fbpx
Таг: Венко Филипче

таг: Венко Филипче

Филипче: Ситуацијата е мирна, неделава ќе се вакцинираат сите пријавени граѓани

Бојот на прегледи во амбулантите е намален и повеќе денови по ред нема притисок. Нема наплив на пациенти ниту во амбулантите што ни кажува дека ситуацијата со ковид е прилично мирна, рече утрово министерот Венко Филипче во емисијата Утрински брифинг. Тој кажа дека анализите на позитивните тестови засега не покажале дека кај нас е присутен индискиот сој на вирусот. -...

Хрватска донираше 10.000 вакцини од „АстраЗенека“, а одлучи да донира уште 20.000

Во нашата држава пристигнаа 10.000 вакцини на „АстраЗенека“ кои во текот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови ширум земјата, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата со хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман. Дополнително, истакна Филипче, хрватската Влада на седница одлучила да донира уште 20.000 вакцини кои би биле или од производителот „АстраЗенека“...

Хрватска ќе ни донира 10.000 вакцини „АстраЗенека“, а другата недела се очекуваат и 10.000 „Спутник V“

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „АстраЗенека“, донација од Хрватска, а во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини „Спутник V“од Русија. Филипче додаде дека имунизацијата кај нас почнала да се одвива теренски, но и во спортските сали и здравствените домови. Во однос на дистрибуцијата на вакцините „Синовак“, министерот...

На средината од јули ќе започне теренската вакцинација, најави Филипче

На денешната трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ на која учествуваа министерот за здравство Венко Филипче, претседателката на Националниот комитетот за имунизација Александра Грозданова, Драган Даниловски епидемиолог, Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, се дискутираше за сите аспекти на вирусот ковид-19 и за процесот на имунизација. Главната цел на оваа трибина, како што кажа министерот...

Вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од СЗО, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук-профил објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација (СЗО). „Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно...

САД донираше нова лабораторија за микробиологија на Институтот за јавно здравје

Министерот за здравство Венко Филипче, амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, и директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети денеска го означија почетокот на работа на лабораторијата за микробиологија, во рамки на Институтот за јавно здравје. Тие направија обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и во микробиолошките лаборатории во Институтот, чија реализација и реконструкција...

Сите пријавени ќе бидат вакцинирани до 15 јули, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека сите пријавени граѓани на vakcinacija.mk ќе бидат вакцинирани до 15 јули. Тој додаде дека списокот на пријавени за вакцинација е ревидиран и останати се околу 140.000 граѓани од сите возрасти кои ќе добијат термин за вакцинирање во следните две недели. Денеска се очекуваат 100.000 вакцини од „Фајзер“ кои ќе бидат распределени во големите...

Утре ќе пристигнат 100.000 вакцини „Фајзер“, а во недела 500.000 „Синовак“, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека 500.000 вакцини на „Синовак“ ќе пристигнат во недела, со по 250.000 дози во два авиони. Утре пак, се очекуваат 100.000 дози од „Фајзер“, преку Ковакс-механизмот. Вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина, и откако ќе се добие дозвола за пуштање на сериите во промет од Агенцијата...

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември оваа година сите медицински сестри и техничари кои што завршиле високо медицинско школо или специјализација со добиени 180 односно 240 кредитни поени, ќе добијат соодветен надоместок за своето образование. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче по денешниот работен состанок со директорите на ФЗО Стево Крстевски и Фатон Ахмети, Претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и...

Филипче: Во септември учениците може да се вратат во клупите, при крај се протоколите за работа на училиштата

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се речиси готови протоколите за враќање на сите ученици во училиштата во новата учебна година што започнува во септември. Тој денеска оцени дека ако ситуацијата со ковид-19 во септември биде како сега, учениците треба да се вратат во училиштата. „Скоро се готови протоколите за работа на училиштата од септември. Има уште некои технички...

