!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

„Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите до крајот на годината


Неготино, 1 ноември, 2017 - 14:18 (META) 

Винарската визба „Повардарие“ целосно ќе го исплати долгот за откупеното грозје кон лозарите до крајот на оваа година. Тоа е заклучено на денешниот состанок на лозарите со менаџментот на винарската визба, кој се одржа во Неготино, во присуство на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на новиот градоначалник на Неготино, Тони Делков.  Средбата беше организирана од министерството.

Раководството на винарската визба уверило дека комплетно ќе бидат расчистени долговите кон лозарите за преземеното грозје за 2014, 2015 и за 2016 година, велејќи дека парите, околу еден милион евра, ќе бидат исплатени од продажбата во странство на резервите вино. Дека во визбата има доволно резерви вино, потврдиле и од Државниот инспекторат за земјоделство.

Министерството внимателно ќе ја следи состојбата со исплатите на лозарите, односно на 15 дена ќе проверува колку вино е извезено, колку пари се наплатени за тоа и дали им се префрлаат на лозарите.


Закројувањето на лозјата ги доведе амбасадорите во „Стоби“ и во „Тиквеш“


Кавадарци, 14 февруари, 2017 - 16:16 (META) 

Стотици гости меѓу кои и холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, италијанскиот амбасадор Карло Романо и унгарскиот амбасадор Виорел Станила присуствуваа на свечената прослава на празникот Св.Трифун во винарницата „Стоби“.

На денешниот настан гостин беше и претставникот од холандската компанија „Шермер“, која воедно е првата дистрибутерска фирма со која „Стоби“ има потпишано договор.

Закројување на лозјето според сите обичаи имаше и во винарската визба „Тиквеш“. На чинот на закројување освен членовите на управниот одбор, менаџментот и вработените на „Тиквеш“ присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, на државните институции и на голем број партнери, соработници и пријатели на винарницата.