fbpx
Таг: видео-надзор

таг: видео-надзор

Догодина на премините ќе има нов систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблици

Сите гранични премини во земјава наредната година ќе имаат нов централизиран систем за видео надзор и за автоматско препознавање на регистарски таблички, информираат од Mинистерството за транспорт и врски. Министерот Благој Бочварски денеска го потпиша Договорот за имплементација на нов централизиран видео систем, со вредност од 928.500 евра, систем кој што ќе биде имплементиран во рок од една година. Имплементацијата на...

ДЕБАТА: Експертите ги објаснуваат правните проблеми за поставување и користење видео-надзор

Фондацијата „Метаморфозис“ во соработка со Здружението „Конект“, вчера во Скопје организираше јавна дискусија „Сè што сакавте да знаете за видео-надзорот“. Меѓу другото, на дискусијата се разговараше околу тоа што им е дозволено, а што не на луѓето кои сакаат да постават камери за видео-надзор. Дополнително, се отвори и дискусија за тоа како може да се направи автоматска идентификација на лицата...

Догодина видео-надзор и дигитализација на управувањето на автопатот долж Коридорот 10

Во тек е тендерот за избор на изведувач на Интелигентниот транспортен систем (ИТС) што ќе се имплементира на автопатот долж Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Министерството за транспорт и врски. Целокупниот сообраќај од Велес до Табановце деноноќно ќе се мониторира од контролен центар преку поставување на видео-надзор долж автопатот, ќе се постави електронска сообраќајна сигнализација за информирање на...

Внимавајте, објектот е под видео надзор

На влезот на повеќето деловни или службени објекти (супермаркети, продавници, канцеларии итн.), може да забележиме известувања за спроведување видеонадзор, односно знаци од типот „Внимавајте! Овој објект е под видеонадзор“. Може да претпоставиме дека овие натписи се ставени како еден вид закана за сите потенцијални прекршители на правилата на тие деловни објекти (како, на пример, кражби, оштетувања на стоката, допирање...

Предностите, ризиците и правилата за поставување на видео-надзор

Развојот на модерната технологија донесе многу придобивки, но и ризици на кои што е потребно да се посвети посебно внимание, особено со поставувањето на видео надзорот, со оглед дека во последно време стана „модерно” да се поставуваат камери во домовите, на работните места, јавните површини итн. Преку видео надзорот се обработуваат лични податоци, односно сликите и снимките од видео...

Интелигентниот транспортен систем на Коридор 10: Годинава на тендер, догодина ќе се стави во функција

Програмата за економски реформи 2021-2023 година што беше донесена на вчерашната владина седница прецизно ја утврдува динамиката за реализација на Интелигентниот транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридор 10, проект за кој „Мета.мк“ веќе подолг период наназад известува. Годинава треба да се забрза практичната имплементација преку распишување на меѓународниот тендер за изведба на Интелигентниот транспортен систем (комуникациско – информациски...

Лани се работеше на изведба, годинава ќе се пуштаат нови патишта, роковите остануваат менлива категорија

Северна Македонија годинава очекува засилен развој на патната инфраструктура и пуштање во употреба на неколку нови патишта коишто се градеа во изминатите години. И покрај вообичаените доцнења кај изведбата на проектите од цел спектар на вообичаени проблеми што лани беше надополнет со ковид-19 пандемијата, во 2021 година подобрувањето на патната инфраструктура ќе биде особено видливо во источниот дел на...

ВАР Систем: со минимум влијание до максимум бенефит

На 8 октомври во 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“, Македонската А репрезентација, против Косово, ќе го одигра натпреварот од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство. „На еден од најважните натпревари за нашата селекција, на Националната арена, ќе се имплементира ВАР систем, видео технологија за помош при судиските одлуки“ – најавуваат од Фудбалската федерација на...

