fbpx
Таг: Весел Мемеди

таг: Весел Мемеди

НДП на Весел Мемеди се закани со излегување од власта ако биде разрешен Фазлиу

Претседателот на НДП, Весел Мемеди, кој е потпретседател на Собранието, денеска на прес-конференција објави дека ако биде разрешен министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, неговата партија ќе се повлече од власта. Мемеди рече дека ќе поднесе оставка и за пратеничкото место и на функцијата потпретседател на Собранието, а неотповикливи оставки ќе поднесат и кадрите на НДП на директорски места...

Алијанса за Албанците и БЕСА на Касами ќе поднесат амандмани за Албанците

Алијанса за Албанците (АА) и крилото на БЕСА предводено од Биљал Касами ќе поднесат амандмани за албанскиот јазик и за преамбулата, во текот на расправата за уставните измени кои се прават поради исполнување на обврските од Преспанскиот договор, јави „Порталб“. ДУИ, крилото на БЕСА предводено од Африм Гаши, НДП и ДПА сметаат дека сега не е време за поднесување амандмани,...

Собранието ги избра Мисовски, Ременски и Мемеди за потпретседатели

Пратениците во Собранието на денешната седница избраа тројца потпретседатели - Горан Мисовски, Фросина Ташевска Ременски, Весел Мемеди. Ниту еден од пратениците во Собранието не се пријави на отворената расправа за предлозите за потпретседатели. За Мисоски, Ташевска Ременски и Мемеди гласаа 61 пратеник, а еден беше воздржан. Новите потпретседатели по изборот дадоа свечена изјава, а пратениците ги поздравија со аплауз.

Мемеди очекува откривање на вистината за настаните во Собранието на 27 април

Претседателот на Национална демократска преродба (НДП), Весел Мемеди, во соопштение до јавноста вели дека не е вклучен во ниту една притивзаконска активност за настаните во Собранието на 27 април, откако некои медиуми објавија дека полицијата извршила претрес во неговиот дом, при што му бил одземен мобилниот телефон, поради сомнеж за негова вклученост во настаните од 27 април во Собранието. „Во оваа...

Мемеди: Имплементацијата на точките од декларацијата оди добро

Донесување на законот за албански јазик, имплементација на точките од декларацијата на Албанците, разговорите што Македонија ги има со Грција, најавениот договор за добрососедство со Бугарија, биле темите на кои денеска било разговарано на средбата на албанските политички партии во Собранието. Иницијаторот на средбата за разгледување на точките од декларацијата помеѓу албанските партии, Весел Мемеди од НДП, денеска порача дека...

Хојт Ји денеска на средби со претставници на албанските политички партии

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, денеска пристигна во Скопје каде што веќе одржа средби со лидерите на албанските политички партии. Ји во резиденцијата на заменик-амбасадорот на американската амбасада, која се наоѓа во скопската населба Бардовци, прво се сретна Весел Мемеди од Алијансата за Албанците, потоа средба имаше со Билал Касами од...

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата цел ден си реплицираа и си контрареплицираа

Денешното 19. продолжение на конститутивната седница на Собранието, како и претходните, помина со реплики и со контрареплики на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните коалициски партнери 0д Социјалистичка партија и од ГРОМ. Тие ги предупредија пратениците од СДСМ дека не смеат да молчат, туку да се вклучат во дискусијата, порачувајќи притоа дека СДСМ е „уценета партија поради амбициите на нејзиниот лидер...

Весел Мемеди обвинува дека сакале да го сменат со фалсификувани потписи

Претседателот на НДП, Весел Мемеди, денеска на прес-конференција обвини дека по иницијатива на поранешниот претседател на неговата партија, Руфи Османи, неколку члена од централното претседателство фалсификувале потписи кои потоа ги искористиле за иницирање петиција за негова смена. - Оваа група од четири-пет луѓе манипулираа со потписите на собранието на нашата партија, за разрешување на претседателот на партијата. Тоа се фалификувани потписи. Оваа...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...