fbpx
Таг: Венко Филипче

таг: Венко Филипче

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува еден човек кој во тој период бил министер за здравство. Дополнително, вакцинацијата против ковид-19 во Македонија не е задолжителна и никогаш не била услов за некој да оди на работа....

Немало план да се набават ковид вакцини од „диви фармацевтски компании“

Во објавата се изнесуваат невистини, меѓу кои и таа дека има обвинети за случајот Онкологија. Во овој предмет што е во фаза на истрага, нема обвинети, туку има петмина осомничени, меѓу кои не е ексминистерот за здравство Венко Филипче. Исто така, немало план вакцините да се набават од „диви фармацевтски компании“, туку се набавени преку повеќе механизми, меѓу кои...

Венко Филипче злоупотребен за промоција на суплемент преку фабрикувано интервју

Текстот што се пласира на Фејсбук е лажно интервју на извесен новинар Кристи Лиивовгејт со ексминистерот за здравство Венко Филипче. Во текстот, Филипче наводно промовира производ, Cardione, кој корисниците на социјалните мрежи се наведуваат да го купат, бидејќи наводно ќе им ги прочистел крвните садови. Филипче за Вистиномер демантираше дека воопшто дал такво интервју и дека промовирал производ кој...

Не е точно дека Заев и Филипче се новите сопственици на болницата „Ре-Медика“

Во сопственичката структура на приватната болница засега не се извршени никакви промени. Ова не значи дека можеби во иднина нема да се случат, но информацијата дека од 1 септември годинава сопственици на „Ре-Медика“ се поранешниот премиер Зоран Заев и ексминитерот за здравство Венко Филипче, не соодветствува со фактите. Според податоците од Централниот регистар, сопственик на општата болница „Ре-Медика“ е...

Филипче: Заминувам од позицијата министер горд на сработеното

Ми беше чест и задоволство да ви служам во изминатите 4 години. Заедно поминавме многу во историски најтешкиот период за македонското здравство. Поддршката која ја добивавме јас и моите колеги ни даваше сила да продолжиме напред и да ја водиме битка со пандемијата, рече екс-министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање до јавноста. Тој се заблагодари на оние што го...

Филипче му се заблагодари на Заев за поддршката во здравството

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на премиерот во заминување Зоран Заев, му подари слика во знак на благодарност. Сликата му беше врачена во Националната опера и балет, а беше во рамки на церемонијата за доделување на благодарници за здравствените работници од ковид-центрите. „Дозволете да ви врачам подарок за долго сеќавање. Сакам да се заблагодарам на поддршката што ја дадовте...

Филипче: Не може за секој нов сој да има нови рестрикции, ситуацијата е мирна

Поради омикрон или кој и да е нов сој на коронавирусот, не може да се воведуваат дополнителни рестрикции ако ситуацијата не се влошува, рече денеска министерот за здравство во заминување Венко Филипче. Тој кажа дека нема потреба од нови мерки и дека мора да научиме да живееме со вирусот. „Ниту сојот омикрон ниту поради кој било друг што евентуално би...

Филипче: Не гледам потреба од заострување на мерките против ковид-19

Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа дека такви собири на јавни места има насекаде, изјави денеска министерот здравство во заминување, Венко Филипче при посетата на Клиниката за ортопедија. Според него, кулминација ќе се достигне за време на новогодишните празници и после сето тоа ќе спласне. „Не гледам зошто специфично и само за...

Порталб: Договорите за работа на патронажните сестри ќе бидат продолжени

Договорите за работа на патронажните сестри од земјава ќе бидат продолжени, а во текот на наредната година ќе има огласи за трајно вработување, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со медицинските сестри, пишува Порталб.мк. Патронажни сестри, чии договори истекуваат на крајот на овој месец, поради што стравуваа дека ќе останат без работа, минатата недела во знак на...

Заврши гасификацијата на Општата болница во Куманово

Проектот за гасификација на Општата болница во Куманово е завршен, со што оваа здравствена установа целосно ќе се загрева на природен гас, најави министерот за здравство Венко Филипче на својата Фејсбук страница. „За неполни две години оваа е втора гасификација на јавна здравствена установа. Во септември лани ја завршивме гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во...