Охриѓани продолжуваат покуќнината и градежниот шут да го фрлаат на јавни површини

До кога несовесните граѓани од непотребната покуќнина и градежен шут ќе се ослободуваат секојдневно фрлајќи ги на јавни површини и локации што ги посетуваат туристите во Охрид? Ова прашање постојано си го поставуваат охридските општински власти, кои не можат да исчистат толку многу колку што дел од жителите можат да го нагрдат Охрид. - Ние немаме основна комунална култура како...

Со камери и електронски знаци ќе се намалува бројот на сообраќајки на Коридорот 10

Македонија е на сериозен пат да го воведе Интелигентниот транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридорот 10. Министерството за транспорт и врски веќе ја изработи проектната документација за новиот систем, а државата подигна и заем кај Светската банка за реализација на проектот. Ќе бидеме едни од првите во регионот со комуникациско - информацискиот систем за контрола и управување на...

Догодина видео надзор на сите клучки на автопатот Миладиновци – Штип

Јавното претпријатие за државни патишта планира наредната година да постави камери на сите осум клучки долж автопатот Миладиновци - Штип. Од претпријатието за „Мета.мк“ информираат дека ќе се воспостави видео - надзор на делницата долга 47 километри преку спојување на камерите со Контролниот центар на ова претпријатие во Петровец. - Долж автопатот Миладиновци - Штип е поставен оптички кабел сопственост...

„Интелигентниот надзор“ на Коридорот 10 ја мина ревизијата, следи тендер

Градежниот факултет при УКИМ ја заврши ревизијата на проектната документација за воведување на комуникациско - информациски систем за контрола и управување на сообраќајот на автопатот од Коридор 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека ревидираниот проект е испратен до Министерството за транспорт и врски, така што следна обврска е распишување на меѓународниот тендер за Интелигентниот...

Ќе се поставуваат нови камери на премините за да се избегнат несреќи

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ“ ќе постави нови камери на патните премини на пругите низ земјава. Со инвестицијата од над 15,9 милиони денари на постојните премини ќе се постават 58 камери и 74 столбови за монтирање на камерите, а ќе се набават и компјутери за видео надзор и централизиран уред за менаџирање на системот. Вакви камери и...

Од 2022 година на сите автопати ќе има „интелегентен видео надзор“

И покрај тоа што контролниот центар на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец веќе е пуштен во употреба, контролата со камери засега е воспоставена единствено на патарините. На автопатот Демир Капија - Смоквица се врши видео мониторинг на сообраќајот, но со посебен контролен центар лоциран во Неготино. Од ЈП за државни патишта за „Мета“ велат дека имплементацијата на...

Панчевски: Судските предмети не сум ги распределувал рачно

Судијата Владимир Панчевски во вечерашното гостување на „Топ тема“ на телевизија „Телма“, уште еднаш повтори дека како поранешниот претседател на Кривичниот суд не го злоупотребил автоматизираниот систем за управување со судските предмети (АКМИС). Тој додаде и дека во врска со овој случај се работи за предистражна постапка за друго лице, а не за него. На новинарско прашање дали судските предмети ги распределувал...

Јанева: Затоа што снимал, Панчевски треба да биде предмет на психијатриска опсервација

Апсолутно не е одземен клуч од домот на Панчевски, а тоа што тој снимал нешто во својот стан, тоа веќе треба да биде предмет на друга психијатриска опсервација, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. - Многупати во такви ситуации кога нè напаѓале, сме мислеле дека е поважно да ја вршиме нашата работа и да ги оставиме таквите маргинални работи...

Панчевски: Со претресот на СЈО настапи целосен мрак за правдата во Македонија

Судијата Владимир Панчевски денеска обвини дека во четвртокот минатата недела настапил „целосен мрак за правдата во Македонија“ со, како што вели, „незаконитиот и брутален претрес“ што врз него го извршиле Специјалното јавно обвинителство и истражители на Министерството за внатрешни работи. Панчевски, во интервју за „Алсат-М“, тврди дека не бил извршен претрес во простории во Кривичниот суд во Скопје, туку станувало...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...