и за вработените во ДИК за локалните избори е донесена во согласност со Изборниот законик и со правилникот за работа. ДИК исто така одлучи секој од вработените и членовите во ДИК индивидуално да одлучи за враќање во буџетот или донирање на добиениот надоместок. Претседателот...

Дума: „Курир“ нека ја објави целата снимка од седницата на ДИК

Вистинска случај, но без јасна завршница предизвика настанот од завчера, кога според порталот „Курир“ на нивниот снимател му било наложено од обезбедувањето да ја напушти седницата на Државната изборна комисија, откако членката на ДИК, Виолета Дума, побарала тој да се претстави. Дума денеска рече дека не станува збор за бркање, бидејќи новинарот самиот си заминал, откако снимал. Таа денеска изјави...

Виолета Дума останува член на ДИК

Собранието на денешната седница не ја разреши Виолета Дума, член на ДИК од СДСМ, затоа што не се обезбеди мнозинство од 82 пратеника. За предлогот за нејзино разрешување гласаа 48 пратеници, 25 беа против, а 14, иако беа во салата, не гласаа. Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се повикуваат на Изборниот законик и на автентичното толкување на законот, Дума ги...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...