fbpx
Таг: велосипеди

таг: велосипеди

Мета факт: Младите не добија посебна квота за субвенции за велосипеди во Општина Центар

Скопската општина Центар до денес нема воведено посебна квота за млади до 29 години во рамките на редовните повици за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети кои ги објавува за граѓаните на оваа општина секоја година. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во предизборната програма пред локалните избори во 2021 година вети субвенционирање на еколошки превоз за младите, но...

Полицајци на велосипеди во текот на летната сезона во Охрид

Од денеска СВР Охрид, во редовната полициска работа низ градот и туристичките населби во околината ја воведе велосипедската полициска патрола, информира МВР. Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучуваат во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други кривични дела и прекршоци, откривање...

Наместо електронско поднесување, Град Скопје бара нотарска изјава за субвенции за велосипеди

Изјава заверена на нотар бара Градот Скопје за лицата кои годинава аплицираат за да добијат субвенција за купување велосипед. Ова не било практика во последниве години, туку се воведува од годинава. Големи реакции за ова можат да се видат од скопјани на социјалните мрежи, каде граѓаните реагираат дека наместо да се воведуваат електронски апликации, се оди чекор наназад, па...

„Шорткат“: Хартиени, наместо електронски пријави за субвенции за велосипед во Скопје

Во време на дигитализација, кога услугите за граѓаните претежно треба да бидат достапни електронски, Градот Скопје бара документите за поднесување субвенција за велосипед да се поднесуваат во хартиена форма, во архивата, а дополнително, да одат на нотар да заверат изјава. Дали и колку е оправдано институциите да се враќаат назад во процесот, кога веќе постои можност за дигитална апликација,...

Утре започнува „Вело Струмица“, меѓународниот фестивал за љубителите на велосипедизмот

По повод Светскиот ден на велосипедот, 3 јуни, оваа година по втор пат ќе се одржи Меѓународниот фестивал за љубителите на велосипедизмот, „Вело Струмица“. Фестивалот ќе се започне утре, на 1 јуни, а ќе трае до 3 јуни. Во рамки на фестивалската програма, покрај серијата активности посветени на сообраќајната и велосипедската култура како начин на живеење, официјално ќе биде пуштено...

Мета факт: Ветениот систем за изнајмување велосипеди од Данела Арсовска чека евалуација

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во предизборната „Програма за модерно Скопје“ на граѓаните им вети воспоставување на систем за изнајмување велосипеди во главниот град. И покрај тоа што самата Арсовска во програмата наведува дека на Скопје итно му е потребна модернизација на системот за изнајмување велосипеди, реализацијата на ваквото ветување засега е во тек. Арсовска во „Програма за модерно Скопје“, со која...

Полицијата приведе крадец на велосипеди

Жител на кичевското село Зајас, С.Ј.(54), вчера бил уапсен од полицијата откако при преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 15 велосипеди, електричен велосипед и други предмети, кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби. Од МВР информираат дека вчера од полициските службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево...

Лажна наградна игра повторно ги мами корисниците на Фејсбук

Фејсбук страница, иако се претставува како продавница за велосипеди, нема ни локација, ни купувачи. Eдинствената оставена рецензија за неа, е дека станува збор за лажна страница со цел да се прибават вашите лични податоци. Страницата е креирана на 12 септември годинава. Станува збор за измамнички начин на прибирање на личните податоци на корисниците на социјалните мрежи со лажно...

Град Скопје ги објави повиците за субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети

Градот Скопје денеска ги објави јавните повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди и за електрични тротинети во 2022 година, информираат градските власти. „Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето преку стимулирање на граѓаните на...

Рекордни 66,8 отсто од домаќинствата во земјава лани пријавиле дека поседуваат автомобил [инфографик]

Заштита на животната средина преку борбата против климатските промени и загадувањето на воздухот во градовите во Македонија се спроведува, ама теоретски. Во пракса, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека како никогаш досега во минатото, бројот на македонски домаќинства кои поседуваат патнички автомобил лани се искачил на 66,8 отсто. Спроведеното истражување на статистичарите покажува дека бројката на домаќинства кои...

Општина Карпош ќе дава субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Од понеделник (21 март), Општина Карпош го отвора огласот за субвенционирање на една третина од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и една третина од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари. Право на аплицирање за субвенциите имаат сите полнолетни жители на општина Карпош, кои ќе купат нов велосипед...

