fbpx
Таг: Вевчански карневал

таг: Вевчански карневал

Вевчанскикот карневал прогласен за културно наследство од исклучително значење

Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, одлучи Влада на денешната седница. Со ова се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во општина Вевчани. „По своите карактеристики „Обредните поворки со маски...

Загина синот на експратеникот Мукоски во сообраќајна несреќа, улиците на Вевчани празни за познатиот карневал

Вчеравечер возило управувано од 19-годишниот М.М. излетало од колосек на регионалниот пат кон Вевчани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во несреќата починал возачот, кој е син на експратеникот Крсте Мукоски, кој потекнува од Вевчани. Оваа трагедија го шокира Вевчани, каде вчера започна познатиот дводневен Вевчански карневал, кој секоја година се одржува на Василица и претходниот ден, односно на 13 и...

Костадиновска-Стојчевска: За Вевчански карневал издвоивме 1,8 милиони денари

Министерството за култура одвоило 1,8 милиони денари за годинашниот вевчански карневал кој традиционално се одржува во Вевчани. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција кажа дека Министерството за култура го препознавало значењето на карневалот како нематеријално културно богатство и затоа вложува во неговиот развој. „Пред неколку денови со градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, склучивме договор за финансирање на Вевчанскиот...

Со палење маски попладнево ќе заврши вевчанскиот карневал

Со палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, како и со традиционалното василичарско оро попладнево ќе заврши годинашното издание на вевчанскиот карневал. Палењето го симболизира бркањето на злото, а Вевчанци веруваат дека прочистени ќе имаат среќна и бериќетна година. И годинава во фокусот на карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. Вевчанци се пошегуваа со енергетската...

Спремете ги суратите, од 12 до 14 јануари ќе се одржи Вевчанскиот карневал

Вевчанскиот карневал, како еден од најпознатите брендови на земјава, ќе се одржи традиционално на 12-ти, 13-ти и 14 Јануари, соопштија организаторите. На постот споделен на Фејсбук се вели дека нема потреба од премногу објаснување и асоцијации затоа што кога ќе се спомене Вевчани, веројатно веднаш на сите им асоцира на Вевчанскиот карневал, кој традиционално се организира пред Василица. „Така е со...

ОЈО Струга побара парични казни за палењето бугарско знаме на Вевчанскиот карневал

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за издавање казнен налог за кривичното дело Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик против лицата кои годинава за време на собирот на граѓани на Вевчанскиот карневал запалија бугарско знаме. Тројцата обвинети ќе треба да платат парични казни од 7.000 и 5.000 евра. „Обвинетите, на 14 јануари, за време...

Вистиномер: Полициската акција во Вевчани искористена за дезинформации спакувани во политички памфлет

Во објавата што е преполна со лажни вести (наводна дискриминација по национална и верска основа),  е испуштен главниот контекст. Полициската интервенција за растурање на вевчанскиот карневал е спроведена врз основа на важечки мерки и правила за заштита од корона вирусот, односно заштита на јавното здравје, пишува Вистиномер. Пост на Фејсбук на македонски јазик на група Млади за Македонија шири невистини за состојбите во...

Карневалот во Вевчани со маски за загадувањето и за трошоците на пратениците

Во Вевчани со карневалската поворка која тргна во 14 часот денеска почна традиционалниот карневал кој датира 1.400 години наназад. Одбележувањето ќе заврши утре со спалувањето на маските и честитки за Стара нова година. Општествено политичките случувања кај нас и во светот и годинава беа инспирација за василичарите да имаат креативни и критички маски во дефилето. Колоритните маски продефилираа низ Горна...

Вечерва е Стара нова година, во Вевчани почнува карневалот

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат МПЦ-ОА, СПЦ и РПЦ, вечерва се дочекува Новата година, кај народот позната како Стара нова година. Првиот ден на новата година е познат како Василица, кога многумина празнуваат домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, слично како и за време на...

„Мерцедес“ од 600.000 евра, една од главните маски на Вевчанскиот карневал

Главна атракција на Вевчанскиот карневал денеска беше дефилето на маските. Поворките со повеќе од илјада василичари од вевчанските маала се споија на плоштадот пред зградата на Општина Вевчани. Политиката и годинава беше во центарот на вниманието. Маските кои продефилираа, меѓу кои „мерцедес“ од 600.000 евра, „Шарената револуција“, нова влада, кражба во вевчанската пошта, споредба на македонските политичари со светските диктатори и слично, до...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...