fbpx
Таг: видео

таг: видео

Лажно е видеото со гафот „Слава на урина“ додека Зеленски бил во ОOН

Виралното видео со наводната грешка на билборд на среде Тајмс сквер во Њујорк, каде што пишувало „Слава на урината“ наместо „Слава на Украина“ е целосна лага и дезинформација, пуштена да му наштети на угледот и на Украина и на претседателот Володимир Зеленски и на земјата домаќин. За жал повеќе медиуми на македонски јазик без проверка ја објавија оваа дезинформација...

Научно видео од 2015 година злоупотребено за да се шират теории на заговор

Луѓето не се разболуваат ниту од антените за мобилна телефонија, ниту од графен оксид. Тие на никој начин не се поврзани со вакцините против ковид-19. Објавата што ја анализираме користи научно видео од 2015 година, осум години пред да се појави коронавиурусот, со цел да шири дезинформации за составот на вакцините, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Со фотографии исечени од видео старо 9 години се тврди дека Пригожин е жив

Фотографиите  споделени во оваа објава на Фејсбук, всушност се исечоци од видео од настан кој се случил во 2014 година. Па тврдењето дека Пригожин е жив врз основа на овие фотографии е манипулативно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин е сè уште жив, а...

#CtrlZ предизвик: Познати победниците на видео-конкурсот за млади на тема „образование“

Познати се добитниците на наградите од #CtrlZ предизвикот за млади – видео-конкурс на тема „образование“ што го распиша Фондацијата Метаморфозис. Право на учество на конкурсот имаа сите млади лица на возраст од 14 до 29 години. Учесниците требаше да создадат кратко видео поврзано со темата „образование“ во кое ќе претстават одреден проблем од основното, средното или високото образование. Според правилата,...

Американски јутјубер се соочува со затвор поради уривање на авион за да собере прегледи

Јутјуберот Тревор Џејкоб, кој намерно урна авион поради прегледи, ќе се изјасни за виновен за попречување на федерална истрага со тоа што го исчистил местото на несреќата, пренесува Би-би-си, повикувајќи се на информации од обвинители во САД. Во соопштението на американското Министерство за правда пишува дека во ноември 2021 година, Џејкоб го напуштил аеродромот во Санта Барбара, Калифорнија на соло...

Продолжен рокот за видео-конкурсот на тема „образование“: Учествувај за вредни награди – ваучери за ИТ опрема

Продолжен е рокот на #CtrlZ предизвикот за млади што го објави Фондацијата Метаморфозис. Видео конкурсот на тема „образование“ е отворен до 2 мај 2023 година. Право на учество на конкурсот имаат сите млади на возраст од 14 до 29 години. Учесниците на предизвикот треба да создадат кратко видео поврзано со темата „образование“ во кое ќе претстават одреден проблем од основното,...

Нов CtrlZ предизвик – видео конкурс: Образованието во фокус, крени глас за проблемите на час

Фондацијата Метаморфозис објавува #CTRLZпредизвик за млади: Образованието во фокус, крени глас за проблемите на час – конкурс за најдобро видео на тема „образование“. Право на учество на конкурсот имаат сите млади лица на возраст од 14 до 29 години.  Учесниците на конкурсот треба да создадат кратко видео на тема „образование“ во кое ќе претстават одреден проблем од основното, средното или високото образование.  Како...

Старо видео претставено како да е од земјотресот во Турција од 6 февруари

Вистиномер го пронајде оригиналното видео објавено на 23 ноември 2022 година во турските медиуми. Станува збор за  друг земјотрес, со јачина од 5.9 степени според Рихтер во близина на селото Чамлибел. Светлината што го придружува земјотресот е редок природен феномен, претходно забележуван  во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред...

Видео од претседателот Џо Бајден и неговата внука Натали, извадено од контекст

Во постот што го рецензираме презентирано е видео од агол од којшто се добива впечаток како претседателот Бајден да се однесува непристојно. Дека презентираното во клипот од постот не соодветствува на реалната ситуација покажува видеоматеријал од над 10 минути, во кој комплетно е презентирано доаѓањето на Бајден со внука му на гласачкото место, гласањето како и неговата изјава пред...

Со исечен видеоматеријал се манипулира дека учесници во реално шоу јаделе човечко месо

Во фрагментот од видеото што се споделува во овој пост скратен е делот во кој на натпреварувачките им се кажува дека станува збор за шегобијно шоу. Во нивната храна секако, немало човечко месо, ниту пак, станува збор за канибализам, како што невистинито се тврди во постот. Па, со оглед на тоа што еден клучен дел од шоуто е изоставен...