Град Скопје сè уште нема систем за изнајмување велосипеди како алтернативен превоз

Во услови на рекорден број на регистрирани автомобили на скопските улици и константно намалување на бројот на превезени патници во јавниот превоз, во Скопје веќе четврта година по ред не функционира системот за изнајмување на велосипеди, со којшто раководеше ЈП „Градски паркинг“. Со некогашниот проект „Скопје изнајми велосипед“, на дел од паркинзите во главниот град се изнајмуваа јавните велосипеди со...

НаТочак и Зелен хуман град со предлози до Арсовска за градскиот буџет за 2022 година

Иницијативата НаТочак испрати писмо до скопската градоначалничка Данела Арсовска, градските советници и стручните служби во Град Скопје, со кои се потсетуваат на 11 предлози кои тие сметаат дека треба да бидат опфатени во градскиот буџет за 2022 година. НаТочак од Буџетот на Град Скопје за 2022 година бара 70 милиони денари за реконструкција на пешачката и велосипедската инфраструктура, а 30...

Промоција на самоводечка, велосипедска прошетка „Скриените музеи во Скопје“

Промоција на самоводечка, велосипедска прошетка „Скриените музеи во Скопје“ со аудио-напатствија за движење до повидливи културни локалитети во Скопје и околината, ќе се случи на 2 октомври (сабота), со почеток во 10 часот во организација на Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“. Промоцијата ќе се изврши на две различни рути, една во централното градско подрачје во должина од пет километри, а...

(ГАЛЕРИЈА) Пет велосипеди произведуваа струја за проекција на филм во Градски парк

Првото еко-кино на точак во Скопје се случи синоќа во Градски парк. Во организација на здружението за развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“, присутните имаа можност да го погледнат документарниот филм „Живот на нашата планета“ (A Life on Our Planet) на Дејвид Атенбороу. Наместо на традиционален начин, неговата проекција ја овозможија пет велосипеди кои произведуваа електрична енергија. Во...

Мобилна апликација нуди можност за натпревар на вработените кој повеќе зелени километри поминал

Македонската апликација Challenger веќе е достапна за корисниците од земјава, со која со секој километар поминат на велосипед или пешки се добиваат поени на апликацијата, кои можат да се заменат со попусти во локалните бизниси. Тимот на Challenger лансираше нов продукт Challenger@work, функционалност која е наменета за компаниите кои сакаат да ги мотивираат вработените да бидат општествено одговорни. Станува збор...

Европската недела на мобилност ја “пречекавме” со милион патници помалку во јавниот превоз

Активности за одбележување на Европската недела на мобилност деновиве се редат во Скопје, но заедно со нив и поразителните податоци за тоа колку навистина граѓаните ја практикуваат одржливата урбана мобилност во своите секојдневни патувања. Според последните податоци на ЈСП-Скопје, јавниот превоз во главниот град во првото полугодие од годинава успеал да превезе речиси милион патници помалку во споредба со периодот...

Првото Еко-кино на точак ќе се случи во вторник во Градски парк

Првото Еко-кино на точак ќе се случи во вторник на 21 септември со почеток во 18.30 часот на големиот тревник во Градски парк. На настанот ќе се промовира еко-иновацијата, систем кој генерира чиста електрична енергија од велосипеди.  Системот овозможува пет велосипеди да произведат еден киловат чиста електрична енергија за проекција на филмот „A life on our Planet by David Attenborough”. Настанот е во...

„Европската недела на мобилност“ почнува денеска, пораката е да користиме повеќе велосипед

Како и минатите години, кампањата „Европска недела на мобилност“ која се спроведува на иницијатива на Европската комисија започна денеска и ќе трае до 22 септември. Кампањата има за цел да промовира алтернативни форми на мобилност, како што се пешачењето и велосипедизмот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) нареднава недела ќе реализира низа активности за промоција и поддршка...

Османи ги промовираше електричните тротинети за МНР: Зелена дипломатија-новото нормално

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во Министерството за надворешни работи (МНР), како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. „Со овој симболчен гест, МНР работи започнува со промоција на проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“, кој ќе се одвива во неколку етапи. Нашата...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...