fbpx
Таг: весници

таг: весници

Државата со закон ќе покрива дел од трошоците за печатење и дистрибуција на весниците

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми и го испрати на усвојување до Собранието. Меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршката на националните весници. Владата и досега ги поддржуваше печатените медиуми преку донесување Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми, но, со предлог законот...

Не е точно дека само „Гардијан“ го објавил интервјуто на Путин со Карлсон на својата насловна страница

Објавата неточно тврди дека „’Гардијан’ со седиште во САД бил единствениот голем весник што го објавил интервјуто на својата насловна страница“. Најпрвин, Гардијан е британски весник, не е од САД. Исто така, на насловните страници на весниците во САД имаше вести поврзани со интервјуто на рускиот претседател со Карлсон, а за него известија и други големи британски весници, пишува...

Медиумите мета на странски влијанија, политички пресметки и бизнис интереси

Галиматијас од сопственици, од бизнис и партиски центри, сето тоа е плодна почва за странски влијанија врз медиумите но и за нагласен степен на мешање и притисоци врз слободата на новинарството и новинарските професионални стандарди, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пишува: Александар Божиновски Во Македонија ретки се медиумите кои егзистираат само од довербата и популарноста на...

Евростат: 72 отсто од македонските граѓани се информираат од онлајн медиуми

Мнозински 72 отсто од македонските граѓани на возраст меѓу 16 и 74 години во 2021 година го користеле интернетот за читање на онлајн медиуми или за информирање преку електронските верзии на весниците, покажуваат податоците на Евростат. Ова е идентичен процент со просекот на земјите-членки на ЕУ. Притоа, најголеми корисници на онлајн медиумите во Европа имало во Финска - 93 отсто,...

ЗНМ со осуда за непримерниот однос на ИДКНА кон весникот „Коха“

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осудува начинот на јавна комуникација и обвинувањата упатени кон весникот „Коха“ од страна на Институтот за Духовно и Културно Наследство на Албанците (ИДКНА). Овој институт на својата веб страна и на профилите на социјалните мрежи има објавен текст насловен како „Застрашувачки е антисемитскиот јазик на весникот КОХА!“, во кој ги обвинува новинарите и...

Вук Велебит: Српскиот печат е попристрасен и од рускиот „Спутњик“

Во Србија секојдневно се сервираат манипулации и дезинформации од страна на прорежимските телевизии. Голем проблем е и отсуството на информирање и намерата на власта преку своите телевизии да манипулира со јавното мнение и да ги дискредитира политичките противници. Вук Велебит е автор и истражувач што се занимава со руската пропаганда во дневниот печат во Србија. Истражувал на кој начин се...

СЈО го презема затворањето на весниците на МПМ

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) комплетно ја презема надлежноста за случајот со затворањето на весниците на МПМ од скопското обвинителство, јави ТВ 24. Се истражуваат наводи од една од „бомбите“, односно  злоупотреба на функциите на тогашните први луѓе Срѓан Керим и Јана Станисављева. Се прават проверки за евентуален економски криминал, по поднесена кривична пријава од ССНМ. Се проверуваат финансиските  исплати во време...

Што препорачува Прибе за медиумите: Ослободување од ДДВ, намалени даноци…

Констатирајќи дека состојбата на медиумите во Македонија е поприлично лоша, вториот извештај на Рајнхард Прибе објавен вчера, дава низа препораки за подобрување на медиумската сфера. „Спроведувањето на сите препораки, вклучувајќи ги и главните препораки од 2015 година, е неопходно за справување со системските проблеми на медиумите“, се вели во извештајот. Владата мора да стори сè за сите медиумски реформи да се вклопат...

ЗНМ и Манчевски разговараа за можното субвенционирање на весниците

Здружението на новинарите на Македонија заедно со претставници на печатените медиуми, денеска со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, разговараа за можноста за субвенционирање на печатените медиуми во Македонија. Темата беше иницирана од ЗНМ за да се помогне на весниците да се прилагодат на новите услови за работење на пазарот, особено по појавата на интернетот и на социјалните...

ССНМ: Политиката и менаџментот се виновни за згаснувањето на „Дневник“ и на МПМ

Згаснувањето на еден од првите независни весници во Македонија е уште еден клинец во ковчегот со кој цела деценија се погребува новинарството во земјава, стои во реакцијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за затворањето на дневниот весник „Дневник“. Од синдикатот, потсетувајќи дека „Дневник“ престана да излегува само месец и половина откако истата судбина ја доживеаја „Вест“...

