fbpx
Таг: Вевчани

таг: Вевчани

Природните вредности на Вевчанските извори претставени на трајна изложба

Природните вредности на споменикот на природата Вевчански извори и планината Јабланица од денеска ќе бидат претставени на трајна поставка за природа насловена „Патување низ природните богатства на Вевчански Извори“ во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани. Поставката, која ќе има цел да едуцира и да ја подигне јавната свест за ова заштитено подрачје, ја отворија граѓанската органзиација „Еко-свест“ и...

Загина синот на експратеникот Мукоски во сообраќајна несреќа, улиците на Вевчани празни за познатиот карневал

Вчеравечер возило управувано од 19-годишниот М.М. излетало од колосек на регионалниот пат кон Вевчани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во несреќата починал возачот, кој е син на експратеникот Крсте Мукоски, кој потекнува од Вевчани. Оваа трагедија го шокира Вевчани, каде вчера започна познатиот дводневен Вевчански карневал, кој секоја година се одржува на Василица и претходниот ден, односно на 13 и...

Костадиновска-Стојчевска: За Вевчански карневал издвоивме 1,8 милиони денари

Министерството за култура одвоило 1,8 милиони денари за годинашниот вевчански карневал кој традиционално се одржува во Вевчани. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција кажа дека Министерството за култура го препознавало значењето на карневалот како нематеријално културно богатство и затоа вложува во неговиот развој. „Пред неколку денови со градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, склучивме договор за финансирање на Вевчанскиот...

Со палење маски попладнево ќе заврши вевчанскиот карневал

Со палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, како и со традиционалното василичарско оро попладнево ќе заврши годинашното издание на вевчанскиот карневал. Палењето го симболизира бркањето на злото, а Вевчанци веруваат дека прочистени ќе имаат среќна и бериќетна година. И годинава во фокусот на карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. Вевчанци се пошегуваа со енергетската...

Изборни инциденти во Куманово и Вевчани, боксерска пресметка и неовластено фотографирање лични карти

На неколку дена пред вториот круг на гласањето на локалните избори во земјава, Министерството за внатрешни работи (МВР) и различните политички партии информираат за изборни инциденти, кои влегоа и во билтените на МВР. Во Куманово, во саботата на 23 октомври во 14.15 часот во СВР Куманово Р.Р. пријавил дека во населбата Средорек бил физички нападнат од С.С. и неговиот татко....

Вистиномер: Намален интересот за вакцинација во охридско-струшкиот регион

Се намалува интересот за вакцинација. Пунктовите за имунизација во Струга, Охрид и Вевчани имаат доволно вакцини, но нема одзив од страна на граѓаните. Се нуди и трета бустер доза, но за неа треба да поминат шест месеци од првичната вакцинација, па засега се заинтересирани само здравствените работници, пишува Вистиномер.мк.   Нема интерес за вакцинација во струшко. Пунктовите за имунизација имаат доволно...

Вистиномер: Не е изграден ветениот аква парк во Вевчани

„Вистиномер“ го анализираше ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски - „Изградба на отворен базен и аква парк“ и дојде до заклучок дека ова ветување е неисполнето. Подолу го пренесуваме во целост текстот на „Вистиномер“: Ветување: Изградба на отворен базен, аква-парк во Вевчани. Изградба на отворен базен, аква-парк со цел збогатување на туристичката понуда на Вевчани.   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ Ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски,...

Вистиномер: Комплетно реконструирана детската градинка во Вевчани

Ветување: Реконструкција и осовременување на детската градинка во Вевчани. „Во дворот на детската градинка ќе изградиме ново отворено игралиште со најмодерни реквизити. Детската градинка ќе ја реконструираме и опремиме со најмодерни соодветни помагала и играчки, а со цел подобрување на воспитната и образовната компонента во наставата“. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски за реконструкција на детската градинка е исполнето. Детската градинка...

Пендаровски и МНР го осудија палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани

Претседателот Стево Пендаровски го осуди чинот на палење на знамето на Бугарија на Вевчански карневал. „Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил. Министерството за надворешни работи палењето на бугарското знаме го оцени како штетен по угледот...

Карневал во Вевчани: Василичарите не го исполниле ветувањето, интервенирала полицијата

Жителите на Вевчани и покрај забраните за групирање, на денот на традиционалниот карневал, денеска ги ставија маските и се обидоа да направат дефиле, но полицијата ги спречи во намерата. „Полициски службеници интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на корона вирусот, односно забраната за групирање на повеќе од четири лица, со што се загрозува...