Манипулација: Четири видеа погрешно интерпретирани дека прикажуваат последици од ковид вакцина

Овој пост намерно погрешно се контекстуелизира при што се споделува видеоматеријал на којшто се прикажани четири различни настани на кои личности се онесвестуваат. Ниту еден од овие настани не е поврзан со вакцината против ковид-19, како што се манипулира во постот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој...

Во Мека на 1 јануари не паѓал снег

Според Националниот центар за метеорологија на Саудиска Арабија, видеото на кое се прикажува снег како паѓа во големата џамија во Мека, е дигитално изменето. Во твитот постиран на официјалната страница на Арабија временска прогноза, исто така, се вели дека видеото насловено како: „Првпат снег во Мека” е технички изменето со филтри, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

„Би јадел Индиец без никаков проблем“: Видео со оваа изјава на бразилскиот претседател стана вирално

Во видео од 2016 година, кое сега е вирално, претседателот на Бразил Жаир Месиас Болсонаро тврди дека би јадел човечко месо. Тогаш тоа беше шокантна изјава, дури и за политичар кој ги славеше мачителите и повикуваше да бидат стрелани ривалите, пишува Гардијан. „Би јадел Индиец без никаков проблем“, кажа Болсонаро пред еден странски новинар во 2016 година, опишувајќи го патувањето...

Конфетите фрлени врз Марио Драги се од пред 7 години, немаат врска со актуелните цени на гасот во Италија

Видеоснимката што се споделува во постот е од 2015 година, период кога Марио Драги беше претседател на Европската централна банка (ЕЦБ). Тој на чело на оваа институција беше од 2011-2019 година. Како што пренел Гардијан на 15.04.2015 година, демонстраторка го нападнала претседателот на ЕЦБ, Марио Драги на прес-конференција во Франкфурт по последниот состанок за монетарна политика. Причината за нападот...

Избрани победниците на видео-конкурсот „Светло, камера, климатска акција!“

Избрани се трите победнички видеа на CTRLZ предизвикот – видео-конкурс „Светло, камера, климатска акција!“ што го објави Фондацијата Метаморфозис. На видео-конкурсот пристигнаа вкупно 14 авторски дела, кои беа оценувани од комисија составена од новинари во Новинската агенција „Мета.мк“ и претставници на Британската амбасада. При оценувањето, најмногу се вреднуваа идејата, креативноста при изработката и силината на пораката на доставените содржини. При...

Вистиномер: Преку старо видео и лажен превод се манипулира дека Зеленски вечерал со нацисти од Азов

Видеото е дел од подолг видео материјал од 24 минути кое Зеленски самиот го има објавено на својот Фејсбук профил, а за кое имаат известувано и украинските медиуми. Од датумот во новинарските написи, евидентно е дека видеото потекнува од 2019 година, за што сведочат и фотографии објавени на веб-страницата на претседателот. Во случајов не станува збор за средба со...

[ВИДЕО] Знаковен толкувач во здравствениот систем ќе ги намали тешкотиите со кои се соочуваат глувите лица

„Поради недостиг на акустичка перцепција, глувите лица во здравствените инстиуции се соочуваат со низа потешкотии“, гласи слоганот на членовите Клубот за демократско учество при ДУЦОР „Партенија Зографски“ под кој изработија видео со цел подигање на свесноста за проблемите со услугите во здравствениот систем и понуди за решение за аспектите кои ги засегаат глувите лица. Членовите на клубот поткрепени со активистите...

МЕД го промовираше видеото посветено на уникатните острови во Преспанско езеро

Македонското еколошко друштво (МЕД) го промовираше видеото „Голем Град – последното скривалиште на природата“, во кое се содржани долгогодишните еколошки истражувања на преспанскиот остров Голем Град. Се работи за истражувања кои во изминатите 15 години ги направил меѓународен тим на херпетолози на популациите на шумската желка, поскокот и рибарката. „Голем Град – последното скривалиште на природата“ е кратко видео што...

Видео без грам контекст, пренесено од македонските медиуми, душа дало за фрлање магла врз војната во Украина

На видеото се гледа како група украински војници вадат луѓе од возилата, ги удираат по глава и им ги врзуваат рацете. За точната локација се вели дека се претпоставува оти станува збор за Днипро. Информациите се преземени од социјалните мрежи и од Телеграм, меѓутоа во целост изостанува контекстот. Нема точен податок ниту кога е снимено видеото, но симптоматично e...

Зошто некои работи за климатските промени се или не се така?

Дали е точно дека климатските промени се природен феномен и дека луѓето не придонесуваат кон нивно „убрзување“? Ако изминатава зима беше студена и ладна, тогаш како може да постои глобално затоплување? Тема на втората епизода на „ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА“ се токму климатските промени и глобалното затоплување. Во оваа рубрика која ја емитуваме еднаш месечно, гостите-експерти во разни области ни...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...