fbpx
Таг: Везилка

таг: Везилка

Утре отварање на изложбата „Навезени спомени“

Утре во Музејот на Република Северна Македонија со почеток во 13:00 часот ќе биде отворена изложбата „Навезени спомени“. Изложбата е содржана од 53 различни, најкарактеристични народни везови од различни етнографски области на нашата земја. Изложбата е поставена во чест на нашиот реномиран и меѓународно признат поет и основоположник на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Со отворањто на изложбата, музејот дава...

Нова книга од Ристо Лазаров со наслов „Лилјаци“

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат најновата книга на македонскиот поет Ристо Лазаров со наслов „Лилјаци“. Оваа обемна книга, на 172 страници, е структуирана како и последните десетина книги на овој автор (седум циклуси по седум песни плус една воведна песна) и интензивно комуницира со стварноста. Во поговорот на книгата, писателот Васе Манчев подвлекува дека сета поетска уметност на...

Нова книга од академик Георги Старделов посветена на писателот Владимир Костов

Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат најновата книга на академик Георги Старделов „Критика на деморализираниот ум“ посветена на истакнатиот македонски писател Владимир Костов. На 165 страници, оваа книга содржи тринаесет секвенци за литературата и филозофијата во романескниот опус на Владимир Костов. Оценувајќи дека „на страниците на литературата на Владимир Костов се води отворен дијалог со нашето време“, Старделов пишува...

„Лавиринт“ нова книга од Ристо Лазаров

Издателството „Везилка 2011“ ја објави новата, 32. поетска книга „Лавиринт“ од Ристо Лазаров. Како и последните десетина книги на овој автор, и оваа содржи 50 песни, седум циклуси со седум песни и една воведна песна. Авторот на поговорот кон книгата, професорот Ферид Мухиќ, оваа книга ја нарекува поетска ревизија на архетипските митови. Класичните антички митови, оценува Мухиќ, од Тројанската војна и...

Нова книга на Ана Чупеска за мултикултурната акомодација

Едицијата „Патеки“ на издаваштвото „Везилка 2011“ се збогати со уште едно издание - од печат излезе дебитантската книга „Мултикултурна акомодација“ од д-р Ана Чупеска-Станишковска од Правниот факултет во Скопје. Во фокусот на интересирањето на Чупеска-Станишковска, чиј влог во невладиниот активизам кај нас е респектибилен, се наоѓаат либерализмот и либералната демократија, столбовите и квазистолбовите на акомодирањето, при што се фрла поглед...

Промоција на романот „Рапави стихови“ од Милован Стефановски

Романот „Рапави стихови“ од македонскиот писател и поет Милован Стефановски ќе биде промовиран денеска во кино „Култура“, во 12 часот. Најновото прозно дело на Стефаноски го објави „Везилка 2011“, во својата едиција „Проза“. - Романот „Рапави стихови“ поставува едно суштествено прашање како да се преобрази куќата во дом, во топло семејно огниште. Кога животот се поминува во потрага по таков...

Објавена книгата „Булгаков – писма до Сталин“ на Александар Новаковиќ

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат книгата „Булгаков – писма до Сталин“ од познатиот белградски новинар и писател Александар Новаковиќ. Книгата го опфаќа вкупниот „московски дел“ од животот на големиот руски класик Михаил Булгаков. Во неа, авторот ја сместува книжевната, политичката и етичката полемика на Сталин и на Булгаков на сцената на вечниот судир на власта и на...

„Покрај езерото“, нов роман на Благој Иванов

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат романот „Покрај езерото“, најново дело на истакнатиот македонски писател Благој Иванов. Станува збор за роман сиот нурнат во нашата стварност, во кој детално се скенирани сите бранувања во животот на главниот јунак, но и оние, со посилен налет – бранувања во општеството и во времето што го живееме. Всушност, станува збор за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...