Здравствениот дом во Вевчани ќе започне да прима пациенти со ковид-19 со полесна клиничка слика

Поради напливот на новоинфицирани панциенти со ковид-19 и Здравствениот дом од Вевчани адаптира простор со 8 кревети со паравани во дневната болница за лекување на заболени пациенти. Во овој објект ќе се примаат пациенти со полесна клиничка слика, оние кои ќе мора терапијата да ја примаат во болница. „Во пресрет на актуелната состојба со ковид-19 вирусот, нашата установа со сопствени...

Во Охрид за една недела регистрирани се 42 лица со ковид-19

Во периодот од 10 до 16 октомври, земени се материјали (брис од грло и нос) за тестирање на присуство на ковид-19 од вкупно 147 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје, информираат од Центар за јавно здравје Охрид. „Од вкупно земените материјали, 84 се земени...

Денеска започнува фестивалот за народна култура „Пображење“ Вевчани

Денеска во Вевчани започнува 10-тиот по ред Фестивал на народна култура „Пображење” во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол” од Вевчани. Оваа година поради пандемијата со корона вирусот, програмата е редуцирана и прилагодена во согласност на новонастанатата ситуација и ќе се реализира под строги мерки и протоколи пропишани од министерството за здравство. Фестивалот ќе започне вечерва во 19:30 часот со...

Карневалот во Вевчани со маски за загадувањето и за трошоците на пратениците

Во Вевчани со карневалската поворка која тргна во 14 часот денеска почна традиционалниот карневал кој датира 1.400 години наназад. Одбележувањето ќе заврши утре со спалувањето на маските и честитки за Стара нова година. Општествено политичките случувања кај нас и во светот и годинава беа инспирација за василичарите да имаат креативни и критички маски во дефилето. Колоритните маски продефилираа низ Горна...

Вечерва е Стара нова година, во Вевчани почнува карневалот

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат МПЦ-ОА, СПЦ и РПЦ, вечерва се дочекува Новата година, кај народот позната како Стара нова година. Првиот ден на новата година е познат како Василица, кога многумина празнуваат домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, слично како и за време на...

Груевски: Мигранти ќе се сместуваат долж јужната граница и ќе чекаат државјанства

Додека бевме на власт, од нас беше побарано да примиме 150.000 мигранти и да им дадеме државјанства. Ние не се согласивме на тоа, но некој друг се согласи и затоа ја направија Стратегијата за бегалци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Вевчани. Тој рече дека затоа во 20 општини граѓаните барале да се одржи референдум за мигрантите,...

Големиот пожар над Вевчани e локализиран

Големиот пожар кој вчера напладне изби над Вевчани, на планината Јабланица е локализиран, пред сè, со масовното учество, организираноста и пожртвуваноста на самото население. Огнената стихија беше токму над познатите Вевчанските извори, кои за оваа општина значат живот и тамошните жители повеќепати се бореле за нив. Опожарени се околу 20 хектари борова и букова шума. Вевчанци се сомневаат дека некој намерно...

Денеска на Вевчанскиот карневал, главната атракција – дефиле на маските

На Вевчанскиот карневал денеска главната атракција е дефилето на маските, или суратите, како што се нарекуваат на локалниот дијалект. Од повеќе маала ќе тргнат поворките со повеќе од илјада василичари, кои ќе се спојат на плоштадот пред зградата на Општина Вевчани. Никој однапред не открива со какви маски, односно пораки, ќе излезат вевчанци годинава. Тоа се смета за најстрога тајна во милениумската традиција,...

Денеска почнува „Вевчанскиот карневал“

Годинешниот „Вевчански карневал“ почнува денеска со културни настани предвидени за оваа манифестација. Програмата денеска е во знакот на одбележувањето на верскиот празник Свети Василиј Велики, заштитник на вевчанските василичари и на Вевчани, додека формалниот почеток на карневалот е в четврток. Денеска, со почеток во 17 часот, во Клубот на пензионери во Вевчани ќе се одржи трибина на тема „Перспективите на руралниот туризам во Република...

Го украле сефот од поштата во Вевчани и го оставиле на улица

Ноќта помеѓу 5 и 6 јануари се случил обид за кражба во локалната пошта во Вевчани. Крадците ја скршиле решетката и ја обиле влезната врата, по што го одзеле сефот, во кој, неофицијално, имало околу 70.000 денари. Инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ, но, за среќа, крадците не успеале во намерата затоа што ги слушнал соседот, по што во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...