fbpx
Таг: Викиликс

таг: Викиликс

Британските судии бараат гаранции од САД дека Асанж нема да добие смртна казна ако биде екстрадиран

Британскиот суд ја одложи својата одлука за екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД. Основачот на Викиликс доби одложување на борбата против екстрадицијата, откако судиите одлучија дека тој може да го однесе случајот на жалбена расправа, но само доколку администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не може да му даде на судот соодветни гаранции, јавуваат британски медиуми. Британскиот суд им даде...

Адвокатите на САД негираат дека обвинувањата против Џулијан Асанж се политички мотивирани

Кривичната пријава е поднесена против Џулијан Асанж бидејќи го открил идентитетот на изворите и поттикнувал кражби и хакирање, а не поради политички причини, рекоа адвокатите што ја застапуваат владата на САД, која бара екстрадиција на основачот на WikiLeaks (Викиликс) на денешното сослушување во судот во Лондон, извести „Гардијан“. Асанж би можел да биде екстрадиран во САД за неколку дена. Таму...

Денеска се одлучува за судбината на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, 52-годишен компјутерски експерт од Австралија, е пред вториот ден во Високиот суд во Лондон како дел од долгогодишната битка против екстрадицијата во САД, каде што е обвинет за оддавање доверливи воени тајни. Основачот на Викиликс е баран од американските власти поради наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана, по објавувањето на стотици...

Албански медиум неосновано го обвини Димитров дека бил агент на ЦИА

Албанската телевизија „Топ Ченел“, објави вест со наслов „Министерот за надворешни работи на Македонија агент на ЦИА?“ во која се алудира дека Никола Димитров работел за американската разузнавачка агенција. Поконкретно, во дел од текстот се вели „Според овие документи, на кои не им е потврдена автентичноста, Димитров бил прикриен оперативец на ЦИА, кој го шпионирал екс-премиерот Никола Груевски и екс-премиерот Бранко Црвенковски...

Груевски: Власта води политичка хајка, нема да се појавам во суд

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска на прес-конференција во Собранието најави дека утре нема да се појави во Апелацискиот суд, а на седницата за „Тенк“ нема да присуствуваат ниту неговите адвокати зашто, како што рече, и онака одлуката е политички веќе донесена. Груевски обвини дека власта води политичка хајка против него, а судиите се професионални, но работат под...

Заев: Документот на „Викиликс“ е причина повеќе да се излезе на референдум

Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги документите што ги објави „Викиликс“ дека уште во 2008 година било прифатено името „Република Северна Македонија“, изјави дека тоа е уште една причина повеќе сите заедно да застанеме и да и обезбедиме сигурна иднина на државата. - Верувам дека ваквите докази кои излегуваат во јавноста, ќе бидат уште една причина сите заедно да застанеме и...

„Викиликс“ објави 21.075 мејлови од кампањата на Макрон

„Викиликс“ објави 21.075 мејлови од претседателската кампања на францускиот претседател Емануел Макрон. Како што е соопштено на интернет-страницата на „Викиликс“, чиј основач е Џулијан Асанж, станува збор за архива која може да се пребарува и во која има 21.075 верификувани мејлови кои се однесуваат на претседателската кампања. Мејловите датираат од април 2009 до 24 април 2017 година. Се наведува дека нивната...

„Викиликс“ нуди 100.000 долари за снимка од разговорот меѓу Трамп и Коми

„Викиликс“ објави дека ќе плати 100.000 долари за снимка од разговорот на американскиот претседател Доналд Трамп и на доскорешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми. Пораката е објавена на твитер-профилот на „Викиликс“ неколку часа откако Трамп, исто така на „Твитер“, го предупреди Коми да не оддава премногу информации на медиумите за нивната средба. „Њујорк тајмс“ пренесе дека колегите на Коми изјавиле...

Асанж се согласи на екстрадиција во САД само ако му се гарантираат правата

Основачот на „Викликс“, Џулијан Асанж, ќе патува во САД само ако му бидат гарантирани неговите права, објави денеска „Викиликс“ на официјалниот профил на „Твитер“. - Асанж ќе дојде во САД само ако му се гарантираат неговите права иако Белата куќа вели дека помилувањето на Менинг не било за „трампа“ со Асанж“ - пишува „Викиликс“ на „Твитер“. https://twitter.com/wikileaks/status/821753136692002816 Ова е објавено откако претседателот на...

Обама ја помилува Менинг, ќе биде ослободена на 17 мај

Американскиот претседател во заминување Барак Обама ја помилува 29-годишната Челси Менинг, која во август 2013 година беше осудена на 35 години затвор за шпионажа заедно со други службеници, по објавување на документи на веб-страницата на „Викиликс“. Трансродната офицерка во американската војска, која родена е како Бредли Менинг, ќе биде ослободена на 17 мај годинава, наместо во 2045 година, како што првобитно...