Филипче: Hема како да се казнат административците кои не се вакцинираат, засега мерката не важи

Задолжителна вакцинација за здравствените работници и за јавната администрација, е нешто што засега нема да се спроведува, стигнавме до констатација дека тоа отвора сериозни прашања во однос на тоа како би се казнило тоа што некој не би се вакцинирал, рече во изјава за медиумите министерот за здравство Венко Филипче. „Затоа ќе видиме сега каков ќе биде опфатот со вакцинација...

Филипче: Нема потреба од затворање граници и карантин заради Омикрон

Стабилна е епидемиолошката ситуација во земјава, минатата недела имавме 5 отсто помалку нови случаи во однос на неделата претходно. Во болниците има слободни кревети, вклучително и на Инфективната клиника, информира министерот за здравство Венко Филипче по состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести. Тој рече дека во ситуација кога и покрај тоа што е релаксирано во болниците, сепак,...

Филипче: Двајцата пациенти од Бугарија префрлени на Клиниката за пластична хирургија

Пациентката на 17 годишна возраст и пациентот на 49 годишна возраст, кои беа повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма" во Бугарија, претпладнево се префрлени на лекување во клиничкиот центар „Мајка Тереза" во Скопје, информира Министерството за здравство. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, ги пречека пациентите и во изјава за медиумите истакна дека двајцата се стабилни,...

Филипче: Повредените во несреќата во Бугарија се во стабилна здравствена состојба

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека сите седум повредени кои по сообраќајната несреќа се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија се во стабилна здравствена состојба и никој не е животно загрозен. „Ги посетивме пациентите. Станува збор за полесни повреди, санирани од нашите колеги за што сакам да изразам благодарност. Се договоривме да бидеме во контакт овие денови за по...

Граѓаните имаат избор меѓу бесплатна вакцина или правење ПЦР тест на сопствен трошок, вели Филипче

Мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, како советодавно тело на министерот за здравство, се целосно издржани. Целта е да се одржи релативно стабилната епидемиолошка состојба и да се зголеми интересот за вакцинацијата, истакна министерот д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата 360 степени, информираат од Министерството за здравство. „Во моментов на некој начин ние сме еден изолиран...

На работа во јавен сектор само со негативен ПЦР или со потврда за примена една доза вакцина

Сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место ќе мора да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или пак, да имаат негативен ПЦР тест направен на соствен трошок. Ако тоа го немаат, ќе треба да прикажат потврда дека прележале ковид во последните 45 дена или пак, да...

Филипче: За прв пат во нашата земја ќе се набават сензори за мерење гликемија

За прв пат во нашата земја ќе се набават сензори за мерење гликемија. Наместо вообичаените боцкања, сега се ставаат сензори на надлактицата и тaка се мери гликемијата со електронски уред или со мобилен телефон. Тоа е последен крик на технологијата, нешто што значајно го зголемува квалитетот на живот на децата. Со овие сензори нема да имаат трауми, нема да...

Филипче: Расте бројот на ковид-случаи, вакцинацијата стагнира

Бележиме зголемување на бројот на нови ковид-случаи, почнувајќи од пред две недели. Процентот на новите случаи минатата недела во однос на претходната недела се зголемува, и тоа за 25 отсто. Расте и Р0 (ер нула) факторот на преносливост, што е индикатор дека сега ќе има промена на стабилната епидемиолошка ситуација која ја имавме долг период. Ова го истакна на...

Филипче: Започна набавката на безболни сензори за дијабетес

Два дена по објавата на интервјуто на Мета.мк со 16 годишната Миа Чичкариќ која боледува од јувенилен дијабетес тип 1, министерот за здравство Венко Филипче најави набавка на безболни сензори. Токму тоа Миа го побара во даденото интервју велејќи дека нејзина најголема желба е сите деца да добијат сензори за мерење на гликемијата за да не ги болат прстињата...

Филипче: Со скринингот на учениците може да се откријат асимптоматски случаи на ковид

Моделот за скринингот е готов, задоцнивме една недела. Подолго траеше анализата на бројот на ученици во основно и во средно образование, па од утре ќе почнеме да бараме писмена согласност од родителите, а во текот на следната недела ќе го спроведеме скринингот. Целта е да видиме дали ќе откриеме асимптоматски деца и потоа ќе одлучуваме, изјави пред малку министерот...

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...