fbpx
Таг: велосипедизам

таг: велосипедизам

Слабо возиме точак и пешачиме, иако апликации нудат поволности за поминати километри [инфографик]

Македонските граѓани не се премногу заинтересирани за користење на велосипедот како превозно средство, но постои апликација која може да го промени ваквиот став не само за велосипедскиот превоз, туку и за пешачењето. Апликацијата Челинџер (Challenger) веќе трета година активно им нуди на македонските граѓани можност да стекнуваат поволности и да штедат емисии на стакленички гасови во своето секојдневие, а...

Утре започнува „Вело Струмица“, меѓународниот фестивал за љубителите на велосипедизмот

По повод Светскиот ден на велосипедот, 3 јуни, оваа година по втор пат ќе се одржи Меѓународниот фестивал за љубителите на велосипедизмот, „Вело Струмица“. Фестивалот ќе се започне утре, на 1 јуни, а ќе трае до 3 јуни. Во рамки на фестивалската програма, покрај серијата активности посветени на сообраќајната и велосипедската култура како начин на живеење, официјално ќе биде пуштено...

Во ек на енергетската криза, Струга ги повикува младите да возат велосипеди [фото]

Во време кога Северна Македонија се соочува со енергетската криза, младите во Струга се активираа за промоција на еколошки решенија за намалување на енергетската зависност. Тие вчера беа дел од акција за подигање на свеста која ги мотивира младите што повеќе да го употребуваат велосипедот како еден идеален начин кон еколошка иднина. Оваа акција исто така имаше и информативна цел...

Љубљана за Форбс е најзелениот европски град, 70 отсто од отпадот се селектира и има бесплатни велосипеди

Списанието Форбс направи рангирање на 20-те европски градови кои се најдобри зелени престолнини за 2022 година. Како и во изминатиов период, словенечкиот главен град Љубљана се наоѓа на врвот од оваа европска листа, поради серија на позитивни зафати кои придонесуваат за зачувување на животната средина. Иако е еден од најмалите европски престолнини, Љубљана има над 200 километри велосипедски патеки, кои...

Пуштена втората велопатека на Водно

Љубителите на велосипедизмот на планина од вчера може да уживаат во втората велопатека која е пуштена на Водно. Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка 3 метри со специјално изработени безбедни свиоци и рампи. На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки што ја прави многу безбедна, соопшти Град Скопје. „Патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“....

Младите од шест општини избраа зелени проекти кои ги бараат од идните градоначалници

Младите лица од општините Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Куманово и Прилеп им доставија конкретни зелени проекти на кандидатите и кандидатките за идни градоначалници на овие локални самоуправи. Преку проектот „Младински Дигитален Еко-активизам за Зелени Општини“, еколошкото здружение „Гоу Грин“ успеа да ги вклучи младите да дадат свои идеи и предлози за идниот развој на општините, но и да...

Шеста епизода на „Шорткат“, во фокус темата за условите за возење велосипед низ Скопје

Емисијата за млади „Шорткат“ и овој четврток ги издвојува најважните вести и настани од изминатата недела. Во најновата епизода известуваме за почетокот на новата академска година, која, исто како и минатата, започна во пандемиски услови. Ги потсетуваме студентите да аплицираат за субвенциониран оброк и за државни стипендии. И покрај ветувањата на властите дека годинава ќе се забрани увозот на користени возила...

Утре од 18 до 23 часот изменет сообраќаен режим во строгиот центар на Скопје поради „Вело Фиеста“

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 19.09.2021 (недела), во временскиот период од 18.00 до 23.00 часот, поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ во организација на Град Скопје, на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај...

Вело трка во Битола на 29 август

Невладината организација „Догма“ од Битола организира велосипедска трка за младите над 14 години. Вело трката ќе се одржи на 29 август, а примарна цел е поттикнување на спортскиот дух на младите, како и унапредување на велосипедизмот во градот Битола,  кој, судејќи по велосипедистите низ улиците, е во подем. Почетокот на настанот е предвидено да се случи на плоштадот Магнолија, каде...

Од први јули зелена агенда преку еколошка такса од 3,5 денари по литар за сите горива

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека од 1 јули годинава ќе се воведе еколошка такса со која за 3,5 денари ќе поскапат сите горива во земјава. Ќе поскапи нафтата, бензините, дизелот и сите останати нафтени деривати, при што олеснување за граѓаните ќе биде намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија од 18 на 5 отсто. „Согласно обврските што ги имаме кон...

