Магла и намалена видливост на неколку патни правци


Скопје, 30 јануари, 2019 - 12:15 (META) 

Поради магла намалена видливост има на неколку планински превои низ државата, информираат од јавното претпријатие „Македонија пат“.

На патниот правец Тетово-Попова Шапка видливоста е од 30 до 50 метри, на Страцин од 100 до 150 метри, на планинскиот превој Стража од 100 до 150 метри и на планинскиот превој Плетвар до 50 метри.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, а на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните служби на „Македонија пат“.


Поради магла намалена видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка, Буково и Стража


Скопје, 22 јануари, 2019 - 13:12 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија и додаваат дека засега забележани се врнежи од снег со слаб интензитет само на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Поради појава на магла, додаваат од АМСМ, намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, додека на планинскиот превој Стража видливоста е намалена од 20 до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.


Сообраќајот се одвива непречено, магла на неколку патни правци


Скопје, 20 февруари, 2018 - 9:49 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките планински места во западните и југозападните делови од државата има остатоци од кашест снег на коловозот, кој не претставува пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Снег со слаб интензитет провејува на Маврово и на планинскиот превој Стража, во Гостивар врнежите се од дожд и снег.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патниот правец Делчево кон границата со Бугарија и до 100 метри во Крушево.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Намалена видливост поради магла на Ѓавато, слаб снег провејува на неколку патни правци


Скопје, 15 јануари, 2018 - 18:44 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, намалена видливост поради појава на магла, од 20 до 30 метри, има од Тетово до Шипковица и на планинскиот превој Ѓавато од 30 до 50 метри, информираат од Авто-мото сојузот.

Дожд врне низ целата земја, додека слаб снег провејува на Крива Паланка, Стража, Крушево, Буково, Ѓавато и Смојмирово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Намалена видливост на Стража поради магла


Скопје, 10 јануари, 2018 - 18:40 (META) 

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Намалена видливост поради појава на магла има на патниот правец Тетово – село Гајре, до 50 метри и на планинскиот превој Стража од 80 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Намалена видливост поради магла во Битола, Прилеп, Ресен и Тетово


Скопје, 9 јануари, 2018 - 19:32 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

До 150 метри видливост поради магла има во Битола, Прилеп и Ресен, додека во Тетово видливоста е 50 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината, а информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.


Намалена видливост на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка


Скопје, 8 март, 2017 - 20:24 (META) 

Сообраќајот низ државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Поради појава на густа магла, намалена е видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 30 до 50 метри, како и на планинскиот превој Ѓавато, од 50 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење и прилагодена брзина на движење според условите на патот.


Видливоста на Стража е намалена поради магла


Скопје, 25 февруари, 2017 - 13:56 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена од 80 до 100 метри.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.


Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла


Скопје, 7 февруари, 2017 - 9:45 (META) 

Поради појава на магла, видливоста е намалена од 30 до 50 метри во Павлешенци, од 50 до 100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.


Сè уште е во прекин сообраќајот на обиколницата на Битола, се вози низ градот


Скопје, 25 јануари, 2017 - 19:27 (META) 

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Во попладневниот извештај се вели дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, а во западниот дел од земјава на места со остатоци од кашест снег.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка има магла и видливоста на патот е од 40 до 50 метри.