Асанж ги негираше обвинувањата за силување

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ја објави изјавата дадена за шведското обвинителство во која тврди дека не извршил сексуална злоупотреба пред шест години за време на посетата на Шведска. Во изјавата која е објавена во светските медиуми тој негира дека имал сексуален однос без заштита со една жена додека таа спиела. Тој рече дека тоа бил доброволен сексуален однос на две...

Продолжува распитот на Асанж во еквадорската амбасада во Лондон

Шведската државна обвинителка Ингрид Исгрен пристигна во амбасадата на Еквадор, каде ќе продолжи со испитувањето на основачот на „Викиликс“, Џулиен Асанж, во врска со истрагата за силување. Сослушувањето на Асанж поради наводните силувања во Шведска почна вчера, а неговиот адвокат, Пер Самуелсон, наведе дека нема сомнеж оти неговиот клиент е невин. Обвинение против Асанж за силувања во Шведска сè уште не...

Асанж на распит пред шведска обвинителка поради наводното силување

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ќе биде испрашуван од главната шведска обвинителка Ингрид Исгрен. Распитот е дел од предистражната постапка во случајот во кој Асанж е осомничен за силување во Шведска, а ќе биде испрашуван во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што тој престојува веќе четири години. Обвинителството очекува дека ќе добие негов ДНК-примерок. Според исказите на една од двете...

Асанж: Русија нема врска со мејловите, жал ми е за Хилари

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, негираше дека Русија има каква било врска со објавувањето на мејловите на кандидатката за претседател на САД, Хилари Клинтон. - Хилари Клинтон неколкупати изјави дека 17 американски разузнавачки служби откриле врска помеѓу Русија и нашите објави. Тоа не е вистина – можеме да кажеме дека руската влада не е извор на нашите информации – рече...

Почина Гевин Мекфејден, менторот на Асанж и директор на „Викиликс“

Директорот на „Викиликс“ и ментор на основачот на интернет-страницата, Џилијан Асанж, Гевин Мекфејден, почина на 76-годишна возраст, објави Центарот за истражувачко новинарство, чиј основач е Мекфејден. Од организацијата засега не ја наведуваат причината за смртта на Мекфејден. На социјалната мрежа „Твитер“ на профилот на „Викиликс“ беше објавено дека Мекфејден, освен што му бил ментор на Асанж, бил и него најблизок пријател...

Клинтон и Трамп во жолчна расправа поради Русија

Кандидатите на претстојните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, се судрија во завршната дебата во кампањата околу Русија, откако Клинтон директно го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ги наредил хакерските напади за да му помогне на нејзиниот ривал од редовите на републиканците да победи. Расправата околу Русија била само дел од размената на тешки зборови за...

Еквадор му го прекина интернетот на Асанж во амбасадата во Лондон, обвини „Викиликс“

„Викиликс“ денеска ги обвини властите на Еквадор дека го прекинале пристапот на интернет на нивниот основач, Џулијан Асанж, кој се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон повеќе од четири години. Организацијата на Асанж, како што јавуваат светските медиуми, за прекинот на интернетот првично обвини државна институција, без да наведе за која станува збор. Подоцна „Викиликс“ на „Твитер“ напиша дека...

Турција го блокира пристапот до „Викиликс“

Турција го блокира пристапот до страницата на „Викиликс“ откако непрофитабилната организација објави околу 300.000 електронски пораки на членови на владејачката Партија на правдата и развојот (АПК), објавија од „Викиликс“ на „Твитер“. „Викиликс“ синоќа објави 294.548 документи од партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, иако е под хакерски напади од понеделникот, кога најави дека ќе ги објави документите. Организацијата се сомнева дека турските...

„Викиликс“ објави околу 300.000 документи од турската владејачка партија

„Викиликс“, и покрај вчерашниот голем хакерски напад, вечерва објави околу 300.000 електронски пораки од серверот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Турција и илјадници документи поврзани со отпуштањата во земјата кои се одговор за обидот за државниот удар извршен минатиот петок. Околу 294.548 електронски пораки од партијата на претседателот Реџеп Таип Редоган беа вечерва објавени. - „Викиликс“ го...

„Викиликс“: Подгответе се за борба, стигнуваат документи за Турција

„Викиликс“ денеска соопшти дека планира да објави документи за структурите на политичка моќ во Турција, по пропаднатиот обид за државен удар во земјата. „Подгответе се за борба откако ќе објавиме повеќе од 100.000 документи за структурите на политичка моќ во Турција“, стои на твитер-профилот на „Викиликс“. https://twitter.com/wikileaks/status/754866748067807233

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...