Новинарите со протестен собир ги најавија последните броеви на „Вест“ и на „Утрински“

Новинарите на „Утрински весник“ и на „Вест“ се собраа на паркиралиштето на трговскиот центар „Зебра“ каде што преку мирен протестен собир го одбележаа згаснувањето на двата дневни весници, кои 18 години излегуваа и ја обележаа медиумската сцена. Овие два дневни весници, за последен пат во печатено издание ќе излезат утре, 29 април. Новинарите добија поддршка од Самостојниот синдикат на новинари и...

ЗНМ: Менаџментот на МПМ, наместо да ја реши кризата, се пресметува со новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази загриженост поради опасноста „Медиа принт Македонија“ (МПМ), која поседува четири весници, еден магазин и еден интернет-портал, да оди под стечај. ОД ЗНМ велат дека намерата на сопствениците и на менаџерите на МПМ не е да ја решат кризата во компанијата, туку полека да ги згаснат весниците преку постојано отпуштање на новинарите, што,...

Поддршка за новинарите во МПМ од синдикатите на Црна Гора, Хрватска и на Србија

Синдикатите на новинари на Црна Гора, Хрватска и на Србија изразија целосна солидарност и поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и на новинарите на „Утрински весник“, „Дневник“ и на „Вест“, трите дневни весници на фирмата „Медиа принт Македонија“, кои штрајкуваат од 17 февруари годинава поради неисплатени плати, придонеси и хонорари, како и поради избегнувањето на управата...

Петти ден штрајк на новинарите во МПМ

Со симболично делење на јубилејниот петилјадити број на весникот „Вест“ од страна на штрајкувачкиот одбор на „Вест“, „Утрински весник“ и на „Дневник“, денеска се одбележа петтиот ден од штрајкот на новинарите и на медиумските работници во редакциите на „Медиа принт Македонија“. Од Самостојниот синдикат на новинари велат дека прекинот на работата заради неисполнетите барања за плата и за хонорари продолжува,...

СЈО истражува во МПМ

Тим на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска влегол во „Медиа принт Македонија“ (МПМ) дознава „Призма“. Целта на СЈО била да истражуваат дел од финансиското работење на оваа издавачка куќа, која под своја капа ги има весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, магазинот „Теа“ и интернет порталот „Телеграф“. Сопственик на МПМ остана само поранешниот шеф на макдонската дипломатија и претседател...

Новинарите на МПМ почнуваат со штрајк на неопределено време

Новинарите и другите медиумски работници на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), денеска, на Денот на македонското новинарство (17 февруари), ќе стапат во штрајк на неопределено време. Штрајкот е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ), а одлуката неодамна ја донесоа синдикалните групи во дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“. - Ваквиот непосакуван начин на борба за...

Српските весници престанаа да се дистрибуираат во Македонија, оти МПМ им должи

Дневните весници од Србија од завчера не се дистрибуираат во Македонија поради долг на „Медија принт Македонија“ (МПМ) кон српскиот дистрибутер „Беоколп“, јавуваат српските медиуми. Комерцијалниот директор на „Беоколп“, Драшко Ѓуриќ, за Унијата на новинари на Србија (УНС) изјави дека МПМ повторно не исплатила пари за дистрибуција. - МПМ на „Беоколп“ не му исплатил три заостанати рати. Никогаш не је запираме дистрибуцијата...

„Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ со намален тираж поради недостиг од хартија, МПМ негира

Дневните весници што ги издава „Медиа принт Македонија“ (МПМ), „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, во петокот и во викенд-изданијата излегоа во многу намален тираж и без редвните прилози, наводно, поради недостиг од печатарска хартија. Оваа состојба, која се гледа и на проджните места, каде и вчера и денеска тешко се наоѓаат примероци од трите весници, била констатирана и на вчерашниот состанок на...

Со продажбата на „Слободен печат“ мнозинството македонски медиуми добија српски газди

Српската компанија „Адриа медиа груп“ објави дека го откупила контролниот удел во весникот „Слободен печат“. Преку оваа зделка белградската групација стана доминантен сопственик во новата издавачка компанија „Адриа медиа Балкан“, која од денеска го издава весникот „Слободен печат“ кој е критички медиум кон политиките што ги практикува сегашната власт. Со тоа српските компании, кои во огромен процент се застапени во медиумскиот простор...

Унгарија смета дека слободата на медиумите во таа земја не е загрозена

Министерството за надворешни работи нa Унгарија денеска соопшти дека загриженоста на Соединетите Американски Држави (САД) поради слободата на унгарските медиуми е неоснована, јавуваат светските медиуми. Според портпаролот на унгарското министерство за надворешни работи, Тамаш Менцер, унгарските медиуми изнесуваат низа различни ставови и притоа нивната слобода не е загрозена. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер, изјави вчера дека САД будно го...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...