!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

„Мајкрософт“ го претстави „виндоус 10“


Скопје, 1 октомври, 2015 - 16:55 (META) 

„Мајкрософт“ завчера во кино „Синеплекс“ организираше ден на „виндоус 10“ и официјално го промовираше новиот оперативен систем на деловните корисниците и на партнерите.

„Овој „виндоус 10“ e без конкуренција најдобриот „виндоус“ кој досега бил објавен и во него се собрани најдобрите искуства, знаење, технологии и иновации. „Виндоус 10“ им овозможува на луѓето и на организациите да ја зголемат продуктивноста во работењето и целосно да ги реализираат своите потенцијали“, велат од „Мајкрософт“.


Повеќе луѓе користат windows XP отколку осумка


Редмонд, 3 март, 2015 - 21:00 (META) 

Компанијата „Мајкрософт“ го објави windows 8 во октомври 2012 година, а една година подоцна го лансираше windows 8.1, но, сепак, оперативниот систем објавен пред 14 години ги надминува и двата заедно.

Според статистичките податоци што ги обезбеди „Нет апликејшн“, windows XP сега има 19,15 отсто удел на десктоп-пазарот на оперативните системи, што е доволно за да биде најпопуларен оперативен систем.

Windows XP го зголеми уделот во февруари од претходните 18,9 отсто. Најголем проблем е малиот удел на модерниот оперативен систем, затоа што ни windows 8, ни windows 8.1 не успеале да привлечат поголемо внимание.
Во овој момент, windows 7 има 56 отсто идел, со што останува на лидерската позиција веќе втора година по ред.

Windows 8.1 е трет со 10,5 отсто удел, додека windows 8 има 3,5 отсто удел.

Ова значи дека модерниот оперативен систем на „Мајкрософт“, комбинирано има 14 отсто, што е помалку од самиот windows XP.


Повеќе од два милиони го тестираат „виндоус 10“


Менло Парк, 28 јануари, 2015 - 12:31 (META) 

Компанијата „Мајкрософт“ објави дека во моментов повеќе од два милиони корисници ја тестираат следната верзија на нивниот оперативен систем „виндоус 10“.

Ова претставува силен пораст на бројот на корисници што се заинтересирани за платформата, а забележан е по минатонеделниот настан на кој беа откриени делови од новиот оперативен систем. За време на настанот, од „Мајкрософт“ истакнаа дека програмата „инсајдер“ брои 1,7 милиони корисници, што значи дека повеќе од 300.000 корисници се додадени шест дена по промоцијата.

Најновиот „Windows 10 build 9926“ содржи бројни функции насочени кон корисниците, како што се „кортон“, модерни апликации за декстоп и слично.

„Мајкрософт“ работи на бројни функционалности што не ги претстави, но само ги навести на минатонеделниот настан.


„Мајкрософт“ ја прекинува поддршката за „виндоус 7“


Лос Анџелес, 13 јануари, 2015 - 19:54 (META) 

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека ја прекинува стандардната поддршка за „виндоус 7“, додека проширената поддршка ќе постои до јануари 2020 година.

Овој оперативен систем повеќе нема да добива нови функции или промени во дизајнот, но до 14 јануари 2020 година ќе добива сигурносни надградби.

„Виндоус“е најраспространетиот оперативен систем, бидејќи на него работат 50 отсто од компјутерите во светот.
„Мајкрософт“ минатата година ја укина поддршка за „виндоус иск-пе“ за да се фокусира на поновите верзии, или сегашната 8.1, како и на онаа што ќе се појави кон крајот на годинава – „виндоус 10“.


„Иксбокс“ ќе биде достапен на „виндоус 10“


Редмонд, 16 декември, 2014 - 20:10 (META) 

Директорот на „Иксбокс“,Фил Спенсер, минатата недела изјави дека е крајно време малку посериозно да се поразговара за играње на компјутер. Ако новата апликација за „иксбокс“ е нивната идеја, тогаш љубителите на компјутерски игри нема да бидат многу воодушевени.

Екипата на „Врџ“одлучи да си поигра со верзија која се појави и дозна дека апликацијата „иксбокс“ е појдовна точка за екосистемот „иксбокс“. Достапни се достигнувањата, листата на пријатели, листата на активности, како и продавницата „Иксбокс“.

Покрај тоа, оваа верзија го поддржува „кортон“, верзијата на „сири“ на „Мајкрософт“, која е достапна на мобилните уреди со „виндоус“.

„Мајкрософт“ во јануари треба да открие повеќе детали за оперативниот систем „виндоус 10“, а што Спенсер ќе има да им соопшти на љубителите на компјутерски игри, ќе видиме по презентацијата.


„Мајкрософт“ подготвува евтини виндоус-телефони


Редмонд, 6 декември, 2014 - 16:00 (META) 

„Мајкрософт“ неодамна го отфрли брендот „Нокиа“ и го замени со брендот „Мајкрософт лумиа“, но тоа не значи дека политиката на објавување уреди исто така ќе биде сменета.

Неодамна се појавија информации дека „Мајкрософт“ подготвува неколку нови модели кои би требало да бидат објавени во следните неколку месеци. Денешните информации говорат дека два телефона „лумиа“ добиле сертификат, а се очекува да се појават на пазарот и да бидат ценовно достапни модели. Едниот од нив го носи кодното име РМ-1069, а се очекува да има четириинчен екран со резолуција од 480×800 пиксели.

Ова е само уште една потврда дека „Мајкрософт“ има планови да се фокусира на пристапни модели и така да го зголеми својот удел на пазарот, што е и логично имајќи предвид дека моделот „нокиа лумиа 520“ беше најпродаван виндоус-телефон.