Колективен имунитет би постигнале кон крајот на летото, оценува Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче очекува колективен имунитет да постигнеме до крајот на летото. Тој вели дека со пристигнувањето на поголемата количина на вакцини од 500.000 дози од „Синовак“, и 100.000 „Фајзер“ се очекува вакцинирање од 15.000 до 20.000 граѓани на ден. „Веќе е направен планот како ќе се одвива вакцинацијата дневно, согласно бројот на пријавени граѓани. Апелирам да се пријават,...

Состојбата е стабилна и нема да има дополнителни рестрикции поради индискиот сој на ковид-19, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека епидемиолошката состојба со корона вирусот кај нас е стабилна, а тоа го потврдуваат малиот број на новодијагностицирани случаи, малиот број на пациенти кои се јавуваат во болница за прием и малиот број на прегледи. Во однос на ризикот од новиот индиски сој, во следниот период не планираат никаква рестрикција, ниту дополнителни мерки поради...

Денеска пристигнаа 20.000 дози „АстраЗенека“, донација од Грција

На скопскиот аеродром денеска пристигнаа 20.000 дози вакцини против ковид-19, донација од Грција. Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев ги пречекаа пратките со вакцината „АстраЗенека“. На својата фејсбук страна министерот Филипче изрази благодарност до грчката влада. „Денеска од нашите пријатели од владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини „АстраЗенека“. Оваа поддршка од грчката влада,...

Пристигна 30.000 кинески вакцини „Синовак“, донација од Турција

Министерот за здравство информираше дека денеска пристигаа 30.000 кинески вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција. „Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сè, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата,“...

Филипче: Ревакцинацијата на македонските граѓани во Србија најверојатно ќе биде во Ниш и во Врање

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово со слушнал со српскиот министер за здравство Златибор Лончар со кој договориле да се организира ревакцинирање на македонските граѓани некаде поблиску, односно Ниш или Врање. Најголем дел од граѓаните, треба да се ревакцинираат од 17 до 20 јуни, но детали каде ќе биде нивното ревакцинирање ќе бидат соопштени следните денови. Според Филипче,...

Околу 180.000 граѓани чекаат да примат прва доза вакцина, ќе се покријат со „Фајзер“, „Синовак“ и „Астра Зенека“

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека околу 180.000 македонски граѓани во моментов се наоѓаат на список и чекаат за да примат прва доза вакцина против ковид-19. На новинарското прашање дека нема доволно вакцини за аплицирање на прва доза за пријавените граѓани, тој рече дека веќе ги уфрлиле во системот 10.000-те вакцини од „Фајзер/Бионтек“ коишто пристигнаа...

Нема точен датум кога ќе пристигнат вакцините „Спутник“ и „Синовак“, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека за вакцините „Спутник“ и „Синовак“ нема точен датум кога ќе пристигнат во државата. Тој вчера имал разговор со рускиот амбасадор кој требал да искомуницира со Институтот од Москва и да даде повратна информација во однос на испораката на вакцините. Вакцините „Синовак“, како што додаде Филипче, треба да пристигнат првите десет дена од јуни....

Темпото на вакцинација забавено, има доволно дози за ревакцинација, но само 10.000 први дози

Забавено се одвива темпото на вакцинација неделава, бидејќи има сосема доволен број вакцини за ревакцинација, но мал е бројот на вакцини кои како прва доза би им се дале на заинтересираните граѓани. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во земјава има околу 230.000 вакцини наменети за ревакцинација на оние лица кои веќе примиле прва доза, додека под...

Филипче: Бидете амбасадори на имунизацијата

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во видео обраќање до граѓани порача дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот - вакцината. „Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата“, порача тој. Министерот вели дека вакцинацијата е единствениот...

Филипче: Граѓаните кои се вакцинираа во други земји ќе добијат дигитален сертификат во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни дека македонските граѓани кои се вакцинирале против ковид-19 во други земји ќе можат да добијат дигитален сертификат за извршена вакцинација во земјава. Тој појасни дека потврдите за вакцинација имаат QR кодови, кои ќе бидат составен дел на апликацијата за мобилни телефони. „Сѐ што треба граѓаните да направат е да се скенира QR кодот...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...