Во Транспортен центар од денеска може да се паркираат велосипеди на неколку дена (галерија)

Отворен е велопаркингот во склоп на Транспортниот центар Скопје, реализиран според проектот „Велоштад“ на Михајло Стојановски и Теа Дамјановска, кој беше избран како најкреативен дизајн на велосипедски паркинг на јавниот повик кој го објави Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб. „Се надеваме дека Велопаркингот ќе ги поттикне граѓаните поактивно да користат велосипеди и ќе придонесе кон повеќе...

Денот без автомобили го одбележуваме симболично, стапката на моторизација незапирливо расте (инфографик)

Светскиот ден без автомобили, 22 Септември, и годинава со симболични настани се одбележува од страна на државните институции и општините низ земјава. Функционерите по правило токму денешниот ден го користат за фотографирање како се движат пешки до работа или како возат велосипеди. Сепак, официјалните статистички податоци покажуваат дека стапката на моторизација на населението во земјава незапирливо расте од година...

Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедска врска со Центар, активистите го бараат истото и за Чаир

Скопските населби Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедско поврзување со централното градско подрачје во рамките на тековната реконструкција на булеварот Александар Македонски. Градот Скопје за прв пат ќе врши експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека по овој булевар, преку која граѓаните од овие две населби ќе можат да патуваат со велосипед до центарот на Скопје. Станува...

И со и без корона вирус, исти се проблемите за возење велосипед во земјава (видео)

Прашањето за тоа колку велосипедите се важно превозно средство за граѓаните во земјава повторно се актуелизираше со пламнувањето на бројот на заболени лица од ковид-19. Брзото ширење на корона вирусот преку блиските контакти на граѓаните доведе до сериозни потешкотии во функционирањето на јавниот превоз во градовите, како и до зголемен интерес на граѓаните за користење на индивидуално превозно средство...

За 15 години двојно зголемен бројот на повредени велосипедисти во сообраќајни несреќи (инфографик)

Бројот на сообраќајни несреќи во кои учествуваат велосипедисти за период од една и пол деценија речиси двојно се зголемил. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2019 година во сообраќајни незгоди загинале тројца велосипедисти, додека 232 возачи и патници на велосипеди биле повредени. Ваквата бројка е помала во споредба со 2018 година, но значително поголема ако се...

Милано ќе реконструира улици за да овозможи повеќе простор за велосипедисти и пешаци

Северниот италијански град Милано и околниот регион Ломбардија кои беа особено погодени од пандемијата на корона вирусот, воедно се и меѓу најзагадените области во Европа. Како последица од справувањето со вирусот, Милано ќе го промени уличниот простор за автомобили, со цел да овозможи повеќе простор за велосипедизам и прошетки, пишува „Гардијан“. Градските власти веруваат дека со оваа мерка ќе го...

Малешевијата се промовира како атрактивна дестинација за планински велосипедизам

Планинарско-спортскиот клуб „Малешевска корија“ од Берово ги промовираше постигнатите резултати од под-проектот „Малешевска корија – планински велосипедизам дестинација“ како дел од туристичката дестинација Малешево и околината што беше поддржан во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“. Цели на под-проектот се да се подобри локалната туристичка понуда за планински велосипедизам, да се поттикнат здрави животни навики и активности за...

Општините Новаци и Алмопија ќе го развиваат туризмот со пари од ЕУ

Завршната конференција на проектот „Жива историја - живо наследство“ ќе биде организирана во општинската сала на Општина Новаци, утре во 12 часот. Проектот, кој чини 293.036 евра, е финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Целта на овој проект е да се зајакне соработката помеѓу општината Новаци и грчката општина Алмопија, за да...

Велосипедска тура по падините на Галичица

Третпат на падините на прекрасната Галичица се организира велоспидската тура „Тур де Галичица“. На годинешниот настан, кој е во организација на Велосипедското друштво „Преспа бајк“ од Ресен, потпомогнат од Општина Ресен и од СВГ (Меѓуминистерска работна група за рурален развој од земјите на Западен Балкан) се очекува учество да земат повеќе од 400 велосипедисти од земјата и од Република...

Се одржа традиционалната трка „Прв до врв“

Традиционалната трка „Прв до врв“ се одржа третпат на падините на Водно, како дел од кампањата за мај - месец на велосипедисти. На настанот зедоа учество повеќе од 2000 учесници, велосипедисти и планинари, кои се натпреваруваа во повеќе категории: машки и женски, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и пешачење. На врвот беа прогласени и победниците во овие категории. Настанот е во организација на Здружението за спорт...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...